Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 мај 2011
Мислења
52
Поени од реакции
9
Абе го нема ни точниот датум кога е распнат и кога воскреснал. Како што можеш да забележиш, Црквата го слави Велигден според месечевиот календар и тој е подвижен празник, а не фиксен, каков што би требало да биде доколку е познат датумот на распнувањето, односно на смртта, односно на воскреснувањето.
Умира на 14 Нисан според еврејскиот календар, петок околу 3 часот, воскреснал на 16 Нисан и тој датум е фиксен, но поради синхронизација со грегоријанскиот и јулијанскиот календар датумот се мести секоја година.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Умира на 14 Нисан според еврејскиот календар, петок околу 3 часот, воскреснал на 16 Нисан и тој датум е фиксен, но поради синхронизација со грегоријанскиот и јулијанскиот календар датумот се мести секоја година.
Од кои историски извори е извлечено тврдењево? Во која година е распнувањето? Имаме проблем со одредувањето на годината во која се случиле работите, како што имаме тешкотии да го одредиме датумот на раѓањето. Овој проблем е постар од грегоријанскиот календар и неговата синхронизација со јулијанскиот.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
8
Поени од реакции
2
--- надополнето: Jul 31, 2011 8:24 PM ---
izgledajte go celiot film i mnogu raboti ke vi stanat jasni.... :)))))
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
8
Поени од реакции
2
jbg, nov sum na forumov, ama gledam uste na nekoi ne im se jasni nekoi raboti..... ;)
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Imam edno prasanje okolu prevodot na biblijata.
Kako moze da bideme sigurni deka denesniot prevod e tocen ?
--- надополнето: Aug 1, 2011 2:09 PM ---
zosto,? filmot podetalno ja analizira biblijata i gi objasnuva nekoi raboti koi drugite gi svakaat vo bukvalnata smisla na zborot....
Ne vikam deka nema apsolutno nikakva informacija tocna vo filmot.
Problemot e vo dezinformaciite.
Edno treba da ti bide jasno, deka ako bilo davano niz cel svet na site poznati televizii deka nesto ne cini so nego.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
zosto,? filmot podetalno ja analizira biblijata i gi objasnuva nekoi raboti koi drugite gi svakaat vo bukvalnata smisla na zborot....
http://www.thedevineevidence.com/jesus_similarities.html

Еве ти линк каде што систематски и детално се разобличени лагите и дезинформациите кои што се пласирани во видеото. Видеото е лага, Библијата е вистина.
Поздрав!
--- надополнето: Aug 1, 2011 5:41 PM ---
Imam edno prasanje okolu prevodot na biblijata.
Kako moze da bideme sigurni deka denesniot prevod e tocen ?
Затоа што имаме огромна колекција на релативно рани и независни манускрипти од Библијата, на повеќе јазици, пронајдени на три континенти. На пример, само за новозаветните книги од 1ви до 4ти век имаме на располагање околу 5300 грчки манускрипти, околу 10.000 од латинската Вулгата и околу 9300 други рани преводи - значи севкупно ние имаме околу 24600 неверојатно усогласени манускрипти на новозаветните документи или на делови од нив. Ни едно историско дело, ниту религиско, ниту секуларно, не може ни приближно да се спореди со библиографската веродостојност на книгите од Новиот Завет.
Таа огромна колекција е предоволна за еден сериозен текстуален критицизам на библиските текстови, а различните преводи исто така ни помагаат за полесно наоѓање на вистинското значење на одредени зборови во староеврејските текстови или пак коине грчките новозаветни документи.


За повеќе прочитај на овој линк: http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata3.html
Поздрав!
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
http://www.thedevineevidence.com/jesus_similarities.html

Еве ти линк каде што систематски и детално се разобличени лагите и дезинформациите кои што се пласирани во видеото. Видеото е лага, Библијата е вистина.
Поздрав!
Not so fast!
http://www.youtube.com/watch?v=F_9ZyddjaM4
Христијанството за време на темниот среден век, уништувало, цензурирало, и забранувало се што не му било по воља! Лагите и дволичноста одсекогаш биле дел од него, ништо поразлично не е ни денес!
Со таа разлика што сега неможете да спалувате луѓе.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од кои историски извори е извлечено тврдењево? Во која година е распнувањето? Имаме проблем со одредувањето на годината во која се случиле работите, како што имаме тешкотии да го одредиме датумот на раѓањето. Овој проблем е постар од грегоријанскиот календар и неговата синхронизација со јулијанскиот.
Пасхата е најголемиот празник на евреите и неа ја прославуваат на 14ти Нисан според еврејскиот (лунарен) календар. (види Левит 23:5, Библијата)
Според евангелието по Јован, Исус е распнат дента пред Пасхата, значи на 13ти Нисан (види евангелие по Јован 12:1; 19:3.
Исто така и во Ерусалимскиот Талмуд пишува дека Исус е распнат во предвечерието на празникот Пасха.
Не знам во која година точно е распнувањето, но сигурно е околу 30 н.е.
 
Н

нихилист

Гостин
Zeitgeist како документарец е полн со дезинформации, но тоа не значи дека христијанството и библијата не се разобличени, нивното време помина, денес и аматери отвараат вебсајтови во кои се набројани безбројте контрадикции во библијата кои не се тешки за приметување. Тука следува една убава мисла, ако религијата не излажала за тоа од каде сме дошле, како можеме да и веруваме каде ќе не однесе.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Zeitgeist како документарец е полн со дезинформации, но тоа не значи дека христијанството и библијата не се разобличени, нивното време помина, денес и аматери отвараат вебсајтови во кои се набројани безбројте контрадикции во библијата кои не се тешки за приметување.
Секое чудо трае „3 дена“ т.е. некој месец или година. Библијата е напаѓања од нејзините противници 2000 години и се уште е најпреведувана, најпечатена, највлијателна итн. Секој од нејзините противници мислел дека ја разобличил и дека нејзиното време е поминато, а сепак противниците поминувале, а Библијата продолжувала. Францускиот атеист Ф. Волтер, кој умрел 1778г. самоуверено претскажал исчезнување на христијанството за 100 години. Иронијата е во тоа што само 50 години по неговата смрт, библиското здружение “Женева” ја презела куќата и печатницата на Волтер за печатење на илјадници Библии. Колку само импресионивен може да биде Божјиот хумор :)

„Небото и Земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“ (Исус Христос, ев. Матеј 24:35, Библијата)

Речиси сите привидни „контрадикции“ се вонконтекстуално читање на текстот, варијации меѓу независните извори (варијацијата не е контрадикција), грешки во препишувањето на бројките (не и во оригиналите) и сл.
 
Н

нихилист

Гостин
Тука не би се согласил целосно. Дека библијата е доста влијателна во право си, но тоа е заради луѓето кои слепо веруваат во неа. Нејзината веродостојност е одамна разобличена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom