Прашања до Атеистите II

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Добро а црвена јаболка и јаболка црвена различно да не е?

И значи едниве само кажуваат дека не веруваат, а другиве покрај тоа што кажуваат дека не веруваат ги убедуваат и другите да не веруваат така ли?
Примерот би гласел " не-црвена јаболка и црвена не-јаболка".

Во првиот случај може да е било која боја освен црвена, но сепак е јаболка. Во вториот случај бојата може да е само црвена, но не може да е јаболка т.е. мора да е нешто друго.

Е сеа, атеистите кажуваат дека не веруваат дека постои бог.
Антитеистите веруваат дека не постои бог.

Разликата е во степенот на убедување.
 
A

aye

Гостин

Добро еве да речеме дека е така тогаш атеистите во што веруваат? Пошто нели тие само кажуваат дека не веруваат дека постои бог но не и дека веруваат во тоа што го кажуваат ко антитеистите.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Агностик=не знае дали постои или непостои бог(ови)
Атеист= не верува во бог(ови)
Антитеист= верува дека бог(ови) не постојат
Процедурална забелешка.
Агностицизмот е опозит на гностицизмот, и е сосем друго прашање во однос на верувањето (теизам-атеизам)
Антитеистот тврди дека знае (гностик) дека не постојат богови, што не е далеку од тоа што си пишал, такво ништо никој не може да знае.

Ова сериозно или? Иста реченица во различен редослед.
Е сега имам друго прашање. Како настанале Атеистите, што ги натерало баш така да размислуваат?
Не е истото, разлика постои, неверување не е верување во нешто спротивно.
Атеизмот не е настанат, религиите се. Секој што не ги прифатил (не верува) во боговите од религиите е атеист. Добри прашања би биле зошто луѓето веруваат во богови и зошто толку многу религии и деноминации.
Добро еве да речеме дека е така тогаш атеистите во што веруваат? Пошто нели тие само кажуваат дека не веруваат дека постои бог но не и дека веруваат во тоа што го кажуваат ко антитеистите.
А зошто мора да веруваат во нешто?
 
A

aye

Гостин
Не е истото, разлика постои, неверување не е верување во нешто спротивно.
Атеизмот не е настанат, религиите се. Секој што не ги прифатил (не верува) во боговите од религиите е атеист. Добри прашања би биле зошто луѓето веруваат во богови и зошто толку многу религии и деноминации.

А зошто мора да веруваат во нешто?
Мене не ме интересира религијата како настанала зашто настанала кои се верници зашто се верници и такви работи мене ме интересира само за атеистите, а тоа што морам да ја спомнам религијата е за да се изразам подобро што сакам да кажам.
Значи по некоја логика е така како што викаш (кај блодираното) но мене ме интересира што ги натерало атеистите да не веруваат во Бог т.е да почнат да бидат атеисти, сигурно не се родиле со таква мисла.
И еве поделбиве ме заинтересираа т.е разликата за атеист и антитеист, не гледам јас никаква разлика меѓу тие две групи.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Мене не ме интересира религијата како настанала зашто настанала кои се верници зашто се верници и такви работи мене ме интересира само за атеистите, а тоа што морам да ја спомнам религијата е за да се изразам подобро што сакам да кажам.
Значи по некоја логика е така како што викаш (кај блодираното) но мене ме интересира што ги натерало атеистите да не веруваат во Бог т.е да почнат да бидат атеисти, сигурно не се родиле со таква мисла.
И еве поделбиве ме заинтересираа т.е разликата за атеист и антитеист, не гледам јас никаква разлика меѓу тие две групи.
Да, родени сме сите со таа немисла. Никој не е роден со “вградено“ верување во богови. Или ќе прифати подоцна во животот некаков бог (или богови) или нема. Не можам да не ја спомнам религијата а да ти кажам што е атеист. Атеизмот е стар колку и религиите. Како што реков претходно, не секој ја прифаќал религијата и боговите во својата средина.
Антитеизмот и атеизмот не се спротивност. Убаво ти кажа погоре Сталкер, разликата е во нивото или степеност на убеденост.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеизмот е стар колку и религиите.
....:confused:....

Ако атеизмот е стар колку и релгиите, од кај се појавиле религиите покрај сиот тој атеизам?
Ако човекот не е роден со „врадено„ верување во богови, од кај се јавува човековата потреба од богови?
Ако атеизмот е доволен за човековото битисување и без богови, како се појавиле боговите?[DOUBLEPOST=1397031513][/DOUBLEPOST]
Антитеизмот и теизмот не се спротивност.
...:confused:...

Не са?...
Антитеистот е Богоборец, теистот верува во постоењето Божјо. Кај е тука неспротивноста?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
....:confused:....

Ако атеизмот е стар колку и релгиите, од кај се појавиле религиите покрај сиот тој атеизам?
Ако човекот не е роден со „врадено„ верување во богови, од кај се јавува човековата потреба од богови?
Ако атеизмот е доволен за човековото битисување и без богови, како се појавиле боговите?
Ислам Будизам, Хиндуизам, Шаманство, Паганство, Митраизам... дали се вистински или од човека измислени религии?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Процедурална забелешка.
Агностицизмот е опозит на гностицизмот, и е сосем друго прашање во однос на верувањето (теизам-атеизам)
Антитеистот тврди дека знае (гностик) дека не постојат богови, што не е далеку од тоа што си пишал, такво ништо никој не може да знае.

А зошто мора да веруваат во нешто?
Упс, кикс ...

Него сите веруваме во нешто. На пример , дека сонцето ќе изгрее утре. Дека после нема да заврне дожд. И тоа е верба. :P[DOUBLEPOST=1397031808][/DOUBLEPOST]
....:confused:....

Ако атеизмот е стар колку и релгиите, од кај се појавиле религиите покрај сиот тој атеизам?
Ако човекот не е роден со „врадено„ верување во богови, од кај се јавува човековата потреба од богови?
Ако атеизмот е доволен за човековото битисување и без богови, како се појавиле боговите?
Сме си ги измислиле. Коа нешто не можеш да го објасниш, сам си правиш објаснение. Коа некои работи не одат, полесно е да си кажеш дека некој од горе не дава да биде така , него ли да прифатиш дека ти си ја грешил работата.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
....:confused:....

Ако атеизмот е стар колку и релгиите, од кај се појавиле религиите покрај сиот тој атеизам?
Ако човекот не е роден со „врадено„ верување во богови, од кај се јавува човековата потреба од богови?
Ако атеизмот е доволен за човековото битисување и без богови, како се појавиле боговите?
За првото ќе ги прашаш творците на религиите.
Второто, грешка си. Човекот нема потреба од богови, творците на религиите имаат потреба од членство. На овцата не и треба овчар, но на овчарот му требаат овци.
За третото, види го одговорот за првото
...:confused:...

Не са?...
Антитеистот е Богоборец, теистот верува во постоењето Божјо. Кај е тука неспротивноста?
Грешка во пишување, требаше да стои “Антитеисти и атеисти“. Исправено.
Тоа што нема богоборство ни кај едните ни кај другите, е друг муабет. Мики Ќец е поголем богоборец.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сме си ги измислиле.
Еве, ја сум роден атеист. Си го терам животот по свое, ш‘о ќе ми е друго, понајмалку богови. Ако атеистички водениот живот ми е сосема доволен, зашто да си измислувам богови, на кои треба да им се клањам?...[DOUBLEPOST=1397032078][/DOUBLEPOST]
За третото, види го одговорот за првото
А за првото, да го видам третото...:unsure:[DOUBLEPOST=1397032313][/DOUBLEPOST]
За првото ќе ги прашаш творците на религиите.
Творците на религиите не мислеле атеистички па решиле да створат неатеистички сисеми од учења.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Еве, ја сум роден атеист. Си го терам животот по свое, ш‘о ќе ми е друго, понајмалку богови. Ако атеистички водениот живот ми е сосема доволен, зашто да си измислувам богови, на кои треба да им се клањам?...
Не знам шо мака си видел. Како да знам јас шо те поколебало? Може загрмело и си имаш речено "Некој од горе се лути, сум ја грешил". Или не паднал дожд, па ај може има нешто горе да си пробаме.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не знам шо мака си видел. Како да знам јас шо те поколебало? Може загрмело и си имаш речено "Некој од горе се лути, сум ја грешил". Или не паднал дожд, па ај може има нешто горе да си пробаме.
Одговоров е крајно наивен и детинест. Обиди се троа појќе, а јас пак велам: си живеам атеистички, ми е гајле за све, си терам по свое, и се‘а, што имам потреба да си измислувам свој бог, па дури и да морам да му се молам и клањам, кога до пред малку убо‘ си живеев атеистички живот?...

Атеизмот веќе има поинакво објаснување за дождот, каде боговите не се потребни.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ако идеме хронолошки, атеизмот е постар од теизмот.
сите ние се раѓаме како атеисти. но подоцна ни е наметнат теизмот.
а теизмот се појавил како “потреба“ за да си ги објаснат некои природни појави и сл.
но како еволуирале луѓето, така некои увиделе дека тоа е одлична алатка за контрола на народните маси.
која сакаш религија земи ја, ќе видиш дека секој од нив нуди “казна“. дали абориџините кои се едно со универзумот, дали будизмот со реинкарнацијата, дали христијанството со пеколот, или исламот со омразата кон останатите.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Атеизмот веќе има поинакво објаснување за дождот, каде боговите не се потребни.
Има денес.Пред еден милениум го немало. Да не правиме муабет за античкио свет каде централно место завземал "громовнкот".
 
Kajgana Shop

На врв Bottom