- Член од
- 5 мај 2005
- Мислења
- 4.454
- Поени од реакции
- 178
Ја следев твојата дискусија со Аллахов роб и Каказиња, Аллах да ги награди, и сметам дека добро ти одговорија!
rymz, не може да се исклучи хадисот од Исламот. Не може Кур'анот да си го интерпретира секој на свој начин, поготово не оние кои што немаат доволно познавање за него. Тоа би било исто како јас сега да земам една книга за медицината и да почнам на своја рака, да правам операции, поправам и тргам заби, лечам деца, породувам жени, ставам гипсови итн. Не оди тоа така!
Значи, базата, основата на покривањето на жената е дадена во Кур'анот, а начинот на имплементација на таа основа, база, наредба е објаснета и покажана во Хадисот или Суннетот на Мухаммед а.с.! Така е и со другите ибадети ( намазот, постот, хаџџот, зекатот итн.) Основата е во Кур'анот а нивното појаснување и начинот на извршување во праксата на Мухаммед а.с. !
Не може во една Книга од 600 и нешто страници да бидат до детали објаснети сите сегменти од исламскиот живот. Тука, како неодвоив дел се наметнува и Хадисот.
Ај сега толку, се спремам за Џума намаз, па иншАллах навечер ќе го досредиме ова прашање.
П.С. Клањањето на Џума намаз е фарз ( наредено во Кур'анот во општа форма), начинот на клањањето, бројот на рекати итн. ни го појаснил и објаснил Мухаммед а.с.). Оваа аналогија земи ја и со покривањето на жената. Значи, базата е во Кур'анот а целосната разработка на истата е во Суннетот / хадисот на Мухаммед а.с. !
Си следел, ама не ти одговарало. Ни робот, ни Каказиња не ми одговорија. Каказиња дури си призна јавно дека не е компетентна да ми одговори. Како тогаш ти зимаш за право да кажеш дека она нешто одговорила?
Болдираниот дел од тебе многу ми се допаѓа. Особено тоа што самиот си свесен дека Куранот НЕ СМЕЕ да се интерпретира по слободна воља. Во Куранот убаво си е објаснето. Да се покријат срамните делови од телото. Не знам зашто тоа не ти е јасно, па се обидуваш со амандмани, хадиси, сунети упорно да дојдеш до моментот да жената ја забулиш...Никаде тоа не го пишува. Упорно тврдиш, а цитати нема.
Значи, уште еднаш, да ти оставам до знаење, дека имам доволно познавање од арапскиот јазик, од Куранот, и од Исламот. Дедо ми беше оџа, прв мој братучед е магистар теолог. Верувај, тематиката е дебатирана,и анализирана со денови, месеци. Со учени луѓе. Не со форумџии.
Затоа си земам за слобода, да ти кажам дека погрешно го толкувате исламот, и затоа во денешен ден муслиманите се толку оцрнети во целиот свет. Поради радикалните сфаќања и погрешните толкувања. Исламот е чиста религија. Единствена религија која што бара беспрекорна хигиена. Од друга страна, баш тие што го толкуваат Куранот како им е мило, пуштаат бради на кои што им се собира прашина. Да не навлегуваме многу. Да се фокусираме значи кај женската облека. Децидно барам цитат од Куранот, каде што треба да се забули жена. Потенцирам...од Куранот. Таков ајет нема. Свесен си. Затоа, се вадиш на Хадиси. Ок, еве нека бидат и Хадиси. Цитирај ми хадис каде пишува дека жена треба да се забули. Пак...нема такво нешто. Си зимате за слобода, толкувате нешто како што ви одговара.
Зашто викам дека е така...Еве да ти направам споредба.
Куранот. Господова книга. = Да се покријат срамни делови од телото.
ТОЛКУ! Зборови на господ се тие. Кој си ти, јас, или било кој друг да го промени тоа, да го толкува на поинаков начин?? Ние сме обични смртници. Не смее да си изигруваме сега пророци, па да си кажуваме што сакал да каже авторот со тоа. Се знае што се мисли со срамни делови. Полови органи.Крај...
Стварно не ми е јасно зашто упорно тврдиш нешто што не е така.
И на времето оџите викаа дека школото е харам, дека не чини да се иде во школо, дека таму шејтанот не чека. Која иронија...исламот кој што на Франција им донесе канализација, на светот бројки, првата операција изведена, и триста други научни достигнувања....на крај стигнавме да свештеник да ти забрани да се образуваш...Згора на се...слепо го браниш тој став...
Така да, прочитај го пак болдираното што си го напишал, и немој да толкуваш Куранот ...дека тоа се зборови на господ, ти си обичен смртник за да ги промениш.
Ama zosto preteruvas. Kakva Arapska kultura, koj zboruva za kultura??!! A baska da ti ja ebam belata kultura.
Prostitucija, droga, satanizam, kamati, pornografija!!!Kakva kultura ima tuka?
Covek si, limitiran mozok, i baska ti najde mene da mi zboruvas za toa sto e pravilno a sto ne e? Sto imas ti vo tvojata biografija?! Nisto, samo prcanje po forumi, nisto drugo. Daj razbistri se covek, zivotot ne e samo free will, ima nekoj nad tebe.
Прво, обиди се да разбереш што кажа Пикасо, и зашто го кажа тоа.
Прашај било кој албанец за Куранот, се ќе ти каже. Прашај да ти наброи 5 албански писатели, и ќе ти стане јасно.
Јас, сум роден албанец. Тоа..не можам да го променам. Верата, сам сум ја одбрал во што да верувам.
Албанската култура е запоставена, а наспроти тоа, луѓето ја негуваат арапската култура. Јас човече немам ништо сродно со арапската култура. Ама баш ништо. Јас сум албанец. Родум во Скопје, со потекло од Скопје, со прадедо борец со име и презиме. Крвта моја арапска не бидува. На погреб кај нас во фамилија оџата на албански зборува. Дека албанец се погребува. А не арапин...
Тоа сака да ти каже Пикасо. Но и ти, бранејќи го исламот, отфрли се албанско во тебе.