Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Принц, разбирам дека во основните начела како што се аџилакот, постот, милостината не ви требаат реформи бидејќи со тоа се губи уникатноста на верата. И тоа сосема го оправдувам.
Еве конкретен пример: истото прашање го поставив мислам вчера ама не ми се одговори: значи живееме во 21 век, постојат судови и полиција (чувари на ред и мир), дали ти лично сметаш дека некои одредби од шеријатското право (кои се навистина брутални за мене) треба да се реформираат и приспособат на денешните услови, односно да се демократизираат. На пример сечење рака/нога, убивање заради прељуба и сл.
 
P

Princ

Гостин
Колку грубо и да звучат шеријатските правила, а и мојот став и мислење, јас сепак мислам дека нема потреба од реформи на шеријатските правила. Во исламските земји (кадешто се бара да се имплементираат шеријатските правила) шеријатот е суд и полиција (чувар на ред и мир). Прељубата, кражбата... се смртни гревови, во двете наши религии. Колку грубо и да ни звучи тоа, крадец во земја во којашто владее шеријатот, само еднаш може да изврши такво дело. Втор пат не, нема раце со кои би украл. Прељубниците се сосем друга категорија на луѓе во мои очи и заслужуваат смртна казна. Тие се расипништво, црв, на едно општество. Ако почнеме сите да ги пердашиме жените на ближните наши, искористи ја малку логиката за да го видиш крајот (казна во демократско општество нема за прељубата, пази, за смртен грев во двете наши религии нема казна во демократско општество, никаква, ни 100 евра парична казна). Повеќе за шеријатот овде.
Уште нешто... кога муслиманите би биле муслимани, а христијаните христијани, не би имале потреба од суд и полиција (чувари на ред и мир) и би живееле во хармонија сите.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Принц, ако за секое неетичко и недостоинствено однесување, спротивно на моралните и божјите закони, се сече рака или нога, во полош случај се врши тортура (психичка или физичка), а во најлош се убива, не знам дали би останале двајца вистински и правилни верници. Престрог и пресуров начин да се држи еден народ во покорност (ред и дисциплина).
Прашањето може да го разгледаме и од друг аспект: што ако човекот на кој му се суди е странски државјанин и на некој начин не подлежи на шеријатскиот суд (туку на Меѓународниот суд на правдата)? Дали нема да биде "грев" што на него ќе му ги отсечат рацете или нозете, а тој не е верник во исламот и не ја признава неговата власт.
 
P

Princ

Гостин
Заеби меѓународен суд, Иран (пример) не е го признава, сосема легитимно право.
Ако ти одиш во Белгија, ќе ги почитуваш Белгиските закони, без разлика што немаш Белгиско државјанство. Се разбираме мислам.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
ok marcus ama baram da mi odgovori Omer koj e citatot od Kuranot vo slucaj na Muslimanot da mu se dopadne nekoja druga zena :nesum:
Veruvam omer ke odgovori:smir:
Advisor, nesto se zaobikoli/ignorira ova prasanje.
Koj e citatot od Kuranot vo koj e odredeno kako treba da postapi vernikot dokolku posaka tuga zena?
Molam nekoj dobar poznavac na Kuranskite ajeti i hadisi da dade pristoen i kulturen odgovor.:smir:
 
P

Princ

Гостин
Во Куранот не се опишуваат сите детали до последна точка. Шеријатот (наш уставен суд) во склоп со Куранот (Уставот) ги прават подзаконските акти. Во моментов не можам да барам низ Куранот точен цитат, ама не верувам дека ќе најдам нешто конкретно.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Во Куранот не се опишуваат сите детали до последна точка. Шеријатот (наш уставен суд) во склоп со Куранот (Уставот) ги прават подзаконските акти. Во моментов не можам да барам низ Куранот точен цитат, ама не верувам дека ќе најдам нешто конкретно.

