Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
trte....., а си погледнал ли колку атеисти отишле во ислам?
Прав атеист, ако навистина го мислел тоа што го тврди, нема да потклекне на било каква религија, била таа христијанство, ислам, или што и да е.

А има доста ропаци кои само од бунт тврдат дека се атеисти, за после кога ќе им се слули трагедија или траума во животот, да почнат да му се молат на имагинарен wish-granter.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
153
Поени од реакции
79
Прав атеист, ако навистина го мислел тоа што го тврди, нема да потклекне на било каква религија, била таа христијанство, ислам, или што и да е.

А има доста ропаци кои само од бунт тврдат дека се атеисти, за после кога ќе им се слули трагедија или траума во животот, да почнат да му се молат на имагинарен wish-granter.
a ovoj sto bil znaes?
Cat Stevens / Yusuf Islam​

Cat Stevens in Böblingen, Germany in 1976​
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
a ovoj sto bil znaes?
Cat Stevens / Yusuf Islam
Cat Stevens in Böblingen, Germany in 1976
И Мајкл Џексон стана муслиман. Your point? Треба да ги следиме славните? Имале поима зошто го избрале исламот?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Абу, а што дека некои станале муслимани?

Станале муслимани и тие што се самоубиваат во името на твојата религија? Треба сега да споредувам едни муслимани со други?
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
trte....., а си погледнал ли колку атеисти отишле во ислам?
Не сум погледнал ај просветли ме.

Еве уште една екс муслиманка која има да каже збор два за нејзиното искутсво со исламот и зошто ги отфрлила сите религии:

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.416
Поени од реакции
5.089
trte....., а си погледнал ли колку атеисти отишле во ислам?
Ај жити Алах твој кажи ми колку и наведи неколку...
--- надополнето: 13 јули 2012 во 03:34 ---
Не само исламот, и христијанството и се друго, се "видови" во изумирање, им се допаѓало тоа на верниците или не... Едноставно самата нелогика и глупости кои ги проповедаат религиите ќе бидат фатални за нив. Светот се врти кон разумот и логиката и тоа на големо. :)
А статистиката го покажува токму тоа.
Во Европа веќе повеќе од пола население е нерелигиозно. Тоа пред само неколку децении не беше така, бројката на нерелигиозни беше далеку помала.
Најголемата промена се има случено последните 2 децении.
Со ова темпо, не им останува многу живот на религиите...
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Многу е едноставно, се си еволуира со време, и религиозните идеологии не се исклучок. Еволирале и веќе неможат да еволуираат во сегашнава форма, затоа ќе исчезнат, бидејќи ќе бидат прегазени од новите идеологии, посилни од нив, бидејќи се основани на факти и докази, а не на фантазии и предрасуди.
Еволуцијата на религијата како човечка идеологија е на својот крај, од анимизмот до политеизмот и на крај монотеизмот како последна фаза на една застарена доктрина која веќе нема сили да се бори со новите реализации на модерниот научен метод кој ќе ги завземе позиците кои сега сеуште ги држи религијата, каде и да е.
Очигледно е мислам, луѓето веќе не се празноглави верници како порано без разлика што сеуште се сметаат за религиозни.
Денес кога се болни одат на доктор, а не на баење или во црква /џамија на чатење од лоши духови и демони. Веќе потсвесно ја развиваат довербата во научниот метод, секако врз кој е базирана модерната медицина, ако сеуште свесно ја прифаќаат лажната реалност која им ја проповеда религијата. Истото се случува и во сите сфери од животот.
Религијата ја губи силата и полека ја отпушта стегата, тоа е, природен процес е не може да се прекине.
Едноставно и дошло времето. Како што на цицачите им дошло времето после масовното изумирање на диносаурусите така е дојдено времето на разумот кој ќе ја наследи религијата.
За диносаурусите пресуден момент било кога удар од астероид ја пореметил целата биосфера, за религијата астеродиот е модерната технологија и интернетот како главно средство за пристап до информации. Самото општество еволуира во нова фаза и со тоа во нови идеологии.
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Ок, ги изгледав видеава што си ги поставил. Е сега вака: Слушајќи ги луѓево сфатив една работа, дека сите, дури и тој докторот, кој некако најдобро ми елаборираше зошто станал верник и тоа муслиман, биле луѓе прилично збунети од реалноста кои барале некаков одговор или значење во животот и едноставно се фатиле за првото нешто што им дошло при рака, и во цела таа збунетост им имало некакво значење, во нивниот случај ислам. Има вакви милион примери за збунети луѓе кои наоѓаат некакво значење во религиски и спиритуални текстови, затоа и има многу кои стануваат будисти, таоисти, кришновци, џаинисти и останати религии и спиритуални учења, не само ислам. Стануваат се тоа бидејќи мислат дека тоа е полесниот пат кон некакво разбирање, ама за жал не се свесни дека е погрешен и е само илузија на реалноста. Реалноста знае да збуни ама сепак има начин да се разбере и се вика Наука и научен метод. И ова не го зборам чисто оти сум против религии, го зборам затоа што за разлика од сите други "потраги" по одговори, науката дава вистински и реални резултати.
Значи овие луѓе неможам да сватам како се нарекуваат бивши атеисти, тоа не ми е јасно, и не верувам дека некогаш биле вистински атеисти.
За да ме сфатиш подобор еве ти аналогија: Како можам сега да се вратам да уживам и да сакам да си играм со колички играчки, кога сега имам вистинска кола да возам, вистински? Истото е и со станувањето атеист/скептик/секуларист. Овие луѓе според мене биле збунети, и незнам како можеле да се нарекуваат атеисти...

А од друга страна па оние кои го напуштаат исламот (и други религии) тоа го прават поради лошото долгогодишно искуство кое го имаат од практиките на таа вера, не поради тоа што се збунети и бараат некаква филозофија која ќе им исполни некакви интелектуални очекувања. Мислам дека има ГОООООЛЕМА разлика од овие до оние. Лошо искуство vs збунетост/барање значење на погрешно место, јас сепак му давам предност на искуството бидејќи е реално оправдување за напуштање на одредена идеологија.


Е сега можам и јда ставам видеа и линкови до бескрај ама со тоа нема да постигнеме ништо. Ама ај еве колку да видиш дека има многу апостати, како што се нарекуваат во исламот:

http://ex-muslim.org.uk/members/uk/

Тука се членовите од Велика британија, со нивните мислења.

http://ex-muslim.org.uk/members/international/

Истиот сајт само за интернационално членство.

http://www.apostatesofislam.com/apostates.htm

Сајт со апостати, имаш дури и контакт мејл ако сакаш да ги контактираш ако не ти е јасно нешто. Гледај од нив колку се атеисти и агностоци. Има и други вери секако.

http://www.youtube.com/watch?v=od17TU_Xkwk&feature=related

Глеј го овој и направи разлика од тоа што тој го збори како причина зошто од муслиман станал атеист, и од оние "атеисти" кои станале муслимани.



Женава е многу паметна и храбра и ја кажува вистината за исламот без страв. Најинтерсно е што најверојатно жените се тие кои ќе го урнат исламот на крајот, како најголеми жртви на исламот и оние кои го напуштаат во најголем број. :) Оние кои исламот ги прави суштества од втор ред, да бидат причина за неговиот пад. Многу сакам кога иронијата мава право у муда. :pos:
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Prashanje do ateistive:
Zoshto ateistite chmaat po zel dena na podforumot za religija, a ne idat vo nauka i tehnologija i tamo da si davaat definicii od fizika i hemija i da si trazat logichki reshenija?
Ima i rima....:sneaky:
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Prashanje do ateistive:
Zoshto ateistite chmaat po zel dena na podforumot za religija, a ne idat vo nauka i tehnologija i tamo da si davaat definicii od fizika i hemija i da si trazat logichki reshenija?
Ima i rima....:sneaky:
Затоа што си одговори на прашањето.:P
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Prashanje do ateistive:
Zoshto ateistite chmaat po zel dena na podforumot za religija, a ne idat vo nauka i tehnologija i tamo da si davaat definicii od fizika i hemija i da si trazat logichki reshenija?
Ima i rima....:sneaky:
За да ви ги отвориме бар малце очите, за да има разум во вашето „верување“ или да погледнете сите дека има и други опции во светот, и да се развие малце хуманизмот, доста е крвопролевања и омраза! Како атеисти најчесто сме доста начитани (повеќето) за религии и не интересираат религии. Не треба да верувам во нешто за да ме интересира. Никој не верува во Бетмен ама кога ќе излезе нов филм сите идеме во кино нели?
--- надополнето: 14 јули 2012 во 14:40 ---
Добро човече те читам од преѓес и неможам да те сватам. По стоти пат, добро образуван и информиран атеист нема да премине во друга вера. Зошто? Пошо ги согледал сите можности и се дистанцирал себеси од верување во бог. Пушташ клипчиња од луѓе што смениле религија, знаеш колку такви има? Милион! И што? Мислиш дека со тоа што некој сељак војник од САД станал муслиман - го направил вистинскиот избор? Објасни ми што е вистински избор. Објасни ми дека ти си го направил вистинскиот избор, а не јас! Почитувам религиозни луѓе, се додека си ја гледаат својата религија, и својата работа се додека не премине во фанатизам и меѓурелигиска омраза. И имај на ум, во последните 100 години атеистите се шират многукратно побрзо отколку муслиманите, гледаш кон што одиме така? Или кон смрт и деструкција, или кон безрелигиско општество, сакаш прифати го тоа или не, тоа е вистината.
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
За да ви ги отвориме бар малце очите, за да има разум во вашето „верување“ или да погледнете сите дека има и други опции во светот, и да се развие малце хуманизмот, доста е крвопролевања и омраза! Како атеисти најчесто сме доста начитани (повеќето) за религии и не интересираат религии. Не треба да верувам во нешто за да ме интересира. Никој не верува во Бетмен ама кога ќе излезе нов филм сите идеме во кино нели?


quote]
Ако добро те разбрав......сакате да не „просветлите“, да си ги отвориме очите.
Замисли...ние верниците цело време работиме на тоа како да се „просветлиме“.......и сега вие ќе не просветлувате “со наука......:facepalm:
А доста си начитан велиш?
Да не мислиш случајно дека верниците се тупи и глупи?
И никој од правите верници не шири омраза и крвопролебање.....на страна некои од монотеистичките религии.....
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако добро те разбрав......сакате да не „просветлите“, да си ги отвориме очите.
Замисли...ние верниците цело време работиме на тоа како да се „просветлиме“.......и сега вие ќе не просветлувате “со наука......:facepalm:
А доста си начитан велиш?
Да не мислиш случајно дека верниците се тупи и глупи?
И никој од правите верници не шири омраза и крвопролебање.....на страна некои од монотеистичките религии.....
И се просветливте ли?
Велиш некои од монотеистичките (дури 3), колку од тие 3 настрана?

Ако е и од Само Човек, многу е.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom