Прашање за Христијанството III

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
не го разбирам точно дали збори од евангелието или по сопствениот разум?
Од се по нешто. Малку збори од евангелијата, малку од устројствата на православната црква, од преданијата, спомнува и житие, од ткн. „свети отци“.
Одвој малку време и прочитај го Новиот Завет и ќе можеш полесно да препознаваш што е Божји Збор, а што се човечки мудрувања кога ќе слушаш некој говор, беседа, предавање или сл. Сега е лето, на распуст си, немаш за учење. Сега е супер прилика да го читаш Новиот Завет.
Поздрав!
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
за распуст, јас би ти ја препорачај “колибата на чичо том“ книга во која има повеќе христијанство, душа и подобро објаснување за доброто кај човекот одколку стар, нов, најнов завет, ..... ;)
да не бидам оф, прочитани ми се и ништо не ми објаснија, напротив, на многу работи кои мислев дека се јасни ми станаа матни
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики,да те прашам нешто-пошто Петровден се падна во петок,а тогаш завршуваат и петројпости,дали на овој петровден се пости или се мрси?

Прашав во црквата и сите тврдеа дека се пости,а кај нас постарите тврдат дека кога завршуваат постите без обзир кој ден се паѓа,тој ден се мрси,т.е. завршуваат постите.

ПС:Повели на ликовната колонија во кнежинскиот манастир,трае уште неколку дена
gjoko,

на mountain веќе му одговорив: Петровден годинава падна во петок, во ден за срог пост, па пошто е празничен ден кој паѓа во ден за строг пост, постот се олабавува и се пости на храна со риба и со вино, не и со месо, не со млеко и слична храна од животинско потекло.

Постои правилник, кој го имам кај себе, во кој е одреден начинот на постење преку целата година, во кој е запишано дека Петровден, штом се падне во посен ден, се допушта храна со риба и со вино.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 15:48 ---
Колку е вистина ова?
Дали правилно збори?
Мене ми личи на потпарол на Бог кој мене лично ме иритира кој смее да говори за божјата воња и како Бог раководи со светот и луѓето во него?
Нели се доаѓа од Бог се е по неговата света воња,Бог дава бог зема!!
не го разбирам точно дали збори од евангелието или по сопствениот разум?
MIKI1 Чорбаџија,сакам ваше мислење говрот почнува на 1,20

Се‘ што вели отец Бобан, се‘ е во склад со учењето од Црквата-немам што да му забележам. Биди поконкретен и посочи што не е јасно од проповедта па ќе разјасниме и дообјасниме.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
gjoko,
Се‘ што вели отец Бобан, се‘ е во склад со учењето од Црквата-немам што да му забележам. Биди поконкретен и посочи што не е јасно од проповедта па ќе разјасниме и дообјасниме.
Она што го кажува од евангелието и учењето на православието е сосема во ред и прифатливо она што имам забелешка е во делот од 1,20

Во првите секунди каде говори како Православните Христијани погрешно било што велат дека така им било во животот бидејки ја прифаќаат состојбата во животот како Божја воња.

Потоа не постои судбина самите луѓе со својата слободна воња и слободната воња на другите.а контрадикторно во некој православни бденија книги ,молитви се вели дека се доаѓа од Бог се е по неговата света воња

АКо не го прави Господ изборот Тогаш што е она што ни се случува во животот она што луѓето го нарекуваат среќа?
Што е тогаш исходот на Бог.

Нормално дека не паѓа ништо од небо и треба самите да си го направиме.
Точно е дека имаме слободна воња да правиме што сакаме но ништо не е случајно е и се што ни се случува ни се случува по Божја промисла како награда за нашите дела или казна која на крај свештеникот и потенцира дека педагошки Бог се однесува кон нас.
Ми изгледа многу нејасен околу тоа како Бог се однесува кон нас.
Не е судбина да влезе човек во спортска кола и да се пукне во бандера со 200 судбина е да живее со болест и случајно махинално да му се случуваат благодети во животот или страданија тоа не е по наша воња и ние и другите не мижеме да го контролираме.
Објасни ми го ова не знам ни како појасно да ти го опишам.

Чорбаџија Го обележав твојот профил бидејки сакав да извадиш некој библиски цитат околу судбината.и тоа што попот го збореше.
не ми требаат совети што треба да сум правел.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.277
Поени од реакции
15.401
Мики-не одговори за ликовната колонија,ајде на посета
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Па во тој поглед православизмот не се разликува многу од католицизмот. И католикот може слични прашања да ти постави, на пример:
Сакаш да го славиш Бог или Богородица или свети Никола, свети Ѓорѓија, свети овој, свети оној?
Сакаш да се молиш на Бог или на икони?
Сакаш да го следиш учењето на Исус или некои традиционални народни обичаи со еден куп пагански елементи во нив?
Точно, но православните не му се клањаат на Папата, кој католиците го обожуваат како божество!
Нема такво нешто во Православното Христијанство

Инаку точно, бацување икони, молење на светци не е дел од Библиското Христијанство.
Затоа реков дека да преминеш од православен во католик е исто ко од коњ на магаре.
Кога ја прочитав Библијата сватив дека има многу неправилности во учењето на Православната Црква, особено во последно време.
Но Католиците толку забегаа што тие самите не се нарекуваат Христијани туку Католици...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кога ја прочитав Библијата сватив дека има многу неправилности во учењето на Православната Црква, особено во последно време.
.
Алал да Ти е бе, момак!....:D
И, откако откри дека православните забегале, се сети дека токму Ти ја откри точната вистина, нели?
--- надополнето: 13 јули 2013 во 16:59 ---
Мики-не одговори за ликовната колонија,ајде на посета
gjoko,

имам намера да наминам накај Кичеа во текот од месецов, ама не во деновиве кога трае ликовната колонија...
--- надополнето: 13 јули 2013 во 17:02 ---
Во првите секунди каде говори како Православните Христијани погрешно било што велат дека така им било во животот бидејки ја прифаќаат состојбата во животот како Божја воња.
Божјата волја, Бог ја изрази преку две нешта: преку 10-те Заповеди и преку блаженствата. Ако не тежнемее кон тие две категории, тогаш нашите животи нема да ги (пре)уредиме според волјата Божја, туку според својата волја, а тогаш, вината за она кое ни‘ се случува во животот, ќе Му ја припишеме на Бога а не на самите себе.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Поклонувањето пред икони,статуи и бакнувањето не преставува поклонување како слкуптури матријали туку на светците кој се насликани и самата црква го осудува тој чин како идолопоклонување.
Кај католиците ме иритира што папата го величат повеќе од Бог,зошто му се молат на папата што е тој светец имал некоја надприродна дарба па бил над луѓето!!
Доволно е само почит и благодарност како првосвештеник и ништо повеќе.

Во евангелието на св Јован оригиналната која се чува во тајните архиви на Ватикан има останево слика икона на вистинскиот изглед на Господ Исус.по која се насликани останатите икони по православните и католичките цркви.
Ова го видов на една документарна па не знам колку е точна оваа информација,.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Потоа не постои судбина самите луѓе со својата слободна воња и слободната воња на другите.а контрадикторно во некој православни бденија книги ,молитви се вели дека се доаѓа од Бог се е по неговата света воња
.
Бог, со својата волја и промисла, нјадобро знае што е за нас добро а што лошо па затоа должни сме да ја вскладме својата волја со Божјата. Бог не ги предодредува нашите животи однапред, ниту „притиска„ врз нашиот избор и одлука, туку Он наоѓа начини како да не‘ наведе и изведе на правиот пат-патот кон Бога и патот кон Царството Небесно. Наше е дали ќе ја прифатиме или одбиеме Божјата промисла за секого од нас, поединечно.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 17:08 ---
АКо не го прави Господ изборот Тогаш што е она што ни се случува во животот она што луѓето го нарекуваат среќа?
Што е тогаш исходот на Бог.
.
„Среќа„ во овој Свет, е краткотрајна состојба на нашата душа, кога душата е задоволна од остварувањето на некоја намера и цел. Но, верните во Црквата, не ја бараат овоземната среќа, која е краткоррајна и минлива, туку ја бараат среќата, веселбата и радоста во Царството Небесно.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 17:10 ---
Нормално дека не паѓа ништо од небо и треба самите да си го направиме.
.
Точно: затоа Бог ни дал и ум и раце.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Божјата волја, Бог ја изрази преку две нешта: преку 10-те Заповеди и преку блаженствата. Ако не тежнемее кон тие две категории, тогаш нашите животи нема да ги (пре)уредиме според волјата Божја, туку според својата волја, а тогаш, вината за она кое ни‘ се случува во животот, ќе Му ја припишеме на Бога а не на самите себе.
Нормално дека секој верник се тежнее и живее по Божјите закони.
Говориме за нешто соема спротивно дарот на слободната воња и Божјите награди и казни.тој вели дека овие вторите не постојат поради ова првото.

Ако Бог не го раководи махиналтото случување во животот со кого ќе се ожениме/омажине каде ќе се вработиме итн....дали ќе бидеме богати/сиромашни тогаш навистина Бог веќе ни го свртл грбот и оставени сме сами на себе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нормално дека не паѓа ништо од небо и треба самите да си го направиме.
Точно е дека имаме слободна воња да правиме што сакаме но ништо не е случајно е и се што ни се случува ни се случува по Божја промисла како награда за нашите дела или казна која на крај свештеникот и потенцира дека педагошки Бог се однесува кон нас.
.
Со секој наш потег, со кој се оддалечуваме од волјата Божја, се казнуваме самите себе, навлекувајќи си последица (казна) за својата своеглавост.

Со секое исполнување на волјата Божја, стануваме поблиски до Бога, или поинаку кажано, стекнуваме награда.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 17:13 ---
Ми изгледа многу нејасен околу тоа како Бог се однесува кон нас.
Бог се однесува кон нас човекољубиво и родителски: не‘ наведува кон Него, а по потреба, не‘ опоменува, чисто воспитно, како што рече и отецот на проповедта.
--- надополнето: 13 јули 2013 во 17:16 ---
Не е судбина да влезе човек во спортска кола и да се пукне во бандера со 200 судбина е да живее со болест и случајно махинално да му се случуваат благодети во животот или страданија тоа не е по наша воња и ние и другите не мижеме да го контролираме.
Објасни ми го ова не знам ни како појасно да ти го опишам.
Овосветовниот живот е мешавина од променливи нешта: де бори, де лоши, повеќе лоши отколку добри, од што и треба да ни‘ „текне„ дека среќата не треба да ја бараме во Светов, туку на Небесата.
Да, постојат нешта кои не можеме да ги контролираме, но кои треба да ги прифатиме со трпение и смирение, а за наше спасение.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Бог, со својата волја и промисла, нјадобро знае што е за нас добро а што лошо па затоа должни сме да ја вскладме својата волја со Божјата. Бог не ги предодредува нашите животи однапред, ниту „притиска„ врз нашиот избор и одлука, туку Он наоѓа начини како да не‘ наведе и изведе на правиот пат-патот кон Бога и патот кон Царството Небесно. Наше е дали ќе ја прифатиме или одбиеме Божјата промисла за секого од нас, поединечно.

Ова беше одговорот што сакав и го очекував да го слушнам.
Сигурно сакаше да се покаже пред камерата па почна да кажува нешто за да го види Дедо Стефан слушајки го свештеникот како да го моламе Бог кога слободната воња на себе и другите е пресудна за тоа.и состојбата во нашиот живот.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Алал да Ти е бе, момак!....:D
И, откако откри дека православните забегале, се сети дека токму Ти ја откри точната вистина, нели?
Да
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Точно, но православните не му се клањаат на Папата, кој католиците го обожуваат како божество!
Нема такво нешто во Православното Христијанство

Инаку точно, бацување икони, молење на светци не е дел од Библиското Христијанство.
Затоа реков дека да преминеш од православен во католик е исто ко од коњ на магаре.
Кога ја прочитав Библијата сватив дека има многу неправилности во учењето на Православната Црква, особено во последно време.
Но Католиците толку забегаа што тие самите не се нарекуваат Христијани туку Католици...
Тешко е објективно и искрено да се процени кои повеќе забегале, дали католиците или православците.
Ретки се тие католици што го обожаваат папата како божество и тоа сигурно не ги учи католичката црква. Од друга страна многу православци ја обожаваат блажената Марија (Богородица) исто така како божество (на неа и се молат, од неа бараат спасение, се клањаат на нејзини икони, ја чествуваат со божествени титули итн) - што всушност претставува древен култ за обожавање на големата мајка или богињата жена, често застапен во паганскиот свет. Тука сами би ги спомнал божицата Мајка Јунона која се обожавала во Рим, понатаму добро познатата богињата Артемида од градот Ефес итн. Подоцна гледаме како ова се пренесува во обожавањето на Мајката Божја - Богородица во католичкиот, а подоцна и во православниот свет.
Ама сепак и едните и другите имаат натрупано еден куп светци кои ги слават, на кои им се молат, еден куп пагански елементи од кои што веќе не се ни препознава изворното христијанство и во двете религии. Еден куп адети, обичаи, традиции, човечки преданија... а Божјиот Збор е таму некаде, на крајот од полицата, полн со прашина, загушен меѓу другите „духовни“ книги, икони, реликвии, свети водички, крстови, бројаници, коски итн.
 
Знаеш ли што зборуваш!!!?
ДА МАЈКАТА БОЖЈА Е НАЈСВЕТОТО ИМЕ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО!
и се сметка како покровителка на луѓето како од смртник човек како мајка на Спасителот постана Божица.
Дали ако не беше блажената Марија ќе се родеше Господ Исус Христос?
Се е преку неа се започна преку блажена Марија.
Зашто ја споредуваш таа го роди Месијата,колку пострада додека го гледаше пишувањето на новото евангелие зар не заслужува слава!

Вакво хулење не се надевав дека ќе слушнам од Христијанин Господ нека ти е на помош.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom