Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ве молам ако можете да ми помогнете, јас сум од Тетово, имаме проблеми со соседите кои се немирни ден и ноќ, вршат нужда на тераса, собираат отпадоци, постојано не навредуваат и вознемируваат, нападни се, се тепаат, кршат се по куќата, пуштаат гласна музика, свират на инструменти, и сето тоа ненормално се слуша кај нас, оти се залепени за нашиот ѕид од кој половината ни е стакло. Иако куќата им е мала тука живеат 10 души, од кои само еден има лична карта, останатите немаат никакви документи, се прехрануваат така сто крадат и питаат... Тука се веќе осум години и на сите ни сметаат, ги пријавивме повеќе пати во полиција сите од соседите, исто и во испекција, и последен пат оваа недела оти го запалија ќумбето на дрва на тераса, и полицајците ги предупредија ако уште еднаш ги пријави некој од нас од полиција ќе поднесат тужба до општината за да ги исфрлат од тука. Помислив ќе се опаметат, но не, тие истите се. Ако може некој правник да ми каже дали е можно да ги исфрлиме од таа куќа, и како, оти ова веќе не се издржува... Ве молам!
 
Имам еден проблем ако можи некој правен совет. Имаме стан кој го исплаќаме долги години. На секои 4 години плаќаме рата за станот. Сега ми стаса опомена пред извршување поради неплатена закупнина заклучно со 30.04.2015г. Станот е на мајка ми која почина пред 2 години и 4 месеци. Прв пат стасува ваков документ. Дали во исто време и закупнина и рата за стан е можно да се наплатуваат?
 
Станот е твој, т.е на мајкати која што плаќала на банка за земен кредит претпоставувам, по нејзина смрт вие сте продолжиле со исплаќање на кредитот, така да не е можно станот ако е ваша сопственост како наследници да плаќате за истиот закупнина[DOUBLEPOST=1463755270][/DOUBLEPOST]
ако може правна помош од некој што се соочил со сличен проблем.
имам имот-куќа, која е на 4 сопственици од кои тројца сме согласни да ја продадеме, додека едниот е против и е жител на австралија. мои пријатели по упатени, ми велат споро ќе тече постапката поради странецот.
ќе ве замолам за совет и кои се правните дејствија што би требале да ги превземеме за надминување на проблемот
п.с. земјата под куќа е на истите сопственици,плус комшијата е влезен со 1/5, односно иста парцела делиме под куќа, но две посебни куќи
однапред благодарам
Според мене треба да поднесете предлог за физичка делба во вонпарнична постапка, овластен проценител ке ја процени вредноста на куќата и ке му исплатетие соодветен дел на него, со што ке го тргнете на страна а вие меѓу себбе ке се договорите на кој наачин ке ја продадете куќата.
 
Станот е твој, т.е на мајкати која што плаќала на банка за земен кредит претпоставувам, по нејзина смрт вие сте продолжиле со исплаќање на кредитот, така да не е можно станот ако е ваша сопственост како наследници да плаќате за истиот закупнина

Испадна дека не била нивната евиденција во ред. Штом го плаќаме станот на рати, нема смисла во исто време и закуп да плаќаме за истиот. Бев кај нив и ми рекоа да однесам копија од договорот за купопродажба и документ од банката во која ги плаќаме ратите. Нивна грешка а ќе ме дадеа на извршител упм......
 
Станот е твој, т.е на мајкати која што плаќала на банка за земен кредит претпоставувам, по нејзина смрт вие сте продолжиле со исплаќање на кредитот, така да не е можно станот ако е ваша сопственост како наследници да плаќате за истиот закупнина[DOUBLEPOST=1463755270][/DOUBLEPOST]
Според мене треба да поднесете предлог за физичка делба во вонпарнична постапка, овластен проценител ке ја процени вредноста на куќата и ке му исплатетие соодветен дел на него, со што ке го тргнете на страна а вие меѓу себбе ке се договорите на кој наачин ке ја продадете куќата.
blagodaram za odgovorot. bi sakal li malku da mi pojasnis okolu predlogot za fizicka delba, dali treba da se navede vo baranjeto deka kukjata ke odi na prodazba,licitacija ili sudot ke odluci sto da se pravi. isto taka dali treba da se navede vo baranjeto za f. delba i parcelata ili se zema i KP kako del od kukjata
blagodaram odnapred
 
Треба во барањето да се наведе парцела, имотен лист, вештачење од геометар...не треба да се наведува дали е за продажба или шта ја знам, најубаво најди си адвокат се ке ти објасни лепо фино.
 
Здраво на сите присутни на форумот. Имам проблем и ми е потребна правна помош. Секој совет би бил добредојден.Пред две години имам купено стан кој при купувањето беше сеуште во изградба, зградата беше изградена имаше прозорци и се определено остануваше само внатрешниот дел да се заврши т.е финиоот дел. Со инвеститорот склучивме преддоговор и имам уплатено 70 % од цената на станот. За истиот ми беше кажано дека ќе добијам имотен листа на мое име и презиме во рок од 6 месеци.И тоа време помина, инвеситорот го бараше остатокот од парите а јас барав имотен лист тој сеуште вели дека нема. Бидејќи беше сомнително отидов да прашам во општината и од таму ми рекоа дека тоа не е зграда т.е дека е земена маркица за куќа А1 градба. И во катастарот истото кога прашав ми рекоа дека оваа не е зграда туку дека е куќа и дека нема да имам мој имотен лист ниту јас ниту останатите станари. Кога дознавме за тоа ние станарите го пријавивме во полиција и поднесовме кривична пријава за бесправно градење и за измама. Истото се докажа дека е така и од МВР. Излезе БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ И ИЗМАМА ОД 260 000 ЕВРА. Инвеститорот е сеуште на слобода а тој во меѓувреме ни го вади струјомерот и сме без струја. Ни се закануваше дека ќе ни го изнесе мебелот и останатите работи во станот,и дека ако ние не ги изнесеме тој ќе ни ги скршел со секира, за сето ова е известен и обвинителот но тој не презема никакви дејствија. На другите станари им го заклучи станот и им ја извади кујната.
СЛУЧАЈОТ СЕУШТЕ СТОИ ВО МЕСТО ИЛИ ВО ФИОКА. Ми треба помош како да си го вратам струјомерот??? Јас пратив и писма до ЕВН од каде добив одговор дека инвеститорот требал да одобри бидејќи сеуште тој стоел како сопственик а ние имаме уплатено 70% од вредноста на станот.
Барал спогодба дека ја признава вината и сакал да бара УСЛОВНА КАЗНА ЗА ИЗМАМА ОД 260000 ЕВРА!
Сеуште чекаме и сме без струја?? Дали е потребно да поднесам кривична пријава за струјомерот против инвеститорот бидејќи притисоците одат до бесконечност???
СТАНОТ МИ Е КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕН ВЕЌЕ 2 ГОДИНИ И ИМАВ СТРУЈА СЕ ДОДЕКА НЕ ГО ПРИЈАВИВМЕ НЕГОВИОТ КРИМИНАЛ!
СЕКОЈ СОВЕТ МИ Е ДОБРЕДОЈДЕН. БЛАГОДАРАМ
 
@komandant_Mark а склучивте договор за купопродажба или уште сте со преддоговор ?
Друго, преддоговорот пред нотар го склучивте ?
Ако не се лажам, правото на сопственост во ваквите случаи се предбележуваше во Катастар, ама тоа мислам со договорот за купопродажба се правеше.

МВР нема шо да докажува, измама и било што друго се докажува на суд, така да ако нема правосилна пресуда он е невин.
Мене ми е малце чудно да речеме, како вие сте се вселиле ако немате склучено договор за купопродажба, т.е. врз која основа вие живеете таму.
Ако постои одреден договор, а не преддоговор зошто преддоговорот нема никакво значење, тогаш мислам дека би имале право на заштита, во спротивно... не знам.
Проблематично е и што он во Катастар е запишан како сопственик, а вие не фигурирате воопшто :/
 
Ние со инвеститорот имаме склучено предодоговор и сме предбележани во катастар со право на сопственост на тој стан, Но во имотниот лист кој што тој го има е А1 градба и сме прибележани со име и презиме сите станари кои што имаме купено СТАН Т.Е КУЌА , Пример вака првиот кат има 150 кв и е целокупен не е одделен бидејќи е маркицата негова за куќа, фактички ние сме прибележани во куќа а не во зграда како тој што вели , така вели катастарот.Предодоговорт има значење секако и сите ние имаме клучеви од становите и седиме таму. Проблемот настана откао дознавме дека тоа е куќа а не зграда и дека сеуште никој од нас нема имотен лист а НИЕ БАРАМЕ ИМОТЕН ЛИСТ А ТОЈ НЕМОЖЕ ДА НИ ДАДЕ.Кога целосно ќе го исплатиме станот т.е кога тој ќе ни даде имотен лист тогаш ќе ја имаме целокупната сопственост,ама инвеститорот нема имотен лист. Додека трае кривичната постапка против него тој ни го вади струјомерот и ни се заканува на сите станари ко го имаме пријавено.Преддоговорот е склучен кај нотар.
 
Ako e markicata za kukja A1 toa obicno znaci prizemje +2 sprata. Ili mu ima nekoj obekjano deka kje ja smeni markicata otom potom ili toj saka da ve prelaze. Ako ostane taka togas on moze samo da ve stavi na eden imoten list site kako zaednicki kosopstvenici. Na drug nacin nikako nemoze. Mislam deka sega so notarskiot dogovor vie mozete da go prijavite vo policija za vadenje saatot i onevozmozuvanje na normalni uslovi za zivot.
 
Ве молам ако можете да ми помогнете

Потребни ми беа каросериски делови за автомобилот па решив да пуштам оглас на реклама5.
Ми се јави еден дечко околу 40 години и ми понуди цени за делови од Грција и истите да ги донесе со негов транспорт до местото каде треба да се сервисира автомобилот.
Јас се заинтересирав и договорив преку мобилен да наредниот ден се видиме кај него дома и му дадам капар.Кога јас му дадов капар јас побарав да ми даде некоја гаранција со која ке ми гарантира дека ке ми донесе делови и дека добил капар од мене за деловите кои треба да ми ги донесе.

Како гаранција на обична хартија ми напиша договор во кој со негов ракопис ми запиша негов матичен број дека добил капар од мене за делови кои треба да ги испорача до ардеса каде треба да се сервисира автомобилот и е подпишан со негово име и презиме и краток подпис.

На договорениот ден сабота вечер или најкасно во недела ,деловите не беа испорачани поради тоа што шоферот се задржал во грција заради сервис на комбето.Ајде се предоговоривме за наредниот ден понеделник но исто деловите не беа испорачани поради тоа што комбето не било сервисирано како што треба и добив извинување поради закаснувањето и ми вети дека наредниот ден среда ,сто посто ке ми бидат испорачани деловите после десет часот предпладне.

Јас гледав во часовникот 11 часот поминува и одлучувам да му се јавам на мобилен но на место тој ми се јавува неговата жена и ме известува дека мобилниот го оставил дома и дека ке ми се јави покасно.Помина и 19 часот ,јас сум нервозен го нема да се јави и кажи зошто деловите не се испорачани и зошто не одговара на повик кога му звонам ,така што заклучувам дека јас сум измамен и одлучувам да одам на адреса каде тој живее.

Нормално дома не го најдов ,добив одговор од неговата жена дека бил излезен цел ден и дека не е вратен.Јас одлучив да го чекам пред неговата кукја,По некое време гледам излегува позади кукја од кај комшијата и ми доага како за тепање ,нервозен демек јас сум се заканувал на неговата фамилија ...и решив да го смирам и решам проблемот со комуникација.
Му докажав дека не ми е намера да се заканувам и дека сум се заканувал и дојдовме до некој заеднички јази на кој можеме да се разбереме мтака тој ми одговори дека имал 350 проблеми и дека неговиотшоферот имал сообрајкајка со камионот поради тоа не можел да ми ги испорача деловите.
Тој ми понуди да ми ги врати парите следниот ден односно денес или да ми ги донесе парите најкасно денеска четврток (26.05.16) околу 12 часот.

Но сето ова мене ми е сумливо како тој да го има сам режисирано смислено за како да ме измами затоа што се ова ми изгледа како да сака да ми ги земе парите иако има напишано на обична хартија договор со кој со потпис и матичен број потврдува дека му имам дадено капар за делови кои треба да ги испорача до местото каде треба да се сервисира автомобилот.

Што да правам ако ме измами утре и ако пак не ги добијам деловите ниту пак парите назад ,што ако пак не се јавува на мобилен и се крија дома демек излезен е?Како да си ги добијал деловите за автомобилот за кои имам платено капар или вратам парите назад?

Кои чекори да ги превземам како да постапам ,помош?
 
Последно уредено:
Испадна дека не била нивната евиденција во ред. Штом го плаќаме станот на рати, нема смисла во исто време и закуп да плаќаме за истиот. Бев кај нив и ми рекоа да однесам копија од договорот за купопродажба и документ од банката во која ги плаќаме ратите. Нивна грешка а ќе ме дадеа на извршител упм......

Во врска со овој проблем, сакам да прашам после колку години застарува еден долг? Се работи за долг од неплаќање на станарина, според наша евиденција тој е за 2 месеци, според нивната за 7 месеци. Тој долг е настанат 04 и 05 месец 1996 година..... а останатиот од 5 месеци е пред 1996 година(според нивната евиденција, која е уништена, поминал рокот на чување). Ми дадоа опомена пред извршување пред 10 дена. Дали можи да направат извршување на починато лице (станот е на мајка ми која почина пред 2 години и 6 месеци)? Но трансакциската сметка е активна бидејќи секој месец плаќаме рата за кредит. Дали можи да повлекуваат пари за извршување од ратата за кредит?
 
Сметката ми е блокирана. Подолго време не ми беше исплатувана плата. Сега би требало да почне да се исплатува. Mе informiraa дека не може да се одзема повеќе од 1/3 од платата за долг (извршители). Како тоа оди? Дали сите средства кои ќе дојдат на сметката одат во минусот или навистина имам право да отплатувам 1/3 од платата ?
 
Да, мора да ти остават дел од платата за егзистенција. Би ти било паметно да тркнеш до кај извршителот да си напраиш муабет.
И мислам дека треба да идеш у банка да ти ја одблокираат сметката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom