Правна помош и совети

A

Advokatisce

Гостин
Ме интересира за редовните систематски прегледи на вработените во приватните фирми,на колку време се прават,неможев да најдам,на 12 или 18 месеци,ако некој може да ми каже би му бил благодарен.
еднаш годишно
 
G

Gjoksi

Член 22 став (1) од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 53/2013 - пречистен текст): „Работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 24 месецa.“

Уредба за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствените прегледи на вработените (Сл. весник на РМ бр. 60/2013)
http://www.pravda.gov.mk/LDBISReader/DocumentView.aspx?Type=1&ID=28209
 
vld

Член од
15 март 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дали се сметам за неосудуван ако сум направил мал сообраќаен прекршок?

Пред неколку години со мојот автомобил изгребав малку друг автомобил паркиран на паркинг.
Викнавме полиција и беше направен записник.
Сега треба да одам во странство и во документите за виза ме прашуваат дали сум бил осудуван.
Дали со мојот прекршок се сметам за осудуван или не?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Не си осудуван
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: vld

НЕ! Слободно можеш да си извадеш Уверение за неосудуваност од Судот каде што живееш. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: vld
Член од
24 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво, бев физички нападнат, пријавив во полиција и поднеле прекршочна пријава, и во болница ми дадоа извештај дека имам две модринки, би бил благодарен ако некој ми даде совет која е процедурата понатаму, треба ли граѓанска пријава, и колку ми е силен случајот, бидејќи нема сведоци (5 сабајле), секој совет е добродојден, благодарам...
 
можеш да поднесеш приватна кривична тужба. Најпаметно ти е да отидеш кај адвокат ќе ти објасни што понатака каква е постапката, шансите да го добиеш предметот и оштета
 
Штом полицијата поднела прекршочна пријава до судот, тогаш случајот ти е многу силен, па сега .......
Инаку, во текот на прекршочната постапка во судот ќе бидеш поканет како сведок - оштетен, треба да дадеш свој исказ во врска со настанот и во истата постапка да пријавиш имотно - правно побарување (оштета). Ако со пресуда обвинетиот ќе биде прогласен за виновен и осуден, судијата ќе те упати на граѓанска парница (спор) за твоето барање за оштета и потоа треба да поднесеш тужба до судот за надомест на штета.
И не очекувај многу пари како надомест за штета за двете модринки!:D
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 16:44 ---

Само прашувам: Како може за ИСТО казнено дело да се суди во прекршочна и кривична постапка?:unsure:
 
А

Антоние

Приватната кривична тужба не е дел од кривичната постапка, туку од граѓанската парнична постапка.

Ако кривичниот суд со правосилна пресуда ги осуди сторителите за физички напад, приватното тужење во граѓанска постапка веќе ти е добиено затоа што главниот доказ е правосилната пресуда. Меѓутоа за надомест на материјална штета од две модринки нема да земеш ништо посебно.

Ако ти е за пари работата, можеш да одиш на ризик и да ги тужиш за нематеријална штета ако воопшто успееш да добиеш записник од психијатар дека ти се причинети душевни болки, страв бла бла бла...
 
Се надевам дека не си правник!
Секако дека приватна кривична тужба, како што кажува и самото име, е иницијален акт за поведување на кривична постапка. Разлика е само тоа што е друг субјектот кој гони!

Приватно тужење во граѓанска постапка??? Па зарем има поинакво тужење во граѓанска постапка? Во граѓанската постапка, за разлика од кривичната нема дела гои се гонат ex oficio, односно по службена должност, туку секој кој смета дека му е повредено некое право може да поднесе тужба и да бара остварување на неговото право.
Инаку нема никаков ризик, ниту пак пречка, да поднесе една тужба за надомест и на материјална и на нематеријална штета, а висината на износот кој ќе го добие веќе е друго прашање.
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 21:30 ---
Штом полицијата поднела прекршочна пријава до судот, тогаш случајот ти е многу силен, па сега .......
Инаку, во текот на прекршочната постапка во судот ќе бидеш поканет како сведок - оштетен, треба да дадеш свој исказ во врска со настанот и во истата постапка да пријавиш имотно - правно побарување (оштета). Ако со пресуда обвинетиот ќе биде прогласен за виновен и осуден, судијата ќе те упати на граѓанска парница (спор) за твоето барање за оштета и потоа треба да поднесеш тужба до судот за надомест на штета.
И не очекувај многу пари како надомест за штета за двете модринки!:D
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 16:44 ---

