Нe e точно, госпот никогаш не беше скроз точен ни во предвидувања ни во пророкнувања ни во ветувања, голем број на негови ветувања не се исполнија голем дел се исполнија делумно а само мал дел ги погодил. Сепак не е само тој бог има и други богови и тука се измешани на земјата ветувања на мноштво на разни богови.
На пример госпот му ветил на Давид дека неговото царство и престол ќе бидат вечни и еднаш за секогаш, али само 2-3 века подоцна пропадна и давидовата лоза и престол и царство
13. Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш.
14. Јас ќе му бидам татко, и тој ќе Му биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки;
15. но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саула, кога Јас го отфрлив пред лицето твое.
16. И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш.
Веројатно настана конфликт на ова госпотово ветување со ветување на некој друг бог, посилен или помоќен од госпота и зато не се исполни