Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Скептик си ако ти каже шефот дека плата ќе ти качи, а вообичаено те казнува...скептик си ако...скептицизмот е присутен кај сите. И во однос на моите или слични пишувања вие неколкумина сте скептици, така да...
Потполно си во право, и сме скептици. Не би ни биле тоа што сме ако не сме скептици. Но тоа не значи дека треба да го прифатиме неможното од прикаските.
За љубов погрешно ме сфати. Што се коси со вашите погледи за љубов, пријателство, добрина...од погледите на оние кои веруваат во Бога?
Ова баш никаква врска нема. И верници и атеисти возат автомобили. Што тоа ги разликува во ставот кон автомобилите?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што се коси со вашите погледи за љубов, пријателство, добрина...од погледите на оние кои веруваат во Бога?
Тоа што верникот за "љубов" кон бога може да прави работи кој останатите ни во сон не би ги направиле! На пример во библијата како пример и татко на сите нации е земен Абарахам кој бил спремен за таа "љубов" да си го заколе единствениот син!:toe: Вакви примери имаш колку сакаш, како примерот со Содома и Гомора кога домаќинот за да ги заштити ангелите ги нуди сопствените ќерки да бидат силувани.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.815
Поени од реакции
12.304

Пак се фати за...јас не сум ни поп ни теолог за да навлегувам во делови од Библијата, се раководам по Новиот Завет каде не стои дека треба да се коли. Но ако треба да утанчуваме, ок...дали треба да разглабаме и понатаму "доселбата на жив организам од вселената"? Пошто не држи вода ни тоа.
Што се однесува до Содома Гомора, сатаната владеел, нормално е да очекуваш такво нешто од среброљубец, желен за моќ и пороци.

--- надополнето ---

Потполно си во право, и сме скептици. Не би ни биле тоа што сме ако не сме скептици. Но тоа не значи дека треба да го прифатиме неможното од прикаските.

Ова баш никаква врска нема. И верници и атеисти возат автомобили. Што тоа ги разликува во ставот кон автомобилите?
Став, определба, како сакаш наречи го...суштината не можеш да ја смениш...ништо не ги разликува. Дали ти одиш по улица и погаѓаш кој што е? Дали ги одибраш пријателите, друштвото, луѓето... по вера или по срце и душа?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак се фати за...јас не сум ни поп ни теолог за да навлегувам во делови од Библијата, се раководам по Новиот Завет каде не стои дека треба да се коли. Но ако треба да утанчуваме, ок...дали треба да разглабаме и понатаму "доселбата на жив организам од вселената"? Пошто не држи вода ни тоа.
Што се однесува до Содома Гомора, сатаната владеел, нормално е да очекуваш такво нешто од среброљубец, желен за моќ и пороци.
Па јас нереков дека си поп, само ти одговорив на прашањето што се коси во нашите погледи за љубов и оние на верниците. Го споменуваш новиот завет, но и таму стои цитат кој вели: "Оној што љуби татко или мајка, брат или сестра повеќе од мене не е достоен за мене" Што значи дека верникот несмее да ги сака своите најблиски повеќе од Исус ако сака да оди во рајот!:toe:
Епа кај мене ништо не е пред луѓето кој ги сакам! Се надевам дека сега гледаш каде се косат погледите на верниците и на нас, кога е љубовта во прашање.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Став, определба, како сакаш наречи го...суштината не можеш да ја смениш...ништо не ги разликува. Дали ти одиш по улица и погаѓаш кој што е? Дали ги одибраш пријателите, друштвото, луѓето... по вера или по срце и душа?
По нешто сосем трето.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Кажав и предходно, има разлика од невозможно и малку веројатно. Пример: Спонтано организирање на молекули кој во одредени околности ќе создадт органска - жива материја е можност со мала веројатност, но сосема можно, посебно кога ќе се согледа енормноста на универзумот. Од друга страна создавање на човечко суштество во денешна форма и комплексност од купче кал е еднакво на нула веројатност т.е. Невозможно!
Екстремофилите укажуваат дека животот може да се прилагоди на места на кој се додека не се одкријат се сметаат за невозможни.
Прво:
Ова е возможно: „Спонтано организирање на молекули кој во одредени околности ќе создадт органска - жива материја е можност со мала веројатност, но сосема можно“

Второ:
Ова е невозможно: „Од друга страна создавање на човечко суштество во денешна форма и комплексност од купче кал е еднакво на нула веројатност“

Со која наука или научна дисциплина ова го ТВРДИШ.
- Зошто под број 1 е можно (во микро-светот тоа се атоми),
- Зошто под број 2 не е можно (во микро-светот тоа се атоми).

Што е разликата:
- ови атоми од број 1 да можат да бидат живи, дека постои веројантност од тие атоми да станат живи органзими,

- овие атоми од број 2 да не е можно да бидат живи, дека не постои веројатност од тие атоми да станат живи организами.

Само без глупости за сатанизмот, дека од него е се создадено.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Пак се фати за...јас не сум ни поп ни теолог за да навлегувам во делови од Библијата, се раководам по Новиот Завет каде не стои дека треба да се коли. Но ако треба да утанчуваме, ок...дали треба да разглабаме и понатаму "доселбата на жив организам од вселената"? Пошто не држи вода ни тоа.
А зошто не би држело? А држи вода еврејскана прикаска „нека биде....и бидна“? :pos2:
Што се однесува до Содома Гомора, сатаната владеел, нормално е да очекуваш такво нешто од среброљубец, желен за моќ и пороци.
да да сатаната лично :helou:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прво: Ова е возможно: „Спонтано организирање на молекули кој во одредени околности ќе создадт органска - жива материја е можност со мала веројатност, но сосема можно“

Второ: Ова е невозможно: „Од друга страна создавање на човечко суштество во денешна форма и комплексност од купче кал е еднакво на нула веројатност“

Со која наука или научна дисциплина ова го ТВРДИШ.
Зошто под број 1 е можно, (во микро-светот тоа се атоми), а под број 2 не е можно (во микро-светот тоа се атоми).

Што е разликата:
- ови атоми од број 1 да можат да бидат живи, постои веројантност, од атоми да станат живи органзими,
- овие атоми од број 2 да не е можно да бидат жив организам.
Првото е постепен процес на успеси и неуспеси кои во период од МИЛИОНИ/МИЛИЈАРДИ години доведува до ЕЛЕМЕНТАРЕН, примитивен живот. Овој примитивен живот, низ МИЛИЈАРДИ и МИЛИЈАРДИ години развој постепено доаѓа до човек.

Второто е ИНСТАНТ КРЕАЦИЈА (Од апсолутно ништо, да не заборавиме) на најкомплексниот организам нам познат.

Има ОГРООООООООМНА разлика. Стварно не гледам како не ја забележуваш.

Остај што за да заговараш креација од страна на комплексен ентитет се наоѓаш исправен пред проблемот: КОЈА ПОКОМПЛЕКСНА ФОРМА НА ЖИВОТ го креирала Јахве.

Пошто, нели, и твои се зборовите: „Невозможно е од ништо да настане нешто!“
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прво: Ова е возможно: „Спонтано организирање на молекули кој во одредени околности ќе создадт органска - жива материја е можност со мала веројатност, но сосема можно“

Второ: Ова е невозможно: „Од друга страна создавање на човечко суштество во денешна форма и комплексност од купче кал е еднакво на нула веројатност“

Со која наука или научна дисциплина ова го ТВРДИШ.
Зошто под број 1 е можно, (во микро-светот тоа се атоми), а под број 2 не е можно (во микро-светот тоа се атоми).

Што е разликата:
- ови атоми од број 1 да можат да бидат живи, постои веројантност, од атоми да станат живи органзими,
- овие атоми од број 2 да не е можно да бидат жив организам.
Разликата е во тоа што за првото има поткрепа - докази кој укажуваат на еволуциски процеси! Идентични гени се одговорни за идентични функции кај различни организми. Постои конзистентност која може да се докаже дека сите видови на планетава имаат заедничка основа - заеднички предок. Постојат фосили чија старост може да се измери и со чија помош може да се увиди како денешната структура на организмите еволуирала од нив.
Додека за втората понудена можност единствена поткрепа е книга стара неколку илјади години, која не се заснова на експериментирање и набљудување туку на жими мајка!
Само без глупости за сатанизмот, дека од него е се создадено.
Кога сум тврдел такво нешто?!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.815
Поени од реакции
12.304
Па јас нереков дека си поп, само ти одговорив на прашањето што се коси во нашите погледи за љубов и оние на верниците. Го споменуваш новиот завет, но и таму стои цитат кој вели: "Оној што љуби татко или мајка, брат или сестра повеќе од мене не е достоен за мене" Што значи дека верникот несмее да ги сака своите најблиски повеќе од Исус ако сака да оди во рајот!:toe:
Епа кај мене ништо не е пред луѓето кој ги сакам! Се надевам дека сега гледаш каде се косат погледите на верниците и на нас, кога е љубовта во прашање.
До секого е лично дали ќе прифати нешто или не. Иако овде по се изгледа се работи пак за укажување во смисолот на реченицата природното да се постави пред Создателот.
Еве што постои како информација за должноста на децата он блиските (родителите)
Премудриот Сирах рекол: “Сине! Помогни го твојот татко во неговата старост и не разжалостувај го во неговиот век; па дури и со умот ако малакса, прости му и не презирај го” (3, 12). Децата треба да ги почитуваат своите родители, вели и петтата Божја заповед:”Почитувај го таткото твој и мајката твоја, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата” (2 Зак. 5, 16), а почитта треба да биде и со зборови и со дела, кротко и пристојно; “…за да слезе на тебе нивниот благослов” (Сирах. 3, 8). Оние што им се противат на родителите, ги презираат, ги навредуваат, ги разгласуваат нивните маани, ги пцујат или тепаат, во Стариот Завет биле казнувани со смрт (Исх. 21, 15, 16; Раск. 30, 17). Децата се должни да ги слушаат своите родители и да им се покоруваат (Кол. 3, 20). Само тогаш децата не мораат да ги слушаат своите родители, кога тие ќе бараат од нив да прават нешто што е противно на Божјите заповести и државните закони, доколку вториве, не се косат со првите; зашто и Христос вели:”Кој го љуби таткото и мајката своја, повеќе од мене, недостоен е за мене” (Мт. 10, 37).
Непочитувањето на родителите е страшен грев; а додека почитта кон родителите, го излива нивниот благослов врз децата:”Татковиот благослов ги утврдува домовите на децата, а мајчината клетва ги разрушува до темели” (Сир. 3, 9) се вели во Светото Писмо. Сите должности, што ги имаат децата кон родителите, ги имаат и кон старателите; учителите, воспитувачите, роднините, добротворите итн. Зашто тие се грижат за нивното воспитување и напредок, ги заменуваат родителите во вршењето на родителската должност, затоа имаат и власт над децата.

--- надополнето ---

А зошто не би држело? А држи вода еврејскана прикаска „нека биде....и бидна“?
Која од тие погоре теории за вонземјани или самонастанок од ништо (од камен во чорба со клетки строго уредени со органели) во интелигенција, разум, чувства, креативност...држи вода? Која е вистинита за да поверуваме во неа?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
До секого е лично дали ќе прифати нешто или не. Иако овде по се изгледа се работи пак за укажување во смисолот на реченицата природното да се постави пред Создателот.
Еве што постои како информација за должноста на децата он блиските (родителите)
Постои како информација, но и цитатот кој го посочив постои, а тој јасно кажува: "Оној што љуби татко или мајка, брат или сестра повеќе од мене не е достоен за мене"
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Која од тие погоре теории за вонземјани или самонастанок од ништо (од камен во чорба со клетки строго уредени со органели) во интелигенција, разум, чувства, креативност...држи вода? Која е вистинита за да поверуваме во неа?
А зошто мораш во нешто да поверуваш? Како гледам за наукава си скептик, но оберучке прифаќаш еврејскана прикаска „нека биде....и бидна“. Која ти е потребата да веруваш во нешто?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.815
Поени од реакции
12.304
А зошто мораш во нешто да поверуваш? Како гледам за наукава си скептик, но оберучке прифаќаш еврејскана прикаска „нека биде....и бидна“. Која ти е потребата да веруваш во нешто?
Го користам како лично право, лична определба да верувам. Како што секој од вас го користи правото да не верува.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
А зошто мораш во нешто да поверуваш? Како гледам за наукава си скептик, но оберучке прифаќаш еврејскана прикаска „нека биде....и бидна“. Која ти е потребата да веруваш во нешто?
Нема смисла да се верува заради „потреба да се верува“. Христијанинот верува во Бог, затоа што Исус од Назарет, кој беше распнат, погребен, воскресна на третиот ден, е Христос, преку кого сите ние сме откупени, судени и осудени. Откупени сме со крв. Судени сме и осудени. Пресудата е: милосрдие, проштевање. Кој ќе го прифати ова милосрдие, ова проштевање, ја прифаќа од Бога дадената милост. И она што е најголемото: Бог е Бог на живите, а не на мртвите. Можеш да го видиш Исус Христос и сега, нормално ако веруваш во него.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Нема смисла да се верува заради „потреба да се верува“. Христијанинот верува во Бог, затоа што Исус од Назарет, .........
Аха, Интересно......
Повеќето верници (не само христијани....) Веруваат колку да веруваат во нешто

Ама ова болдираното е многу интересно, имено не верувате во таткото, ама верувате во Исус. Да си знаеме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom