Значи вака:
Колку што барав и јас тоа е, дека нема измени на тој член од правилникот .
Се работи за примерок на крв кој што е земен за анализа на 09.12.2008 во Прилеп, а доставен на анализа е на 19.12.2008 во крим техника во МВР на РМ. Значи тоа е подолго од 48 часа од земање на примерокот за анализа односно околу 215 часа. При извршената анализа констатирано е дека вредноста на алкохол во крв изнесува 6.5 промили, но и вештаците нагласуваат дека таа вредност за нив е од нејасни причини.
Се работи за сообраќајна незгода, каде вој нејзи учесник е и мојот покоен татко, таа вредност е пронајдена кај него, кај другиот вредноста во крв е 2,26 а во урина 2,06.
Скицата од увид јасно кажува дека тоа тоа копилето све живо да му ебам навлегува во лентата на татко ми и го удира затоа што бил пијан камен. Тактко ми после десет дена почина во Карил -во државна.
Поради таа количина на алкохол која е пронајдена кај татко ми, што сигурно е фингирана (јас знам како), јас не можам да остварам право за оштета пред суд и осигурителна компанија.
Го видовте нели член 7 што кажува дека крвта се доставува на анализа не подолго од 48 часа од земањето, а во случајот примерокот на крв од татко ми доставена е на анализа на 19.12.2008, тоа е денот кога почина, а земена е на 09.12.2008. после 9-10 дена е доставена во крим на МВР.
Што значи дека има манипулација од 9/10 дена што ќе се случи со татко ми , тие следат цело време.
Е сега дали има или нема измени до 05.01.2009 на тој член од правилникот чл.7 и дали правилникот е во сила до тој датум.