Јеховините сведоци не извршуваат самоубиство, ниту пак учат дека луѓето треба да се самоубиваат. Напротив, тие учат дека животот е свет и тој ни е подарен од Бог за живеење. За нив самоубиството е грев како и за сите други христијани. Тој што се самоубил сигурно не бил Јеховин сведок, а дури и да се нарекувал така или пак да го нарекувале така, тоа воопшто не може да им се префрли на Јеховините сведоци.
Па нели постојат еден куп православни што извршиле самоубиство. Дали тоа значи дека православието учи да се самоубиваме? Не. Затоа, заради некои специфични и недокажани работи, не треба да префрламе вина на целата група.
--- надополнето ---
Точно е тоа дека во тој стих (14-от) Бог не му кажал како се вика, туку му кажал во следниот 15-ти стих:
14 „ЈАС СУМ, КОЈ СУМ,” му рече Бог на Мојсеја. Потоа продолжи: „Кажи им вака на Израелците: ‘ЈАС СУМ, ме испрати при вас.’”
15 Натаму Бог му рече на Мојсеја: „Речи им на Израелците вака: ‘Господ (
ЈХВХ), Бог на вашите татковци, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов, ме испрати при вас.
Тоа е Мое име довека, така ќе Ме викаат од род до род.’
Значи Бог не го кажува Своето име во 14-от стих и точно е тоа дека фразата "ЈАС СУМ КОЈ СУМ" не е Името Божјо. Името Божјо е кажано во следнот 15-от стих: ЈХВХ.
И како што кажав, не само овде, туку и на 7000 други места во Библијата, така што крајно несериозно е да се одрекува Божјото Име ЈХВХ во Библијата. Иако Јеховините сведоци се најгласни по ова прашање и силно го потенцираат изговорот на Божјото Име, истото е признаено и од православните, католиците, протестантите и многу други верски заедници кои ја признаваат Библијата.
"А Господ е Бог Саваот;
Јехова е името Негово." (
Осија 12:5, православен превод на Библијата)