Прашање за Христијанството III

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Епа тогаш пробај да живееш како што живеел просечен човек пред еден, два, пет векови. Кога хигиена била научно фантастичен поим, кога гладувањето било секојдневие, кога болестите биле сметани за демонска казна, кога ропството била нормална и вообичаена практика, кога достапноста до информации и образование било луксуз на привилегираните, кога човековите права биле сведени на моменталното расположение на феудалецот што те чоседува заедно со имотот и земјиштето на кое работиш и живееш, кога медицината и здравството се сведувале на кажување молитва или одење кај бајачка, а најблиску до хирушки зафат било да ти отсечат екстремитет и ако си среќен да ти дадат ракија за да не те боли.
Секој што има два грама памет, веднаш ќе му биде јасно дека никогаш предходно во човековата пишана историја, луѓето немале повеќе права, човечкиот живот не бил поквалитетен и индивидуата немала повеќе избор одколку во ова денешно време. Ако некој очекува дека човечката цивилизација треба да биде утописка бајка, каде нема да постои загадување на воздух, разводини слично, тогаш нешто сериозно не е вбо ред со него.
Aха,сега сакаш да кажеш не живееш во ''модерно ропство'',сакаш да кажеш дека денеска сите доктори се писмени ? Само кратко ќе ти реплицирам за докторите со ракијата бидејќи не си живеел во тоа време.Во Југославија за доктор СЕ УЧЕШЕ ден и ноќ и да се биде доктор беше како денеска да си претседател на држава.А денеска доктор станува и ќоро и сакато,само не е тоа темата и не сакам да навлагам во тоа.Не си за ништо во право затоа што ништо од тоа пред што го пишав неможе да кажеш ОВА НЕ Е ТАКА.Порано било така како што напиша,ама денеска истото го имаш само во модерна верзија и на различни начини.Повели кажи ми за што не сум во право од предходниот пост.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Јас не пишувам на кинески, убаво нагласив дека е крајно наивно да очекуваш утопија, каде нема никаков проблем, каде секаде тече мед и млеко. Тоа што го кажав е само констатација дека во споредба со минатото, денес се живее далеку подобро и поквалитетно.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Јас не пишувам на кинески, убаво нагласив дека е крајно наивно да очекуваш утопија, каде нема никаков проблем, каде секаде тече мед и млеко. Тоа што го кажав е само констатација дека во споредба со минатото, денес се живее далеку подобро и поквалитетно.
Подобро и поквалитетно живееш ? Ееееееееееееее Исписимус бее... ти мора да земаш 2000 евра плата,да живееш на Кожув во некоја голема викендица,јадеш само органска здрава храна,дишиш чист воздух и пиеш чиста планинска вода.Алал ти вера,што да кажам..
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.712
Поени од реакции
9.309
Еве како ја толкува Библијата легендава , Рики Џервејс - http://livada.mk/za-vas-koi-ne-ste-ja-procitale-biblijata/
Не знам како овој стенд-ап комичар не се срами од своето незнаење. Изигрува мајмун пред публика која се смее на неговите будалаштини. Публика за која врв на уметнички достигнувања се Big Brother и Dating Naked. И него си нашла да ни го постираш веројатно сакајќи да ни го претставиш како некој од кого треба да земеме ука:D:facepalm:. Трагикомично. Најискрено го жалам и него и тие што го слушаат и Го молам Бог да им даде разум.

Вели:„И Господ Бог тогаш рече: Нека биде светлина“.

Оттука донесува заклучок:„Брилијатно. Тоа значи дека ги создал рајот и земјата во темница!!!".

Дури и според Теоријата на Биг Бенгот светлината се појавува отпосле. Знаеш ли зошто?

For the first 380,000 years or so, the universe was essentially too hot for light to shine, according to France's National Center of Space Research (Centre National d’Etudes Spatiales,or CNES). The heat of creation smashed atoms together with enough force to break them up into a dense plasma, an opaque soup of protons, neutrons and electrons that scattered light like fog.

Roughly 380,000 years after the Big Bang, matter cooled enough for atoms to form during the era of recombination, resulting in a transparent, electrically neutral gas, according to NASA. This set loose the initial flash of light created during the Big Bang, which is detectable today as cosmic microwave background radiation. However, after this point, the universe was plunged into darkness, since no stars or any other bright objects had formed yet.

http://www.space.com/52-the-expanding-universe-from-the-big-bang-to-today.html
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Просто ме замисли со прашањево.
Како ме угнетила црквата у 21век каде што 55%+ од населението во западна европа се изјаснува како нерелигиозно. Каде што постои суд за човекови права и глобализација. Каде што и кај нас у македонија иако се има изјаснето над 85% како религиозно повеке ги почитува човечките права и слободи отколку кажувањата на црквата. Сериозно ова ти е пражањето???
Ти беше тој што се пожали дека црквата угнетува, па затоа те прашав како лично ти го почувствувал.
Да сериозно те прашувам те угнетила или не?
Дали црквата кај нас се меша по прашањето на Абортусот. тоа не е ли угнетување на цела група на луге, тоа што јас не сум бил лично засегант не значи дека не постои.
А ти сакаш да не се чуе став различен од оној кој што е сервиран, и наметнат како исправен? Па нели сме демократија секој смее да ги искажува ставовите.
Специално за Абортусот црквата се става во заштита на оние кои немат право да изберат дали да ја видат светлината на светот.
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Не сакам да реплицирам на членови кои се со испран мозок, од разни книги и пагснски и сатански здруженија, само нека ми објаснат доколку Православната Христијанска религија е измислена тогаш како се случуваат чуда, како болни, оздравуваат еве ќе ја земам најновата случка http://agapi.mk/chudo-vo-lesnovskiot-manastir/#
 
Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.394
Поени од реакции
2.795
Денес еден човек ме замисли и незнам каде да прашам па тука...
Зашто само Христијаните,Муслиманите и Евреите постат? А, не и будистите и другите религии? Дали е тоа зашто веруваме во еден ист Бог?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.712
Поени од реакции
9.309
Денес еден човек ме замисли и незнам каде да прашам па тука...
Зашто само Христијаните,Муслиманите и Евреите постат? А, не и будистите и другите религии? Дали е тоа зашто веруваме во еден ист Бог?
Не е точно. Постат и припадниците на другите религии.

http://www.beliefnet.com/Faiths/2001/02/Fasting-Chart.aspx

https://en.wikipedia.org/wiki/Fasting_in_Jainism

https://en.wikipedia.org/wiki/Bigu_(avoiding_grains)

Евреите веруваат во Јахве што Христијаните Го знаат како Отецот и Он нема ништо заедничко со муслиманскиот Аллах.

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-593#post-7216365

http://forum.kajgana.com/threads/Прашање-за-Христијанството-iii.66310/page-593#post-7217260
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Денес еден човек ме замисли и незнам каде да прашам па тука...
Зашто само Христијаните,Муслиманите и Евреите постат? А, не и будистите и другите религии? Дали е тоа зашто веруваме во еден ист Бог?
Постот потекнува од хиндуизмот пред се.
И кан нив тој има една единцтвена цел како да го навикнеш телото да изджи со минимално количество на храна.
Така да и у Будизмот постои пост али ја нема изтата идеологија како во Аврамовите религии
Додека во Аврмовите религии со постот се покажува почита према Јахве.[DOUBLEPOST=1435153486][/DOUBLEPOST]
Ти беше тој што се пожали дека црквата угнетува, па затоа те прашав како лично ти го почувствувал.
Да сериозно те прашувам те угнетила или не?

А ти сакаш да не се чуе став различен од оној кој што е сервиран, и наметнат како исправен? Па нели сме демократија секој смее да ги искажува ставовите.
Специално за Абортусот црквата се става во заштита на оние кои немат право да изберат дали да ја видат светлината на светот.
И јас ти одговорив (штета што не разбираш сарказам :() Единствена причина што не ме угнетува денес е дека многу векови лугето се бореле и проеале крв за денешните слободи.
А само генијалц може да каже дека ако не постои денес не ни постоело.

Јас сакам и почитувам став различен од мојот став (како иначе ке постоеше сарказмот)
Ама кога тој став е поткрепен со закана дека ако не биде така ке горите во пеколот, тогаш тоа не е различно мислење туку закана барем по дефиниција.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ама кога тој став е поткрепен со закана дека ако не биде така ке горите во пеколот, тогаш тоа не е различно мислење туку закана барем по дефиниција.
Тоа е избор.Бог ти дал слободна волја,да го избереш Него и да живееш морално,или да го избереш Луциферскиот концепт на живот кој Исписимус го пропагира ,,Прави што ти е волја'' и доброволно да отидеш во Вечна смрт наместо Вечен живот.
Бог е на прво место родител и како таков сака што повеќе ДЕЦА да бидат спасени а не уништени.Иди во форумот Поуки и најди една моја слика со цитати од Библијата таму и ќе видиш што вели.
Само што има една многу страшна вистина.Човекот со својот грешен и отпаднички живот трча со полн чекор во смртта(физичката) а Библијата јасно вели дека на секој ќе му се суди онака како е затечен во моментот на смртта.Значи ако верувал верувал(ако се исповедувал,покајувал и правел добри дела уште подобро) ама ако не... нема веќе сила што ќе го измести тој факт на Вечната,втора и крајна смрт....
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Библијата јасно вели дека на секој ќе му се суди онака како е затечен во моментот на смртта.Значи ако верувал верувал(ако се исповедувал,покајувал и правел добри дела уште подобро) ама ако не... нема веќе сила што ќе го измести тој факт на Вечната,втора и крајна смрт....
Тоа важи само за рисјани, оние кои го прифатиле рисјанството и потпишале дека ќе бидат рисјани. Законите на Рисјанскио госпот не важат за будисти муслимани хиндуси пагани атеисти... нив ќе му се суди по други закони и од други богови, така да треба секој да размисли во која секта ќе потпиши пристап и каде се нудат најдобри услови
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Тоа важи само за рисјани, оние кои го прифатиле рисјанството и потпишале дека ќе бидат рисјани. Законите на Рисјанскио госпот не важат за будисти муслимани хиндуси пагани атеисти... нив ќе му се суди по други закони и од други богови, така да треба секој да размисли во која секта ќе потпиши пристап и каде се нудат најдобри услови
A бидејќи нема други богови освен единиот Бог - Отец,сите ќе се најдат пред Него да одговараат.Судот е неизбежен како и физичката смрт..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
A бидејќи нема други богови освен единиот Бог - Отец,сите ќе се најдат пред Него да одговараат.Судот е неизбежен како и физичката смрт..
Има многу богови и во библијата тоа е кажано и докажано
 
Kajgana Shop

На врв Bottom