Правна помош и совети

Член од
6 јануари 2011
Мислења
5
Поени од реакции
3
Здраво, би сакал да прашам како да се уплатат на сметка 30000 евра кои се семејна заштеда на петчлено семејство со години наназад, дел се одданочени преку плати и пензија, но дел не се и истите треба да бидат искористени за купување на стан. Во банка ми кажаа дека може на сметка да се уплатат максимум 15000 евра по лице во кеш, па решивме како купувачи да се јават две лица во договорот (станот со изјава да се води на едно лице) и на две одделни сметки да уплатиме по 15000 евра, па истите да бидат префрлени на сметка на продавачот. Постои ли можност ујп да не гони после извесен период? Се уште не е потпишан никаков купопродажен договор на нотар.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
5
Поени од реакции
3
Во годишната пријава на ујп си пишува секој колку треба да уплати за данок, ако лицето не ја уплатило сумата државата го гони.
 
Член од
24 септември 2017
Мислења
17
Поени од реакции
52
Zdravo sakam da prasam dokolku te blokira izvristel ti gi blokira smetkite dali primer posle moze izvrsiteot vo stranstvo da ti go naplati dolgot ako izlezam od drzavav so bg pasosh dali ponataka moze i vo stranstvo da mi naplati dolg i dali sega vo megjuvreme mozat da mi zabranat da izlezam od drzavava?
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Здраво, би сакал да прашам како да се уплатат на сметка 30000 евра кои се семејна заштеда на петчлено семејство со години наназад, дел се одданочени преку плати и пензија, но дел не се и истите треба да бидат искористени за купување на стан. Во банка ми кажаа дека може на сметка да се уплатат максимум 15000 евра по лице во кеш, па решивме како купувачи да се јават две лица во договорот (станот со изјава да се води на едно лице) и на две одделни сметки да уплатиме по 15000 евра, па истите да бидат префрлени на сметка на продавачот. Постои ли можност ујп да не гони после извесен период? Се уште не е потпишан никаков купопродажен договор на нотар.
извади прво преглед од банка за неколку години наназад, колку кеш имаш извадено од банкомат, сигурно имаш вадено пари од банкомат, сумирај за неколку години колку кеш имаш извадено, па со тие денари си купил евра
па ќе видиш, дали си покриен. на таа сума не би требало да те оданочат бидејчи е заштеда
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Zdravo sakam da prasam dokolku te blokira izvristel ti gi blokira smetkite dali primer posle moze izvrsiteot vo stranstvo da ti go naplati dolgot ako izlezam od drzavav so bg pasosh dali ponataka moze i vo stranstvo da mi naplati dolg i dali sega vo megjuvreme mozat da mi zabranat da izlezam od drzavava?
Кога те блокира избвршител, не ти повлекува пари, тоа е само потсетување да се јавиш кај него, да договориш како ќе отплаќаш, и ако го сториш тоа, ќе те одблокира.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Кога те блокира избвршител, не ти повлекува пари, тоа е само потсетување да се јавиш кај него, да договориш како ќе отплаќаш, и ако го сториш тоа, ќе те одблокира.
Не иде тоа баш така... Кога те блокира извршител, во налогот за извршување е наведена твојата трансакциска сметка во одредена банка. Со доставување на налогот во банката која е наведена во истиот, банката ти ја блокира сметката а со тоа автоматски ти се блокираат и сите други сметки во сите други банки. Банката на која и е доставен налогот за извршување, доколку има средства на сметката во таа банка, истата го реализира налогот и парите согласно налогот ги префрла на сметка на извршителот. Доколку има доволно средства на сметката налогот се реализира во целост и автоматски банката прави деблокада. Доколку нема доволно средства на таа сметка, тогаш банката префрла онолку колку што има а за остатокот (или за целиот долг по налогот ако воопшто нема средства на таа сметка) си останува блокадата па кога ке стигнат средства банката го реализира налогот. Додека налогот не се реализира блокадата си стои и должникот неможе да работи со ниедна друга сметка. Е сега, работата е во тоа што многу често се случува да извршителот стави блокада на пример на сметката на должникот во Комерцијална банка а должникот на таа сметка нема средства а истиот има средства на други сметки во други банки. Во тој случај доаѓа само до блокада на сите сметки а Комерцијална банка неможе да повлече пари од сметката на должникот на пример во Стопанска банка каде истиот има пари. И блокадата си стои, ниту налогот се реализира и одат пари кај извршителот ниту пак должникот може да извади пари. Во тој случај должникот треба да отиде во банката каде има пари и од таа сметка си префрли пари на сметката во банката каде е доставен налогот (може да се префрлаат пари од блокирана на блокирана сметка) па откако ке се реализира налогот автоматски банката ке го деблокира. Втората опција е должникот да си внесе кеш на сметката во банката каде е налогот па откако банката ке го реализира автоматски се деблокира. Третата опциоја е извршителот да го повлечи налогот од банката во која е доставен (а кеде нема пари) и да издаде нов налог на сметката на должникот во банката каде има пари (доколку дојде до сознание за тоа), но тоа извршителот нема да го направи во секој случај туку само ако е сигурен дека должникот нема и други блокади после неговата блокада, бидејќи со повлекување на налогот од предметната банка се губи редот односно сите подоцни блокади ке дојдат пред блокадатакоја е повлечена. Е сега, тоа што велиш ти, има ситуации во кои извршителот налогот најпрво ке го достави до должникот, ке почека дали должникот ке се јави и ке почне да плаќа, па ако должникот не покаже волја да плати тогаш налогот ке го достави и до банката но тоа е најчесто само во ситуации во кои извршителот го познава должникот и знае дека истиот ке плати па ајде да не му прави дополнителни трошоци (оти банките наплаќаат за блокада и деблокада) или за да не му руши кредитен рејтинг (оти банките не се расположени да даваат кредити на луѓе и фирми кои имаат историја со блокади)....
Автоматски споено мислење:

Прашањето на човекот беше дали од блокадата ке има мака во странство и дали ке може да излезе од државата.... Нема никаков проблем и слободно може да патува, дали со наш или со бг пасош сеедно. Извршителот неможе да постапува во странство така да од тој аспект нема да има мака. Проблем ке има само доколку сака во странство да користи сметка или картица од нашиве банки, тоа нема да може оти ке биде блокиран. Незнам дали ке има проблем и ако праќа пари овде по вестерн или слично, мислам не ама нека си праша. Е блокадата не сака ни леб ни вода, ке си стои во банкта и после многу години, каматите ке си вртат.... и ако еден ден се врати овде и сака нормално да функционира, ке треба да отиде во банката и да искешира согласно налогот на извршителот.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Банката на која и е доставен налогот за извршување, доколку има средства на сметката во таа банка, истата го реализира налогот и парите согласно налогот ги префрла на сметка на извршителот.
Зависи од кого е блокадата, ако е од УЈП оди така, ако не е, не смее да ти повлече пари додека не појдеш да дадеш согласност. Имам случаи околу мене (некои мои): извршител на Стопанска банка, на Град Скопје за неплатен данок на имот, други приватни тужби = никогаш на блокирање не повлекоа пари, иако имаше пари на сметката, освен УЈП.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Ако е потребна согласност од должникот за присилна наплата од извршител врз основа на извршна исправа тогаш која е воопшто поентата на постоењето на извршителите и како воопшто присилно ќе се наплати некој долг?
Постапката е токму онака како што погоре објаснува @lazar31 со доплнување дека слободно може да се плаќа преку вестерн унион и кога се блокирани банкарските сметки.
 
ОК, јас го кажав моето искуство
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
3
Дали би можел во ФЗОМ да им пишам претставка ако можи некој во порака да ми пиши што е запознаен со правна проблематика во делот на работните односи.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
362
Поени од реакции
810
Какви податоци може некој да дознае за некој имот (куќа, нива..)?

Дали смеам да ставам голема сума на пари на сметка во банка?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Ми истекнува возачката дозвола на 12,12,2021
имам 71 година
на едно место кажува НАД 70г треба лекарско, на друго место над 75години ??
некаде пишува да се носат и мали слики за возачка книшка, а поените се укинати поодамна ????
Каде најточно да се информира граѓанин ?????
 
Член од
1 ноември 2021
Мислења
158
Поени од реакции
328

Kajgana Shop

На врв Bottom