Па што е битно и така тоа време биле неписмени и во многу книги ќе најдеш различни датуми и сметања на времето.
И нормално дека ако си Христијанин ќе се навратиш на црковното сметање.нема да се правиш научник и ќе пресметуваш на прсти кога што било 2000 години после тоа.Туку ќе се навратиш на светото писмо и апостолите кој живееле со Господ Исус Христос и ја напишале вистината во своите книги.
Има голема разлика меѓу тоа да се навратиш на црковното сметање (или учење ако збориме генерално) и да се навратиш на Светото Писмо и на учењето на Исус и апостолите.
Црквата (било која, католичка, православна, протестантска) е збир на несовршени луѓе кои правеле грешки, прават грешки и ќе прават грешки. Некои грешки самата црква ги признала како грешки и ги поправила. А некои се уште ги повторува.
Затоа е најсигурно, најбезбедно и најбогоугодно да се навратиш на Светото Писмо, бидејќи таму е вистината - како што рекол и Исус обраќајќи се на Отецот во молитва: „Твоето Слово е вистината“ (
Исус, ев. Јован 17:17, Библијата)
--- надополнето: 15 април 2013 во 19:39 ---
А во Црквата се приоѓа со покајание, а не со Светото Писмо под мишка.
Е да простиш, но се приоѓа и со двете. Се приоѓа и со покајание и со Светото Писмо. Господ Исус Христос рекол:
„Освети ги (Оче) во Својата вистина,
Твоето Слово е вистината.“ (
Исус, ев Јован 17:17, Библијата)
„Вистина, вистина ви велам,
ако некој го запази Моето слово, нема да види смрт довека.”“ (
Исус, ев. Јован 8:51, Библијата)
Оттука гледаме дека според Исус Божјото Слово е вистина и дека ако некој сака да има вечен живот треба да се држи до Божјото Слово, а не до некои човечки преданија како што се држат православните цркви.
Исто така Исус рекол:
„Но доаѓа час - и веќе е тука - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух
и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух
и вистина.”“ (
Исус, ев. Јован 4:24, Библијата)
Оттука гледаме дека Бог сака да му се поклонуваме во вистина, а погоре видовме дека Божјото Слово е вистината. Долги векови католичката црква, а подоцна и православните цркви (со нивното појавување) го држела Светото Писмо настрана и недостапно од верниците. Свештениците сакале (и сакаат) луѓето да не ја знаат вистината, за да можат полесно да ги влечат за нос и да можат да си тераат бизнисот со верниците. Дури и по протестантската реформација, откако Библијата почна да се преведува на разбирливи и современи јазици, католичката и православните цркви се уште го учат народот дека Библијата не е за нив, дека таа е тешка книга која тие не можат да ја разберат и демек затоа е боље за нив попот да го слушаат, демек тоа што тој ќе им каже, тоа е вистината. А која вистина попот им ја проповеда?
Чедо, немој да купуваш од тие неправославни свеќи, оти грев е тоа. Ќе купуваш само од православните свеќи. Иако тие се 3 пати поскапи, сепак тие се осветени, тие се православни, само тие ги признава Бог. И други слични глупости кои што немаат допирна точка со Светото Писмо и со учењето на Исус и апостолите.