Намалете со навредите и со фокусирање на групата која верува/не верува во нешто и зборувајте за верувањето/неверувањето само по себе.
Тука не е ни место за дебатирање околу неверници vs. верници, више ме мрзи да ви спомнувам дека имате тема за тоа.
Преминувате во ад хоминеми. Ако сакате да го одговорите прашањето, одговорете го, ако не, не пишувајте воопшто.
@bukake голем дел од атеистите веруваат дека моралот е резултат на долгогодишна еволуција, развиен од практични причини порано. Денес живееме во комплексно општество и потребни се сложени закони и регулативи кои ќе ги контролираат правилните од неправилните постапки и истите варираат од земја во земја. Моралните вредности кои не се поврзани со законот се исто така составен дел од човекот и според повеќето атеисти кои се и монисти воедно, резултат на мозочните активности, нешто слично на хардвер (мозокот) и софтвер (свеста).
Атеистите не веруваат дека моралот е ексклузивитет на било која религија, а дискусии и појаснувања околу ова прашање можеш да видиш поназад на темава или во темата
Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанстовото и останати убедувања
Исто така, олабави со тролањето.