Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
А снови највише вреде кад стобом оседе, стобом остаре... - Ѓоле Балашевиќ

Туку нека каже во што сака да биде број еден на форум, да видиме дали имаме шанси да куртулиме :)
Од што да куртулиш бе?
Самиот си најголема опасност за себе......ти гарантирам (y)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Да, Бог е еден за сите, ама муслиманите мислат дека вие ќе горите во Пеколот зошто не ја прифаќате последната објавена Божја книга - Куранот.
Чест секому ќе направам, не треба да сум верник за да бидам културна со луѓето.
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:41 PM ---

Студирам психологија.
Изработувам психолошки тестови, и професорите ни правеа на нас.
За жал, ти мислиш дека треба да имаш психички проблеми за да ти направат психолошки тест.
Колку да те потсетам, во прво одд ти направија веќе, да видат дали си спремен да почнеш да одиш на училиште.
Неинформираноста е најголема болест, дефинитивно.
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:42 PM ---

Како тоа на крштевка Цеца?!
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:45 PM ---

Џули, јас имам не еден, два имендени (имам две имиња, секое е од нив има соодветен именден), но не славам ниту еден.
Баба ми има слава. Јас јадам тавче гравче кај неа. И правам чест на жената. Ништо нема да се промени во мојот атеизам ако и укажам чест, внимание.
Тебе да те видам на улица за Божиќ, ќе ти кажам Христос Воскресе.
Исто како што се поздравувам Селам Алејкум со моите пријатели муслимани.
Мене ништо тоа не ме кошта, но ги радува луѓето кои ми значат.
Тоа не ме прави верник, туку културна личност.

Здраво Пурпле Пума како прво муслиманите нема што да мислат за нас а и ние нема што за нив за тоа мислам не дискутирам повеќе многу пати напоменав има кој да ни суди .
А за тоа што сте психолог мило ми е никој тука не омаловажувам без разлика на професијата сите сме едно а по професија јас сум до тебе но нема да се рекламирам тука .

Второ кога кажав Цеца на крштевка сигурно не мислев за церемонијата во црква се знае каде се прославува тој свечен чин.
Понатаму драга Пурпле Пума културата е битна работа точно дека и поздравувањето е важна особина во тој поглед но доколку немате верба во нешто немојте напразно да ги употребувате тие зборови..од култура се кажува добро утро,добар ви ден ,се најубаво итн.,зарем и од култура бојадисувате јајца ...јас доколку не би верувала во нешто цврсто би стоела до тоа.Културата се покажува на други илјадници начини...позз
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.462
напразно да ги употребувате тие зборови..од култура се кажува добро утро,добар ви ден ,се најубаво итн.,зарем и од култура бојадисувате јајца ...јас доколку не би верувала во нешто цврсто би стоела до тоа.Културата се покажува на други илјадници начини...позз
Драга Џулија. Од каде да почнам да ти ги расчистувам дилемите...

Прво, од култура се вика и Салам Алејкум и Честит именден и Ај на ваша глава и илјадници други фрази. Јас лично сум атеист ама поголем дел од пријателите и роднините не се и избегнувам да ги навредам, сакам да ги испочитувам нив и нивните чувства. Јајца никогаш не сум вапцал, жените по дома вапцаат, ама претпоставувам дека ако на некој Велигден ми текне да вапцам ќе го направам тоа за моите јајца да не изгледаат погрди од другите. Па сите да викаат: види го оној какви јајца има, од другар му јајцата се појаки. Нејќу да се срамам.

Причини зошто се прават некои работи има 1000 и секој за себе си знае. Атеизмот е неверување во Бог. Нема ништо понатаму од тоа, нема код на однесување, заеднички ритуали и практики. Секој со својата тиква на рамената и со своите сваќања и навики.

Ние цврсто не веруваме дека постои Бог. Јајцата немаат блага врска со тоа, посебно ако се средно варени и немаат пуштено многу боја внатре.

Се надевам појасно сега.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Јас не знаев дека е празник, додека не ми се јави братучедка ми да ме вика на слава. :) Отидов, испив една ракија, и си заминав.
Укажување на чест е една работа, а сосема друга е верување.
Дали ти како христијанка нема да направиш чест на соседот муслиман, нема да ја прифатиш баклавата за Бајрам?
Каква чест си и направила, алал нека ти е. Јака беше ракијата? На екс ја дрмна, онака атеистички колку побрзо да ја откачиш и да си заминеш?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За нас се само јајца.
За мене тоа не се „само обични јајца!“

Тоа се јајца во боја. Шарени јајца. Необични!
Се разбирате во јајца вие атеистите :)

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ме заболе **** за твојата другарка и за тебе, за вашата верба или вашиот атеизам. Not my problem.
Што значат бе 4 ѕвездички? Сигурно 2-3 минути се мислам...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
А за тоа што сте психолог мило ми е никој тука не омаловажувам без разлика на професијата сите сме едно а по професија јас сум до тебе но нема да се рекламирам тука .
И ти си бруцош? Или матурантка во некоја гимназија?
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--
Јајца никогаш не сум вапцал, жените по дома вапцаат, ама претпоставувам дека ако на некој Велигден ми текне да вапцам ќе го направам тоа за моите јајца да не изгледаат погрди од другите. Па сите да викаат: види го оној какви јајца има, од другар му јајцата се појаки. Нејќу да се срамам.
Се надевам појасно сега.
Не сум згрешил погоре.

Јасно, јасно...

Него прашање до атеистите:
Дали мислите дека поради вашата интелигенција не верувате во Господ и дека верувањето во Господ е за простата маса?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.462
Се разбирате во јајца вие атеистите :)

Него прашање до атеистите:
Дали мислите дека поради вашата интелигенција не верувате во Господ и дека верувањето во Господ е за простата маса?
И од баклава имаме познавања.

За прашањето: не.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.946
Поени од реакции
15.090
Каква чест си и направила, алал нека ти е. Јака беше ракијата? На екс ја дрмна, онака атеистички колку побрзо да ја откачиш и да си заминеш?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се разбирате во јајца вие атеистите :)

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Што значат бе 4 ѕвездички? Сигурно 2-3 минути се мислам...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

И ти си бруцош? Или матурантка во некоја гимназија?
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
--

Не сум згрешил погоре.

Јасно, јасно...

Него прашање до атеистите:
Дали мислите дека поради вашата интелигенција не верувате во Господ и дека верувањето во Господ е за простата маса?
пример за тоа како интерашите одат оф топик. За повеке примери постете го фан клу интер или разлистајте ја претходната тема фан клуб интер која беше отворена од Деко. :D
--- надополнето: Nov 10, 2011 4:06 PM ---
Сеуште има силна причина за вера во Господ - неможноста на науката да одговори на базични научни прашања.
ова е од темава ( за да не одиме офф топик таму ). Те молам кажи кој се тие базични прашања да видиме дали може да се одговорат

Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!

п.с. А да си земеш еклер?
а во што верува поголемиот дел од светската популација. Мене тоа не ми е уште јасно. 90% од лугето ,,веруваат'' во бог а не знаат да ми објаснат во што веруваат.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
И од баклава имаме познавања.

За прашањето: не.
Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!

п.с. А да си земеш еклер?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Џули бе... ти ептен скарана со христијанствово изгледа. Нели библијата е речта на Бог, преку неа тој комуницира со нас смртниците. Нели таму е запишано се што е потребно да правиме и не правиме. Фарбање јајца и фарбање форумџии никаде не се спомнува во библијата.

Црковни книги, адети, ценовници и тракатанци си се работа на црквата ама зошто ти вака умна и паметна да веруваш во работи кои ги напишал обичен смртник кој не знае ништо повеќе од тебе? Не е ли подобро да си ја користиш својата глава за мозгање? Приказната за Марија Магдалена и јајцето кое станало од бело црвено не е ништо поразлична од било која епизода од Македонските народни приказни. Тоа е само приказна, најобична.

Еве да ти пишам за една црковна книшка која ја имав дома како мал и редовно ја читав. Мислам дека најмногу верував во Бог поради таа магична книшка која ја имаше издадено СПЦ и беше на српски јазик, а ја имаше напишано некој човек кој наводно доживеал клиничка смрт па се вратил во живите. Чичкото ни раскажуваше за периодот измеѓу, за тоа како бил на небото, што има таму, како изгледал рајот и како се било преубаво за да се опише. Што е проблемот со оваа приказна? Проблемот е што се коси со христијанството според кое мртвите се мртви и ќе останат мртви се додека не дојде Исус и не ги подигне од гробовите и не ги одведе праведните во рајот. До тогаш, мртвите нити гледаат нити слушаат. Така вика Бог во библијата. Освен Илија и Исус никој не се вивнал на небото, со тоа што и двајцата не се вратиле. Така пишува. Тоа и понатаму не е проблем со оваа приказна. Проблем е што приказната е публикувана од една православна црква
, на која не и смета што приказната нема блага врска со нејзиното учење. Поважно е да се присоберат што повеќе фанови и да се продадат што повеќе примероци.

Би било добро секогаш кога добиваш некаква информација, да размислиш за изворот на истата.

Да не се разбереме погрешно, и приказните во библијата се обични приказни, но барем се фурате на тоа дека Бог ги напишал и имам некое разбирање зошто ги прифаќате како вистина, ама од откровението наваму немам попуст за глупости.
Во ред така е за секоја информација да размислиме и за нејзиниот извор,и да знаете размислувам и тоа го прифатив како точно макар и да тоа некој го измислил ,и според мене истиот го направил од почит кон Бог , значи во чест негова некој си смртник го има земено јајцето кое симболично ќе го прикаже воскресувањето на нашиот Бог, како што и мене јајцето ме асоцира на тоа.И според вас бојадисувањето на јајца е глупост така ли?Или јас грешно ве разбрав..Благодарам.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!
И јас не верувам дека Елвис е жив, и без некое логичко објаснување
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
G

galaxy

Гостин
Него прашање до атеистите:
Дали мислите дека поради вашата интелигенција не верувате во Господ и дека верувањето во Господ е за простата маса?
Еве, тука можеш да видиш каква врска има интелигенцијата и верувањето во Господ

Ете до кое ниво интелигенцијата е правопропорционална со верувањето во Господ. Потоа нема правила за пропорционалноста на интелигенцијата со верувањето во Господ.

Над ова IQ други фактори влијаат многу повеќе отколку самото IQ.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.462
Во ред така е за секоја информација да размислиме и за нејзиниот извор,и да знаете размислувам и тоа го прифатив како точно макар и да тоа некој го измислил ,и според мене истиот го направил од почит кон Бог , значи во чест негова некој си смртник го има земено јајцето кое симболично ќе го прикаже воскресувањето на нашиот Бог, како што и мене јајцето ме асоцира на тоа.И според вас бојадисувањето на јајца е глупост така ли?Или јас грешно ве разбрав..Благодарам.
Убаво разбираш ама недочитуваш. Не постои нас. 10 атеисти можат да ти дадат 10 различни одговори по ова прашање. Или било кое друго. Атеистите со сигурност ќе ти дадат ист одговор само ако ги прашаш дали постои Бог.

Значи, според мене, бојадисувањето јајца е супер. Ако сум против бојадисување јајца треба да сум и против графитите. А ги сакам графитите, знаат да разубават скапани згради. Според мене, јајца треба да се вапцуваат секој ден. Секогаш кога ќе го свариш треба да го вапцаш, да одвоиш една минута да му се восхитуваш на направеното и после да го скршиш и да го изедеш. Што има лошо со тоа?

Глупост е причината поради која вапцаат јајца ама и тоа не е проблем. Мене не ми смета. И тебе не треба да ти смета ако јас ги офарбам јајцата или точакот. Моја работа си е зошто сум го направил тоа.

Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!

п.с. А да си земеш еклер?
Па се разбира дека имам, не толку објаснување колку размислување, ама пошто си нов на подфорумов решив да почнам со полесни одговори :)

Поопширно вечер :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom