Прашања за изворно-реформираните христијани

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Се додека пробуват да се користат големи зборове, големи букви, извештачен начин на комуникација, грандиозни зборове, и оште 300 чуда само и само да се покаже величината на Господ и компанија ништо не бива.

Со векови са се бориле сите паметни човеци од овај регион да приближат светите пишаници до обичнио човек, да го удостојат, да го поддржат, да го мотивират, денеска само се користат зборове шо никој не и го знае зачењето, а ги е прочитал у некоја книга, од некој преведувач. И се следе лист по лист, збор по збор, запирка по запирка. И си има институција за тија работи. Институализацијата и тврдењето на екслкузивитет кој може/смее и како да користе зборовето “Господ“, и целата пластичност на тија институции ја зафркнуват работата до крај.

И на крај Ставро си користе логика да ги пердаше институционализираните следбеници, и за чудо победува за третите лица како мене. Унификацијата и широката рака на Господ како концепт од библијата шо се проповеда де јуре од Светото писмо, дефакто се стеснува, осудува, ограничува, жигосува, става докторски дијагнози, и слични други гафове. Е сега тава разминувајне е еден голем проблем.
Луки, само ти се чини дека победите одат во твоја корист, од многу едноставна причина. Ти не можеш да ја дефинираш својата религија и својот Бог. Секогаш кога ќе се обидеш, само велиш, мојот Бог не е тоа. Сакаш да бидеш попаметен од институционализираните вреници, но не можеш да дадеш ниту едно позитивно тврдење за својот Бог.

Тоа се вика негативна дефиниција, затоа што се оди преку дефинирање на ентитетот преку набројување на се она што тој не е. Проблемот е во тоа што кај твојот Бог на крајот не останува ништо. Не е ова, не е она, не е ништо. Ако не е ништо, тогаш е токму тоа, ништо.

;)
 
L

Luki Junior

Гостин
Луки, само ти се чини дека победите одат во твоја корист, од многу едноставна причина. Ти не можеш да ја дефинираш својата религија и својот Бог. Секогаш кога ќе се обидеш, само велиш, мојот Бог не е тоа. Сакаш да бидеш попаметен од институционализираните вреници, но не можеш да дадеш ниту едно позитивно тврдење за својот Бог.

Тоа се вика негативна дефиниција, затоа што се оди преку дефинирање на ентитетот преку набројување на се она што тој не е. Проблемот е во тоа што кај твојот Бог на крајот не останува ништо. Не е ова, не е она, не е ништо. Ако не е ништо, тогаш е токму тоа, ништо.

;)
Не си ме разбрал. Јас ти говорам за твојо спор со Ортофил, оти со едноставна логика победуваш у самио спор. Не дека јас победувам у нешто. Јас сам третио шо набљудува како се надмудрувате.

Јас не сам попаметен од институционализираните верници (од која и да е религија, секта). Јас само сакам да кажам оти институализацијата и слепо цитирајне на Светата книга е проблем. Оти за таа иста света книга са гласале на некој вселенски собир, шо да пише у неа, шо да не пише у неа. И јас како љубопитен човек, сакам да знам шо е пишало у текстовето шо не са флезеле у Светата книга.

Мојо пристап е ногу попрагматичен, дали дел оти сам од таква фамилија, шо секојпат ја е подджувала локалната заедница и црквата како свет објект преку определени и конкретни работи (дали реконструкција, дали ново градба, дали спонзорство за прослава, да се собира помош за лечејне, и мн други работи), дел заради зближувајне на самио народ, а не со целодневно филозофирајне шо е Бог, а шо не е, дали има брадилав човек горе или нема брадилав човек горе шо команде и има план или нема план. Накратко, не сам проповедник.

Едноставнио и човечки пристап кон повеќето нешта се губе коа се говоре за некакви небески, спиритуални, и не ти знам какви работи. Нели знаеш големите зборове, на крајо си остануват големи зборове, без разлика од чија уста излеват.


А позитивно нешто за мојо Бог, мојте стравове, демони, проблеми, и помош, ќе седнеме некојпат на ракија и мезе, ќе раскрстеме, од шо, од как, од дек сам црпел енергија или сам бил мотивиран. Буквите и пишаниците не можат да ја доловат атмосферата на вербален дијалог.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom