Прашање за Христијанството III

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ако не си го гледал, ти го препорачувам филмот „Егзорцизмот на Емили“ (малку е хорор :) ) кој што е правен според вистинската случка за Аналиса Мичел. Не сум испитувал колку филмот е базиран на самата случка, дали има додатоци или занемарено некои елементи. Али сепак е интересен и е потенцирана поентата што ја пишав горе.



Јас како христијанин верувам дека Бог доволно ни објавил и за Себе и за демоните преку Исус Христос и преку претходните објави собрани во Библијата. Но нејзината веродостојност е долга и широка тема и сигурно нема да ја решиме тука.

Али еве вака пред Велигден сакам тебе и сите други да ве мотивирам да направите едно мало истражување на веродостојноста на Христовото воскресение и за можните алтернативни хипотези кои се обидуваат да дадат друго објаснувања за Велигденската случка заради која што се појавило и нагло проширило христијанското движење од Ерусалим, па на секаде низ Римската империја, па и пошироко.
Ве мотивирам да ја истражите оваа тема, затоа што ако дојдете до заклучок како мене дека Исус навистина воскреснал, тоа ќе значи и дека многу други работи се точно во врска со Него, па и оваа за демониве и сл.
Го гледав филмот. И овој последниот и оној првиот врз кој е направен римејкот. Јас сум љубител на тој жанр филмови и немам забелешки.
Но и филмот го наметна она другото прашање, дека Бог може и треба да ни покаже уште нешто, за да се справим еи ние со демоните.

Мене немаш потреба да ме мотивираш. Јас и порано на темиве и на темата за Исусовото воскресение, имам напишано дека јас верувам и уште повеќе сигурен сум дека Исус воскреснал.
Но моите сфаќања околу како е тоа случено и зашто, и кои се можностите и начините тоа да се случи, малку се разликуваат од оние што ги нуди црквата.
Ама за ова на некоја друга тема, да не се расплинуваме.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А ако дојдиме до заклучок дека не воскреснал?
За тие што ќе дојдат до таков заклучок, тоа ќе значи дека целото христијанство е базирано на лага, дека Исус не бил оној што се претставувал (според извештаите на Неговите следбеници) и дека христијанската надеж е суетна и самоизмамувачка.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Откако ќе ја уловат, што праат со истата?
Мислиш: што прават демоните, откако ќе ја уловат душата човекова, така?

Ако се работи за жив човек, кој не верува, демоните постојано го наведуваат на чинење гревови, со тоа што му го блокираат умот и таквиот човек, не е ни свесен дека чини грев, затоа што со блокиран ум, човекот не е во можност да се помоли и покае, односно човекот не е во можност за разговара со Бога, молитвено.

Ако се работи за жив човек, кој се впуштил во окултизам, таквиот човек: или станува „канализатор„ на демонската енергија кон другите луѓе или пак демомите му внесуваат немир, нервоза, несигурност и непрекидно наговарање да се самоубите (бидејќи во Црквата, самоубиството е непорстлив грев, нели...).

Ако се работи за душата човекова,која веќе го напуштила телото, демоните ја клеветат душата, припишувајќи и‘ што сторени што не сторени гревови, со намера да ја „лизнат„ душата во пеколот.
--- надополнето: 14 април 2013 во 13:34 ---
Колку пари, толку музика. Додека има овци, ќе има и волна.
Да де, оти кај Вас се‘ е бесплатно, така?...:sneaky:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
За тие што ќе дојдат до таков заклучок, тоа ќе значи дека целото христијанство е базирано на лага, дека Исус не бил оној што се претставувал (според извештаите на Неговите следбеници) и дека христијанската надеж е суетна и самоизмамувачка.
Тоа значи дека има повеќе вистини за Исус и христијанството и дека сосема можно е да Исус не бил син божји и не воскреснал.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
А ако дојдиме до заклучок дека не воскреснал?
Ако си атеист ова не е тема за тебе си имате посебна тема за такви прашања.

