- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Луки, само ти се чини дека победите одат во твоја корист, од многу едноставна причина. Ти не можеш да ја дефинираш својата религија и својот Бог. Секогаш кога ќе се обидеш, само велиш, мојот Бог не е тоа. Сакаш да бидеш попаметен од институционализираните вреници, но не можеш да дадеш ниту едно позитивно тврдење за својот Бог.Се додека пробуват да се користат големи зборове, големи букви, извештачен начин на комуникација, грандиозни зборове, и оште 300 чуда само и само да се покаже величината на Господ и компанија ништо не бива.
Со векови са се бориле сите паметни човеци од овај регион да приближат светите пишаници до обичнио човек, да го удостојат, да го поддржат, да го мотивират, денеска само се користат зборове шо никој не и го знае зачењето, а ги е прочитал у некоја книга, од некој преведувач. И се следе лист по лист, збор по збор, запирка по запирка. И си има институција за тија работи. Институализацијата и тврдењето на екслкузивитет кој може/смее и како да користе зборовето “Господ“, и целата пластичност на тија институции ја зафркнуват работата до крај.
И на крај Ставро си користе логика да ги пердаше институционализираните следбеници, и за чудо победува за третите лица како мене. Унификацијата и широката рака на Господ како концепт од библијата шо се проповеда де јуре од Светото писмо, дефакто се стеснува, осудува, ограничува, жигосува, става докторски дијагнози, и слични други гафове. Е сега тава разминувајне е еден голем проблем.
Тоа се вика негативна дефиниција, затоа што се оди преку дефинирање на ентитетот преку набројување на се она што тој не е. Проблемот е во тоа што кај твојот Бог на крајот не останува ништо. Не е ова, не е она, не е ништо. Ако не е ништо, тогаш е токму тоа, ништо.