Ок, ги изгледав видеава што си ги поставил. Е сега вака: Слушајќи ги луѓево сфатив една работа, дека сите, дури и тој докторот, кој некако најдобро ми елаборираше зошто станал верник и тоа муслиман, биле луѓе прилично збунети од реалноста кои барале некаков одговор или значење во животот и едноставно се фатиле за првото нешто што им дошло при рака, и во цела таа збунетост им имало некакво значење, во нивниот случај ислам. Има вакви милион примери за збунети луѓе кои наоѓаат некакво значење во религиски и спиритуални текстови, затоа и има многу кои стануваат будисти, таоисти, кришновци, џаинисти и останати религии и спиритуални учења, не само ислам. Стануваат се тоа бидејќи мислат дека тоа е полесниот пат кон некакво разбирање, ама за жал не се свесни дека е погрешен и е само илузија на реалноста. Реалноста знае да збуни ама сепак има начин да се разбере и се вика Наука и научен метод.
И ова не го зборам чисто оти сум против религии, го зборам затоа што за разлика од сите други "потраги" по одговори, науката дава вистински и реални резултати.
Значи овие луѓе неможам да сватам како се нарекуваат бивши атеисти, тоа не ми е јасно, и не верувам дека некогаш биле вистински атеисти.
За да ме сфатиш подобор еве ти аналогија:
Како можам сега да се вратам да уживам и да сакам да си играм со колички играчки, кога сега имам вистинска кола да возам, вистински? Истото е и со станувањето атеист/скептик/секуларист. Овие луѓе според мене биле збунети, и незнам како можеле да се нарекуваат атеисти...
А од друга страна па оние кои го напуштаат исламот (и други религии) тоа го прават поради лошото долгогодишно искуство кое го имаат од практиките на таа вера, не поради тоа што се збунети и бараат некаква филозофија која ќе им исполни некакви интелектуални очекувања. Мислам дека има ГОООООЛЕМА разлика од овие до оние.
Лошо искуство vs збунетост/барање значење на погрешно место, јас сепак му давам предност на искуството бидејќи е реално оправдување за напуштање на одредена идеологија.
Е сега можам и јда ставам видеа и линкови до бескрај ама со тоа нема да постигнеме ништо. Ама ај еве колку да видиш дека има многу апостати, како што се нарекуваат во исламот:
http://ex-muslim.org.uk/members/uk/
Тука се членовите од Велика британија, со нивните мислења.
http://ex-muslim.org.uk/members/international/
Истиот сајт само за интернационално членство.
http://www.apostatesofislam.com/apostates.htm
Сајт со апостати, имаш дури и контакт мејл ако сакаш да ги контактираш ако не ти е јасно нешто. Гледај од нив колку се атеисти и агностоци. Има и други вери секако.
http://www.youtube.com/watch?v=od17TU_Xkwk&feature=related
Глеј го овој и направи разлика од тоа што тој го збори како причина зошто од муслиман станал атеист, и од оние "атеисти" кои станале муслимани.
Женава е многу паметна и храбра и ја кажува вистината за исламот без страв. Најинтерсно е што најверојатно жените се тие кои ќе го урнат исламот на крајот, како најголеми жртви на исламот и оние кои го напуштаат во најголем број.
Оние кои исламот ги прави суштества од втор ред, да бидат причина за неговиот пад. Многу сакам кога иронијата мава право у муда.