И што вели куранот за Анархијата??
Дали добар муслиман може да биде анархист и да се бори за безвластие спротивно на Куранот каде имаме пропишани закони,норми и правила??
Што вели куранот за Муслиманите анархисти(ако веќе се муслимани??)??
Извини, но форумот е премногу активен па тешко е да се следи секој коментар.
Според Исламот, за уредување на едно Исламско Општество има Шериат. Знаеме од Историја дека според Шериатското право секоја Исламска Држава има Емир (Калиф, Султан) кој е задолжен да владее со Божји правила и заповеди. Затоа муслиманот кој се спротивставувал на тие закони се третирал како неверник.
Поаѓајќи од тоа дека Бога во Коранот дава закони и правила како верникот треба да се однесува за да има среќен живот. Верникот кој не ги почитува овие правила е грешник и за тоа ќе одговара пред Бога.
Ќе ти дадам еден пример.
Сите знаеме дека свинското месо е строго забрането во Ислам. Сега ако еден муслиман греши и јаде свинско, но сепак во себе верува и го прифаќа фактот дека е забрането, тој сепак останува верник, но ќе одговара за грешката која ја направи.
Од друга страна, ако еден муслиман не јаде свинско месо а пак мисли дека нема никаков аргумент и дека нема за што да се забрани свинското иако знае дека во Коран јасно се забранува, тогаш тој е Анархист и се спротивставил на Божјиот закон, и тој станува неверник, не верува дека Божјиот збор е вистина.
Тие
не верувале се додека не те изберат тебе (Мухаммед) како судија во нивните расправии и потоа
да не им биде тешко од твоите пресуди (да бидат послушни кон пресудите)....(ел Маида, 65)
Оние
кои не судат според она што го објави Аллах - та, расипани се! (Ел Маида, 47),
Значи, анархиста против Бога и Неговиот Збор, значи неверство.
На пример,
ако еден Муслиман верува во Бога, се клања, е послушен кон правилата кои Бога ги дал во Коранот, но еве мисли дека Исус (нека е Божјиот мир над него) не е роден само од мајка, тогаш тој се спротивставил на Бога и Неговиот збор, кој тој го објавил на Коран каде вели јасно дека Исус (нека е Божјиот мир над него) е роден чудесно, само од мајка, без татко.
Извини, можда не сум ти го дал одговорот кој ти го сакаш, но толку се моите знаења во врска со ова. А верувам дека има и многу ХАДИСИ од Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) во врска со ова тема, но ги немам точните извори.
Сепак ги повикувам пријателите муслимани да ме надополнат ако имаат нешто повеќе да кажат во врска со ова тема.
Поздрав