Само прашувам: Како може за ИСТО казнено дело да се суди во прекршочна и кривична постапка?:unsure:
Прекршочната одговорност не ја исклучува кривичната одговорност, така да во исто време нема да има прекршочна и кривична постапка за ИСТО дело. Делото или е прекршок или е кривично дело, а не и двете во исто време. Претпоставувам дека прекршочната постапка се однесува за нарушување на јавен ред и мир (прекршок), а кривична постапка за стореното кривично дело (телесна повреда) се поведува само со приватна кривична тужба, а не и по службена должност. На ваков начин возможно е да се водат две постапки во исто време (и кривична и прекршочна).
Инаку, што се однесува за надоместокот за штета, оштетениот има право да истакне барање оштетно побарување на име надоместок на материјална и нематеријална штета и тоа во истата кривична постапка, а за тоа ќе одлучува судот (чија пракса е да не се впушти во одлучување за штетата туку упатува на парница).
 
G

Gjoksi

Гостин
Приватната кривична тужба не е дел од кривичната постапка, туку од граѓанската парнична постапка.
Ако кривичниот суд со правосилна пресуда ги осуди сторителите за физички напад, приватното тужење во граѓанска постапка веќе ти е добиено затоа што главниот доказ е правосилната пресуда.
Антоние, Антоние, Антоние ..... Боже мили, па дали знаеш ти што пишуваш? Како можеш (како правник) да напишеш такво нешто! Ај, те молам напиши ми барем во кој дел/глава/член од Законот за парничната постапка е регилирана приватната кривична тужба!
Правосилната пресуда на кривичниот суд со која обвинетиот е огласен за виновен и казнет е основата (или ако сакаш: доказот) за покренување на СПОР во граѓанска постапка пред парничен суд со ТУЖБА за надомест на материјална и нематеријална штета против обвинетиот (сега тужен)!
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 21:44 ---
Претпоставувам дека прекршочната постапка се однесува за нарушување на јавен ред и мир (прекршок), а кривична постапка за стореното кривично дело (телесна повреда) се поведува само со приватна кривична тужба, а не и по службена должност. На ваков начин возможно е да се водат две постапки во исто време (и кривична и прекршочна).
Се согласувам!
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.726
Поени од реакции
1.485
Вака имам купено во март месец од Вип sony xperia Miro телефонот се рестартира сам при разговор. Го носев сам до овластениот сервисер Мобико од каде ми беше кажано дека нема таков проблем наводно користам , твитер и вибер и слични апликации заради кои ми КОЧИ телефонот. Појаснето дека ниту користам ниту сум користел го однесв втор пат при што ми беше кажано да го пробам со друга сим картичка. Проблемот повторно си постоеше. Нејсе појдов до Вип при што беше пуштен трет пат до сервис преку нив , а во еѓу време им пишав и приговор до нив. Одговорот беше да чекам да искочи од сервис. Кога ми го дадоа пак беше со ист проблем се рестартира при разговор но со многу јак коментар на сервисерот дека немам доставено репродукција на дефектот. Пак со приговор кон Вип ми беше речено да го пуштам по 4 пат во сервис, но јас решив да ги контактирам Државен пазарен инспекторат. По две пријави таму ми вели инспекторката “ Ние не можеме ништо тука овие не ги прифаќаат“. Телефонот е сеуште во иста состојба , а јас сум и без пари и без телефон... Некој совет?
Патем се обидов и кај здружение на потрошувачи ама залудно , а писмено од ДПИ немам ништо...
 
A

Advokatisce

Гостин
Штом полицијата поднела прекршочна пријава до судот, тогаш случајот ти е многу силен, па сега .......
Инаку, во текот на прекршочната постапка во судот ќе бидеш поканет како сведок - оштетен, треба да дадеш свој исказ во врска со настанот и во истата постапка да пријавиш имотно - правно побарување (оштета). Ако со пресуда обвинетиот ќе биде прогласен за виновен и осуден, судијата ќе те упати на граѓанска парница (спор) за твоето барање за оштета и потоа треба да поднесеш тужба до судот за надомест на штета.
И не очекувај многу пари како надомест за штета за двете модринки!:D
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 16:44 ---

Само прашувам: Како може за ИСТО казнено дело да се суди во прекршочна и кривична постапка?:unsure:

Ако си правник те молам повеќе да не ме цитираш и прашуваш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom