Ве молам ако можете да ми помогнете, јас сум од Тетово, имаме проблеми со соседите кои се немирни ден и ноќ, вршат нужда на тераса, собираат отпадоци, постојано не навредуваат и вознемируваат, нападни се, се тепаат, кршат се по куќата, пуштаат гласна музика, свират на инструменти, и сето тоа ненормално се слуша кај нас, оти се залепени за нашиот ѕид од кој половината ни е стакло. Иако куќата им е мала тука живеат 10 души, од кои само еден има лична карта, останатите немаат никакви документи, се прехрануваат така сто крадат и питаат... Тука се веќе осум години и на сите ни сметаат, ги пријавивме повеќе пати во полиција сите од соседите, исто и во испекција, и последен пат оваа недела оти го запалија ќумбето на дрва на тераса, и полицајците ги предупредија ако уште еднаш ги пријави некој од нас од полиција ќе поднесат тужба до општината за да ги исфрлат од тука. Помислив ќе се опаметат, но не, тие истите се. Ако може некој правник да ми каже дали е можно да ги исфрлиме од таа куќа, и како, оти ова веќе не се издржува... Ве молам!