Ако не си го гледал, ти го препорачувам филмот „Егзорцизмот на Емили“ (малку е хорор :) ) кој што е правен според вистинската случка за Аналиса Мичел. Не сум испитувал колку филмот е базиран на самата случка, дали има додатоци или занемарено некои елементи. Али сепак е интересен и е потенцирана поентата што ја пишав горе.
И што значи тоа Екзорцизмот. каква порака е тоа од ѓаволот е или од бога.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И што значи тоа Екзорцизмот. каква порака е тоа од ѓаволот е или од бога.
Екзорцизмот не е порака, туку е метода/и според која во религиите се истеруваат демоните од оние што се опседнати. Тоа се практикува и во хиндуизмот и во исламот. Во правците на христијанството егзорцизам се практикува (иако денес многу поретко) во Католичката црква и во некои други деноминации.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Може ли Хриситјаните да објаснат за какво воскреснување зборуваат?

Исто и атеистите какво воскреснување тие негираат?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Може ли Хриситјаните да објаснат за какво воскреснување зборуваат?
Може...

Настанот именуван како „воскресение„ е „компактен„ настан, во кој, телото, кое е веќе распаднато, се враќа во својатаа природна-нераспадната состојба, со изглед на возраст од 33 г, (возраста на која Христос беше распнат...), а со враќањето на телотот во неговата нераспадната состојба, значи истовремено, душата се враќа од Небесата (или пеколот...), влегува во телото и таквата возобновена комбинација од душа и тело, значи враќање на душата и телото во нивната првостворена состојба, онаква каква што Бог му ја даде на Адама.

Така возобновеното тело ќе има фина, продуховена материја, која нема да биде подложна на втора смрт и на повротно распаѓање.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Може ли Хриситјаните да објаснат за какво воскреснување зборуваат?
Христијанско воскресение = Бог оживува мртов човек (леш) во ново нераспадливо и бесмртно тело, враќајќи го и духот во него. Глаголот „воскреснување“ значи да бидеш подигнат од мртвите.
Во Библијата има неколку примери на оживување (пример кога Исус го оживеал/подигнал веќе 4 дена мртвиот Лазар). Но тој не бил воскреснат во ново нераспадливо и бесмртно тело, туку во старото тело.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Тоа значи дека има повеќе вистини за Исус и христијанството и дека сосема можно е да Исус не бил син божји и не воскреснал.
нема повеќе вистини за Исус
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Може...

Настанот именуван како „воскресение„ е „компактен„ настан, во кој, телото, кое е веќе распаднато, се враќа во својатаа природна-нераспадната состојба, со изглед на возраст од 33 г, (возраста на која Христос беше распнат...), а со враќањето на телотот во неговата нераспадната состојба, значи истовремено, душата се враќа од Небесата (или пеколот...), влегува во телото и таквата возобновена комбинација од душа и тело, значи враќање на душата и телото во нивната првостворена состојба, онаква каква што Бог му ја даде на Адама.

Така возобновеното тело ќе има фина, продуховена материја, која нема да биде подложна на втора смрт и на повротно распаѓање.
Исус умрел на свои 40+ години али и покрај тоа тие шо умреа на 4 годишна, 12 годишна, 19 годишна... возраст? и нив телата ќе им ги прат како на 30-40 годишњаци?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исус умрел на свои 40+ години али и покрај тоа тие шо умреа на 4 годишна, 12 годишна, 19 годишна... возраст? и нив телата ќе им ги прат како на 30-40 годишњаци?
Независно од возраста во која некој се упокоил, на воскресението ќе го добие своето тело во излед на возраст од 33 г. На таа возраст Христос беше распнат, а гледано ретроспективно, и Адам, кога беше створен, имал изглед од човек на возраст од 20-30 г, значи излгед од врвната младост.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom