Муабетот беше да видиме каде го пишува тоа што ти го тврдиш!
Првин се обиде да подметнеш тврдење дека не пишувало "направи", туку постави! Кога тој обид ти пропадна затоа што ти го постирав стихот од Битие1:16, се обиде со друга манипулација - не биле денови, биле големи временски периоди. Е арно ама, колку сака да се големи, растенијата се на третиот, сонцето на четвртиот! И тој "аргумент" ти отиде низ вода, па направи обид да дефокусираш, и наместо за растенијата и сонцето, почна да постираш "високо стручни" преводи за што всушност значело земја а што небо....иако дискусијата воопшто небеше за тоа, туку за растенијата и сонцето и по кој редослед се создадени. Кога и тој обид ти пропадна, почна да постираш на руски....можеби и на јапонски ќе продолжеше а што да не и на свахили, така уште помалку луѓе ќе знаат што пишува, ама затоа може некој ќе рече - брееј овој начитан некој, гледај како барата со јазици со формули, со фрази, со чуда! Мора да е во право!
И на крај, кога не успеа да демантираш дека редоследот е тој, се фати за сламката за која секој давеник се фаќа - Толкувањето. Демек вие не знаете што сакале да пишат авторите на библијата, ама ние знаеме.