што значи да се зема абдест?
пс не сум за карање денес ама утре ...
Абдестот е:
ритуелното миење(абдест)
За начинот на правилно земање на Абдест Аллах ни го објаснува во Куранот:
,,О верници, кога сакате намазот да го извршите, измијте ги вашите лица и вашите раце до над лактовите, а главите ваши потрете ги со влажна рака и нозете ваши до зглобовите…“(Ел-Маиде: 6)
Кога МУСЛИМАНСКИТЕ ВЕРНИЦИ сакаат да обаат молитва, тие треба да земаат абдест, т.е. тие треба да се очистат. Бидејќи
;
Пратеникот с.а.в.с рекол: “Клучот за Рајот е молитвата, а клучот за молитвата е чистотата”
Ибн Омер р.а пренесува дека Пратеникот а.с рекол: “Не се прима намазот(молитвата) без ритуелното миење(абдест) пред молитвата”
Ибн Аббас р.а пренесува дека Пратеникот а.с рекол: “Наредено ми е да се мијам пред обавување на намаз(молитва)”
Исто така абдестот има уште многу користи, кои им користат на луѓето а еве неколку од нив:
Абдестот се зема со вода, а водата е единствена која може да ги острани нечистотиите. Така човекот секојдневно многу пати низ неговите раце минуваат разновидни предмети кои се изложени со нечистотиа, а со миење на рацете таа нечистотија се остранува, исто така и лицето може да биде изложено на нечистотија, косата, устата, носот, ушите, и нозете.
Покрај претходните коментари и овој коментар мислам дека е јасно одговорено на твоето прашање, нема потреба од разјаснување, а доколку има секако повели доколку знаеме ќе ти кажеме.
П.С/ Кога не си за карање денес, така нека биде и утре, и се надевам и сите останати денови поминати на Кајгана и надвор од Кајгана
. Треба да се најде споразум помеѓу нас, да не доаѓаме до непотребни и невредни расправии, едноставно мирно и со аргументи да разговараме едни со друго.
Поздрав и се најубаво.