ПОТЕКЛОТО НА ЧОВЕКОТ ( неговата природа )
• Кој сум јас?
• Колку се разликувам од другите суштества?
Постојат многу одговори во зависност од која точка ги гледаме работите.За економистите човекот е статистика,за луѓето кои работат во маркетинг е потрошувач,за трговците купувач.
„Јас сум збир на калциум,вода и органски молекули наречани Карл Сеган.Ти си збир на идентични молекули со друго име.Но дали е тоа се?Постои ли нешто друго освен молекулите?-Карл Сеган.
Со прифаќање на Дарвиновата теорија,многумина ги бараат своите корени кај животните.Без оглед дали веруваме во Бога или не,очигледно е дека постои голема разлика помеѓу човекот и животните.Една од тешкотиите со кои се соочуваат неверниците е како да ја објаснат човечката природа а да не се повикаат на Бога.Атеистот Бертранд Расел вели дека сме различни од сите други суштества,и единствани во овој свет.Нашите морални карактеристики,креативност, љубов,пожртвуваност,способност за размислување,не одвојуваат од сите други облици на живот.Но Расел,како и секој друг секуларен филозоф,признава дека човекот е поинаков,но не може да објасни зошто.Според христијаните,човекот е создаден посебен во споредба на се друго кое Бог го создал.Ние сме создадени да го запознаеме,да уживаме во заедницата со Него,зошто ништо друго не може да му даде смисла на нашиот живот.Во првите текстови на Библијата е објаснето дека според „
ликот Божји” човекот и жената се разликуваат од животните.Да споменеме некои особини кои ги поседува човекот.
Интелигенција:Луѓето како и Бог,размислуваат,расудуваат и планираат. Наспроти ова кај животните постои инстиктивно однесување(верверицата според инстинктот собира храна за зимата)
Творештво:Луѓето како и Бог,откриваат и создаваат затоа што тоа го сакаат, а не само затоа што чувствуваат потреба за тоа.Никому не му треба,слика од зајдисонце,украсна градина,песна или поема,но сепак човекот ги создава.
Заедница:Луѓето не можат да живеат целосно одвоени едни од други. Тие се меѓусебно поврзани со љубов,пријателство,сочуствителност.
Грижа,одговорност:Бог му дал на човекот власт над сите Божи созданија да се грижи и управува место Него.Тој е обдарен со способност да согледа и ги увиди потребите на се што постои и чувство за грижа спрема нив.
(Ateizam ili Hrišćanstvo dr.Jovan Iliev)
Човекот апстрактно размислува,свесно поставува цели,прави планови за да ги достигне и наоѓа задоволство во нивно остварување.Неговото око ја забележува убавината,увото ја открива музиката,нагон има за се поголемо знаење.Целата своја телесна и духовна сила ја користи со задоволство додека чекори низ животот.Тој има и морално чувство за она што е исправно а што не,и совест која го опоменува кога ќе залута.Човекот ги набљудува животните и растенијата,морињата и планините,ѕвезденото небо,и размислува за нив.Свесен е за времето и вечноста,се прашува како дошол тука и кој стои зад сето тоа.Ниту едно животно не негува такви мисли.Размислувајќи за човекот псалмистот Давид кажал„
Те прославувам затоа што сум чудесно создаден.Прекрасни се Твоите дела,душата моја тоа добро го сознава”
( псалм 138.14)
ГОЛЕМИНАТА НА ЧОВЕЧКИОТ УМ
Една од најкомплексните структури за која се знае во универзумот. Човечкиот мозок се состои од околу
100 милијарди нервни ќелии, кои поврзуваат скоро неверојатни
400 илјади километри нервни влакна. Тие влакна, често се разгрануваат за да се поврзат со други нервни ќелии. Една голема нервна ќелија може да се поврзе со
600 други нервни ќелии со помош на околу
60 000 врски. Вкупниот број на врски во мозокот се проценуваат на околу
100 000 милијарди. Ова се бројки кои тешко можат да се замислат.
Во нашиот мозок се одвива бурна ментална и координирана активност. Околу
30 различни видови на хемикалии се користат за пренос на импулсот кај контактот помеѓу една нервна ќелија и друга.
Дали ова комплексна структура настанала по пат на случајни нафрлувања, во процесот на еволуција ?
Многумина го споредуваат мозокот со супер компјутер, што посочува кон дизајнер – Бог, зашто познато е дека компјутерите сами не се организираат и склопуваат.
1,5 килограми материја која размислува, а потоа се истражува самата себе, зошто размислува и како размислува.
Во нашите екстремно сложени мозоци има
1000 пати повеќе врски отколку ѕвезди во нашата галаксија. Ако би ја растегнале ДНК од сите ќелии и ги поврземе би ја надминале ширината на целиот Сончев систем.
Со површина од
0.23 м² нашиот мозок прима
100 милиони пораки во секунда. Следува филтрација на овие пораки за да се добијат оние кои ни се најпотребни. Тој е опкружен со течност која го штити од потреси.
Освен материјалните работи тој е способен да ги согледува и духовните компоненти на животот. Ова го прави уникатен и без споредба во реалниот свет.
Просечниот човек користи од
3 - 6% од капацитетот на мозокот. Тој има многу поголем потенцијал од оној што можеме да го искористиме во целиот наш живот. Како да е наменет да функционира за друг свет и време !
Да не заборавиме, постојат уште многу работи што треба да се научат за деликатната и совршена рамнотежа на разните процеси во мозокот.