Имам една дилема, не ми е јасно дали популарно наречениот приправничкиот стаж за правниците кај адвокат/суд што формално-правно е не е приправнички стаж, туку волонтерски стаж се смета како работно искуство или не?
Согласно ЗРО чл. 61:
ст.1 Ако волонтерскиот стаж е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот. За волонтерот се упутребуваат одредбите од овој закон за траење и изведување на приправничкиот стаж, за ограничување на работното време, дневната пауза и одморите, одговорноста за обештетување, како и обезбедување на заштита при работа, во согласност со закон.
ст.2 Договорот за изведување на волонтерски стаж мора да биде склучен во писмена форма, а копија од истиот во рок од 3 дена од потпишувањето, мора да се достави до инспекција на трудот.
Значи дали волонтерски стаж се смета како работно искуство???
Ова ме интересира од причина што аплицирав на оглас за работа од Агенција за државна администрација за кој што се бараше 1 година работно искуство при што јас го пишав како работно искуство мојот приправнички стаж кај адвокат, меѓутоа не бев ни повикана да го полагам испитот за државни службеници, што значи дека можеби не сум го исполнувала условот од 1 година раб.искуство.
Фала однапред за одговорите што ќе следат!