Правна помош и совети

П

Пе Џо

Гостин
Дали е легално да се постави `замка` од стилот на слабо обезбеден точак со ГПС тракер, и сигурносна камера на локацијата, како би се `фатил` лопов, притоа ГПС траекторијата и снимката од камерата да се искористат како докази на суд?
Се извинувам за грубо објаснетата ситуација, лаик сум во ова подрачје.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

ке пројде и тоа на суд, но најсигурно ти е да отидеш во полиција и да им кажеш што сакаш да направиш, при тоа да ти состават записник за поставениот локатор и камера, ако сакаш одма да го осудат крадецот, инаку ке отидеш во сектор за кражби или шта ти ја знам, немој да отидеш до првиот полицаец што ке го видиш постои огромна шанса да се расчуе, мада ке пројде и без записник од полицијата, ако после кражба го пријавиш во полицијата и тие го најдат точакот кај него.
 
G

Gjoksi

Гостин
Може некој да ми каже кои се надлежностите на нотарот при оставинска постапка? Дали може да вади имотни листови, рокови кои се итн. Ако го пишува тоа во некој закон член би бил благодарен каде би можел да прочитам. Во случајов нотарот ни е тешка флегма несака да покрене работа со прст а малце покомпливиран е случајот, па се мислам да пратам суд писмо за иземање на предметот. Затоа ме интересираа надлежностите и се во врска со оставинската постапка. Благодарам
Закон за вонпарнична постапка
„Сл. весник на РМ“ бр. 9/2008 (стр. 36 - 58)
Член 120 - 191
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/02225EBACF67A748B65252C8CE5BBDED.pdf
 
Член од
12 март 2013
Мислења
757
Поени од реакции
1.196
ај ако знае некој нека ми помогне
од денеска образецот пдд-ги може да се поднесе и на е-маил,пошто страната е-даноци е блокирана или тешко ја отвора,ама пишале дека треба у тхт формат да се прати на маил а само у пдф верзија го има образецов да се симне,сеа незнам дали може да се скенира па преку ворд и да го пратам или...?
 
Член од
19 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Почитувани,
Имам еден проблем. Имено сакам да поднесам документи за оставинска постапка. Имам умреница од мојата мајка, изводи (мој и од татко ми) имотни листови кои ќе бидат предмет на оставинската постапка... но мојата сестра не сака да ми даде нејзин извод од родени и копија од лична карта.
Можам ли да поднесам предлог за оставинска без нејзиниот извод и постои ли правен начин да ја натерам да дојде на рочиште за оставинска?

Ве молам за одговор.
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Би ве замолила за помош - треба да покренам оставинска постапка за недвижен имот останат по смртта на татко ми. Дали има пропишана форма на барање и што треба да содржи истото, за да не се пролонгира ако е некомплетно. Има ли некој да ми испрати терк? Имотот се наога во гевгелиско, а јас живеам во Скопје. До кој суд се поднесува барањето? Благодарам :(
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Почитувани,
Имам еден проблем. Имено сакам да поднесам документи за оставинска постапка. Имам умреница од мојата мајка, изводи (мој и од татко ми) имотни листови кои ќе бидат предмет на оставинската постапка... но мојата сестра не сака да ми даде нејзин извод од родени и копија од лична карта.
Можам ли да поднесам предлог за оставинска без нејзиниот извод и постои ли правен начин да ја натерам да дојде на рочиште за оставинска?

Ве молам за одговор.
Секој (односно било кој) од наследниците може да ја покрене оставинската постапка, што значи дека доволно е сама ти да поднесеш предлог. По тој предлог судот ќе му го додели предметот на некој нотар кој ќе ги повика наследниците кај него. Доколку некој од наследниците не дојде на закажаното рочиште кај нотарот ќе се смета дека истиот дал позитивна наследна изјава.
 
Член од
13 ноември 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Како што разбрав пред релативно скоро време се донела одлука адвокатите повеќе да не можат како награда од добиениот спор да земаат процент од добиената сума. Дали некој знае на кој начин би се договарала наградата што би ја добил адвокатот. На пример ако со тужбата се бара 100.000 денари надомест на штета, за колкав износ би се договориле двете страни( адвокатот и странката) кога не се знае судот колкава штета ќе надомести( на пример судот наместо бараните 100.000 денари би можел да донесе одлука странката да добие 60.000 ).
Благодарам однапред.
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
60
Поени од реакции
6
Zdravo, sakam da prasam za slednovo:

Jas sum drzavjanin na R.M , da predpostavime deka imam i EU pasos, ili poto4no drzavjanstvo na nekoja od 4lenikite na EU.
Dokolku napravam nekoja prevara so dokumenti vo taa zemja , a taa utvrdi deka taa prevara se slu4ila po moeto otkazuvajne na nejzinoto drzavjanstvo , dali taa drzava ima pravo da mi sudi ili ne?
Po pravilo ne bi trebalo bideki ne sum nejzin drzavjanin , ama sepak ne znam , mozebi i ima , bideki e EU 4lenka da ne ima i takvi zakoni koi ja stitat. DA NAPOMENAM OVA E SAMO PRIMER, I E NEVISTINITO*

Blagodaram na sekoj odgovor.
 
Член од
28 декември 2012
Мислења
12
Поени од реакции
7
Имам една дилема, не ми е јасно дали популарно наречениот приправничкиот стаж за правниците кај адвокат/суд што формално-правно е не е приправнички стаж, туку волонтерски стаж се смета како работно искуство или не?

Согласно ЗРО чл. 61:
ст.1 Ако волонтерскиот стаж е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот. За волонтерот се упутребуваат одредбите од овој закон за траење и изведување на приправничкиот стаж, за ограничување на работното време, дневната пауза и одморите, одговорноста за обештетување, како и обезбедување на заштита при работа, во согласност со закон.
ст.2 Договорот за изведување на волонтерски стаж мора да биде склучен во писмена форма, а копија од истиот во рок од 3 дена од потпишувањето, мора да се достави до инспекција на трудот.
Значи дали волонтерски стаж се смета како работно искуство???

Ова ме интересира од причина што аплицирав на оглас за работа од Агенција за државна администрација за кој што се бараше 1 година работно искуство при што јас го пишав како работно искуство мојот приправнички стаж кај адвокат, меѓутоа не бев ни повикана да го полагам испитот за државни службеници, што значи дека можеби не сум го исполнувала условот од 1 година раб.искуство.

Фала однапред за одговорите што ќе следат!
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
162
Поени од реакции
33
Е телиња сте ако одговарате. Утре ќе немате пари за опинци да си купите правничиња мои.
 
Јас 2 години волонтирав во Суд, и ми дадоа потврда дека сум обавувал ВОЛОНТЕРСКИ работи во Судот од .... до ..... година. И после тоа кога се пријавував на огласи за вработување преку Агенцијата за (државна) администрација, тој волонтерски стаж СЕКОГАШ ми бил признаен како РАБОТНО ИСКУСТВО во струката, независно од тоа дали во огласот се бара 1 година или 2 години работно искуство, па ме повикувале на полагање! Затоа, не би можел да ти одговорам на прашањето зошто тебе не те повикале на полагањето, најдобро е да се обратиш до Агенцијата за администрација или до оној којшто го објавил огласот за вработување. Поздрав!
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Колкав беше рокот во кој треба Уставен суд да се произнесе по преставка од граѓанска организација или политичка партија?
И што доколку за истото не се произнесе?
 
Член од
1 февруари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Правев свадба на 11.2011 година. Ми стигна фактура од ЗАМП за наплата на авторски права која не ја платив. Вчера ми стигна предлог за извршување од некој нотар во кое стојат тие 9000 денари плус 8000 за нотарски трошоци.Од Министерство за култура добив известување согласно Закон за авторски права и сродни права(сл. весник бр. 115/10, 51/11 и 147/13) јас како краен корисник на услугите од други субјекти што вршат дејност во која се користат музички дела за чии права ЗАМП има дозвола за нивно колективно управување, ниту сум, ниту можам да бидам третиран како корисник на делата според Законот, па од тука ниту имам, ниту можам да имам законски обврски спрема ЗАМП.Исто во сл. весник бр.147 стои дека: Како краен корисник на услугите на корисниците од ставот (1) на овој член, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице кое како потрошувач за непосредна сопствена потрошувачка за цели што не се наменети за вршење на негово занимање или за други деловни дејности, користи услуги во кои се содржани авторски дела, односно предмети на сродни права.
(4) Организацијата нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници од ставот (3) на овој член. Договорите од членот 139 став (1) точки 1 и 2 од овој закон склучени спротивно на овој закон се ништовни.“
ВЕ МОЛАМ ЗА МИСЛЕЊЕ ДАЛИ СЕПАК ТРЕБА ДА ПЛАТАМ ИЛИ ДА ОДАМ НА СУД и колкави ми се шансите да добијам ?
Однапред Ви благодарам за одговорите што ќе следат!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom