Ова е прашање за теистите, а не за атеистите, но добро, еве го одговорот:
Навистина не би имало проблем за јадењето одо дрвото на спознанието (за доброто и лошото), доколку Ева покажеше трпение. Имено, и Адам и Ева се створени, не се родени, што значи, не биле ниту бебиња ниту деца ниту пубертетлии, туку биле створени во врвна младост, аналогно на наши 20-30 години, и начелно, не требало ниту да стареат ниту да умрат. Значи, телесно, Адам и Ева не би се менувале. Духовно, и Адам и Ева треба да раснат, па согласно степенот од нивната духовна дораснатост, во поволен момент, Бог би им дозволил на првите луѓе да јадат и од забранетото дрво а со тоа, Адам и Ева би научиле да разликуваат што е добро а што лошо. Но ете, Ева не е трпелива па иако духовно недорасната, т.е. недорасната за стекнување способност за разликување добро од зло, таа, наместо да Го послуша Бога, вкусува од забранетото овошје и предвреме стекнува способност за разликување добро и зло, а таа предвременост, Бог ја казнува со смрт.
Имаш за тоа аналогија и во реалното живеење, како што е тековниов обид од некои јако „напредни„ фаци, да воведат т.н. сексуално образование за основците, па после ќе си ја кршиме главата зашто абортираат девојки на 13 години, кои решиле да се „сексаат„ а кои ниту телесно ниту духовно не се подготвени за тој чин.