Да го оставиме тоа на некој што знае и има време. :pipi:
 
P

Princ

Гостин
Во ред, а дотогаш не го повторувај прашањево бидејќи очигледно би било зошто некој не го одговара: не знае, нема време или не постои таков цитат од причини што ги спомнав погоре :pipi:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Види, подобро е да се почека-отколку да се даде било каков одговор, по секоја цена.
А јас имам доволно трпение и здрави нерви. Ќе почекаме. :smir:
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
35
Поени од реакции
3
„Жената доаѓа со лик на шејтан и заминува со неговиот лик. Затоа ако на некој му влезе во око некоја жена, нека си оди кај својата жена и со неа нека има однос, тоа ќе му ја отргне сворената визија.“(Муслим)
 
Член од
16 август 2007
Мислења
96
Поени од реакции
15
„Жената доаѓа со лик на шејтан и заминува со неговиот лик. Затоа ако на некој му влезе во око некоја жена, нека си оди кај својата жена и со неа нека има однос, тоа ќе му ја отргне сворената визија.“(Муслим)

lele...i pak znaci zenata e gaolot...cncncnc abe kako moze da nekoja kreacija za koja se tvrdi deka e bozja da se pridavaat epiteti na shejtanska?

ili figurativen e ovoj ajet?

i kako moze sega islamot da ja voskreva zenata na piedestali i ostalo koga vamu ja poisteovetuva so sejtan?

i posle bibilijata e kontradikorna?

ni toa ni toa be luge...se zagubila sistinata na verata,,sega ostanalo samo pranjeto mozak!:salut:
 
P

Princ

Гостин
А мозок за да го испереш треба да го имаш (brainless.. мала шала :icon_lol:)

Ако го прочита убаво цитатот, ќе ја разбереше поентата на авторот. Доаѓа со ЛИК на шејтан.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
За да се оттргне створената визија, а при тоа имајќи однос, на кого ќе мисли дотичниот маж ако не на предметот на својата желба што пак само по себе е грев.

“Кој поглеедне жена/маж со желба веќе сторил грев во срцето свое“-а камоли пак да ја изгониш грешната желба со однос. На тој начин човекот тоне се подлабоко и подлабоко.

Па уште и компарација на ликот на женета со шејтански лик...:devil1:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
За да се оттргне створената визија, а при тоа имајќи однос, на кого ќе мисли дотичниот маж ако не на предметот на својата желба што пак само по себе е грев.

“Кој поглеедне жена/маж со желба веќе сторил грев во срцето свое“-а камоли пак да ја изгониш грешната желба со однос. На тој начин човекот тоне се подлабоко и подлабоко.

Па уште и компарација на ликот на женета со шејтански лик...:devil1:

Ќе ти одговорам на мој својствен начин, па ти види, извлечи заклучок.:star:


  • Од прозорот на една гостилница во селото во кое што живеел Насрадин Оџа се чувствувал мирисот на убавите јадења и мезиња. Аха...:duel:
    Еден сиромав немал ниту скршен денар во џепот,па застанал под прозорот и на тој начин го вдишувал прекрасниот мирис. Одеднаш на вратата се појавил газдата на гостилницата па го зграбил на сиромавиот и му побарал да му плати за тоа што мирисал од убавите јадења кои се наоѓале во неговата гостилница. Но, сиромавиот немал пари да му плати на гостилничарот, па овој го однесол кај насрадин Оџа,којшто бил кадија во своето село,тој да му пресуди. Кога оџата ја сослушал оптужбата, малку подразмислил, па ја изрекол пресудата: “ Почитуван гостилничар, овој човек овде е должен да ти плати петстотини денари.!”

Потоа Насрадин извадил од џепот петстотини денари па ги ставил во една чаша и почнал со нив да звецка покрај увото на гостилничарот.


Па му рекол: “ Ете,сега долгот тие вратен!”- па си ги вратил парите во џепот.


Ама, како долгот мие исплатен кога не добив ниту денар?” -се разгаламил гостилничарот.


Ги доби парите исто онака,како што овој сиромав ја изеде твојата храна!” - завршил Насрадин Оџа. :buum:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom