Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.092
- Поени од реакции
- 3.274
Го најдов решението на интернет и го изанализирав сличајот ,Вака, пред година-две (незнам точно кога), еден човек дојде кај нас дома (не е роднина ќе објаснам подоле)
и бараше од мајка ми да оди заедно со него на нотар, да се потпише во името на прабабами на нотар за да можел да сече дрва оти на тој имотен лист се 5 парцели на 4 куќи,
незнам како се нашле заедно оти тие 4 куќи не се во блиска роднинска врска (за далечна незнам), мајка ми одби оти знаеме дека не бива без согласнос на останатите наследници,
а и тој бараше да сече на парцела поголема од тоа што тој имаше дел.
Вчера сличајно дознавме, дека тој човек си ја препишал таа парцела само на него,
отидовме во катастарот и ни кажаа дека донел судско решение за физичка делба од 03.07.2015 и овие го спровеле.
На тој имотен лист има 5 парцели и се запишани 9 души, од кој 2 или 3 се починати, прабаба ми која има 22 законски наследници (имала 8 деца затоа) и уште 1-2 кој имаат по 2 наследници
значи севкупно се некаде 28 души кој треба да дадат согласност, тој да ја добие таа парцела.
Сега според тоа што го дознавме имало судење во Штип на кој биле присутни чичото на мајка ми (само тој и една тетка се живи) и уште двајца од сопствениците, сите кој од кој поглупи.
Бил и кај друг од сопствениците и му барал полномоштво за да одреде некакви граници и овој му се потпишал дома (значи не е кај нотар) и сега му нудел решение за 2200 да му дал,
па ние му се смеевме дека каде ги прелжал за земјата сега и за пари да ги прелаже.
Е сега овие ако дале согласност дека се откажуваат од таа парцела, останатите воопшто не се согласиле и незнам како сидујата донел одлука тој да ја добие таа парцела,
а и оваа тој не е избришан од другите парцели, таа парцела сега е на друг имотен лист.
И оваа каква е таа физичка делба кога тој си лапнал цела парцела дупло поголема од тоа што треба да го има,
а на сите останати парцели пак се истите што и беа (не поделени). Којзнае каков криминал е правен.
Онаа што мене ме интересира како можеме да дојдеме до тоа решение (го имаме бројот, ни го кажа човек што работи во катастарот),
дали се поднесува некое барање до судот во Штип и колку време се чека за тоа
и дали ќе треба да поднесеме жалба, некое поништување и сл.
Значи некој ако може некако да даде совет што ние би требало да правиме.
тие 5 парцели се на два имотни листови, поради тоа што братучет му му го има отстапено својот дел на една од парцелите.
Судот прво направил преседан со тоа што уредно повикал починати лица (парабаба ми е повеќе од 30 години умрена) цитирам:
по одржано рочиште на ден 03.07.2015 година, во присуство на предлагачот лично, за противниците никој - уредно поканети, го донесе следното....
и судот по изготвениот геодетски елаборат од прифатна фирма поделил како сакал, всушност не делел туку како да имал нешто да дели, видете на сликата.
еве линк нешто онака не ми ја отвара сликата http://prntscr.com/9w3krm
Е сега судиката што одлучувала незнам како дури и без нивно присуство можела да делиод рака, не на еднакви делови.