Здраво!
Ми треба мислење. Вработена сум во две општински училишта. И во двете училишта приложив потврда од гинеколог дека сум бремена. Во едното училиште ми рекоа дека сум ослободена од работни обврски и најдоа замена за мене а не побараа да отворам боледување, односно од таму ќе ме исплаќаат 100%.
Во другото училиште рекоа дека немаат основ да вработат друг ако не отворам боледување или да си продолжам да работам он-лајн од дома.
Па испадна он-лајн часови од дома ќе држам само за едното училиште.
И двете институции велат дека другата го крши законот.
Се јавив во МОН од таму ми рекоа дека сум ослободена од работа како што стои во одлуката, но во договор со директорот.
Ми дадоа број од советничка за образование и таа рече дека треба да работам он-лајн бидејќи немаат основ да плаќаат уште еден вработен за исто работно место а јас да не сум на боледување.
Се јавив во Труд и социјала таму еден дечко ништо не знаеше ми препорача со книговодителот во училиштето да разговарам, така да неговото мислење ќе го занемарам.
Со
@bijons се обидуваме да дојдеме до исправно решение ама наидуваме на многу контрадикторности. Секој кажува различно а никој точно.
Последно ја прашав и советничката за образование а и МОН за времетраењето на часовите исто добов одговор: ,,Во договор со директорот или 35 или 45".