Правна помош и совети

Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Каква отштета да бара? Која е штетата која ја претрпел?
Главната дилема е каква правна заштита би можел да бара доколку неосновано е тужен на суд со извршно решение, при платена сметка за која би бил тужен...
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Каква отштета да бара? Која е штетата која ја претрпел?
Губење време по судови, земање ден од работа, претрпен стрес за вуцарање по судови ?
Во нормална држава ова би требало да функционира.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Главната дилема е каква правна заштита би можел да бара доколку неосновано е тужен на суд со извршно решение, при платена сметка за која би бил тужен...
Воопшто не постои дилема, доколку биде тужен, во одговор на тужба ќе истакне дека тужбеното барање е неосновано од причина што утужената сметка е веќе платена и секако ќе ја приложи платената сметка како доказ.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 21:03 ---
Губење време по судови, земање ден од работа, претрпен стрес за вуцарање по судови ?
Во нормална држава ова би требало да функционира.
Не постојат такви трошоци, не мора воопшто да зема ден од работа, ќе ангажира адвокат, а уште помалку пак треба да оди по судови (нема ама баш никаков стрес да има). Се разбира дека сите трошоци по повод и во врска со постапката ќе му бидат надоместени од тужителот (доколку тужениот успее во спорот).
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.443
Поени од реакции
16.652
Воопшто не постои дилема, доколку биде тужен, во одговор на тужба ќе истакне дека тужбеното барање е неосновано од причина што утужената сметка е веќе платена и секако ќе ја приложи платената сметка како доказ.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 21:03 ---

Не постојат такви трошоци, не мора воопшто да зема ден од работа, ќе ангажира адвокат, а уште помалку пак треба да оди по судови (нема ама баш никаков стрес да има). Се разбира дека сите трошоци по повод и во врска со постапката ќе му бидат надоместени од тужителот (доколку тужениот успее во спорот).
и доколку успееш да наплатиш од тужителот... еве мене ме тужеа, а фирмата блокирана а имотот префрлен на други луѓе... всушност нивниот адвокат тужел а се сомневам и дали нешто платиле и на судот, н.пр. жалба кога изгубија на првостепено ( до пред неколку години не се плаќаше однапред)
... туку треба да има регулатива тужителот да има пари во посебен депозит , за надомест на трошоци на тужениот
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
и доколку успееш да наплатиш од тужителот... еве мене ме тужеа, а фирмата блокирана а имотот префрлен на други луѓе... всушност нивниот адвокат тужел а се сомневам и дали нешто платиле и на судот, н.пр. жалба кога изгубија на првостепено ( до пред неколку години не се плаќаше однапред)
... туку треба да има регулатива тужителот да има пари во посебен депозит , за надомест на трошоци на тужениот
До пред неколку години не мораше да се плати ниту судска такса за тужба, а сега без доказ за платена такса за тужба, тужбата веднаш ќе биде отфрлена како неуредна.
Инаку нема потреба тужителот да дава нешто во депозит, постои можност тужениот самиот да се заштити доколку постои сомнеж дека тужителот ќе го отуѓи имотот.
 
G

Gjoksi

Гостин
До пред неколку години не мораше да се плати ниту судска такса за тужба, а сега без доказ за платена такса за тужба, тужбата веднаш ќе биде отфрлена како неуредна.
Согласно ЗПП, ако таксата не биде платена во рок од 15 односно 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата, тужбата ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ПОВЛЕЧЕНА, што не е исто тужбата да биде ОТФРЛЕНА КАКО НЕУРЕДНА!:D
--- надополнето: 30 септември 2013 во 23:20 ---
ве молам , знае ли некој да ми каже дали кога маж и жена се разведуваат со спогодба во суд може во спогодбата да стои дека едниот брачен другар се откажува да бара од другиот брачен другар било каков имот? конкретно - да стои дека сопругата по разодот нема да може да бара делба на имот стекнат во брак?
Член 74 од Законот за сопственост и други стварни права гласи:
„За време на траењето и по престанокот на бракот брачните другари можат спогодбено да го поделат заедничкиот имот.
Со делба на заедничкиот имот на брачните другари настанува режим на посебен имот.“
Значи, со/во спогодбата за развод на брак, брачните другари МОЖАТ да се спогодат како да биде поделен заедничкиот имот стекнат во брак (на кого што ќе му припадне) и после тоа така стекнатиот/поделениот имот станува посебен (личен) имот на секој брачен другар! Нема потреба од друга изјава дека брачниот другар се откажува да бара од другиот брачен другар некаков имот по разводот на бракот!
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Согласно ЗПП, ако таксата не биде платена во рок од 15 односно 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата, тужбата ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ПОВЛЕЧЕНА, што не е исто тужбата да биде ОТФРЛЕНА КАКО НЕУРЕДНА!:D
--- надополнето: 30 септември 2013 во 23:20 ---

Член 74 од Законот за сопственост и други стварни права гласи:
„За време на траењето и по престанокот на бракот брачните другари можат спогодбено да го поделат заедничкиот имот.
Со делба на заедничкиот имот на брачните другари настанува режим на посебен имот.“
Значи, со/во спогодбата за развод на брак, брачните другари МОЖАТ да се спогодат како да биде поделен заедничкиот имот стекнат во брак (на кого што ќе му припадне) и после тоа така стекнатиот/поделениот имот станува посебен (личен) имот на секој брачен другар! Нема потреба од друга изјава дека брачниот другар се откажува да бара од другиот брачен другар некаков имот по разводот на бракот!

1. Рок за плаќање/доплаќање на судска таса за тужба (15 дена) се остава само кога истата не е поднесена од адвокат. Кога истата ја поднесува адвокат, не се остава никаков рок, туку судијата може комотно да ја отфрли тужбата за која не е платена судска такса (или за која е платена пониска судска такса). Повеќето судии веднаш ја отфрлаат таквата тужба бидејќи на тој начин добиваат решен предмет (со што си ја пополнуваат месечната норма на решени предмети).
А чисто информативно - која е разликата дали тужбата ќе се смета за повлечена или пак отфрлена?

2. Бракот не се разведува според Законот за сопственост и други стварни права, туку според Законот за семејството, a според овој закон изричито е забрането решавање на имотни односи помеѓу брачните другари (освен спорови за издржување - на пример алиментација, висина на алиментацијата и сл.) во постаката за развод на брак. Поделбата на имотот на брачните другари (сега веќе бивши) ќе се решава во друга посебна постапка!

Член 250
Имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за издржување не може да се решаваат заедно со бракоразводниот спор.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Како се регулира авторството и правото на користење на фотографии?
Еве пример, правам фотосесија со модел(и) има тука стилист, гардеробер, простор (или на отворен) се прават и обработуваат фотографии и сега иди времне да се објават. Некој се противи не му се бендисуваат, некој од други причини неќи... како и да е, дали и како може од старт да се избегнат вакви ситуации. Дали потпишување на некој договор, согласност меѓу сите би го решил тоа. Како би требало да изгледа (општо) таков договор и далиу само потписи се доволни за важност или треба и да се завери, дали ако моделот е малолетен треба да има согласност - потпис на договорот.... Има пример кога јас како автор на фотографија сметам дека е добра уметнички и технички вреди да се прикаже или објави но моделот не е задоволен дали од аголот (и се гледал носот голем) дали од гардеробата дали шминката.... дали оти е црно бела... а бе сто ситници можат да се појават.
 
G

Gjoksi

Гостин
1. Рок за плаќање/доплаќање на судска таса за тужба (15 дена) се остава само кога истата не е поднесена од адвокат. Кога истата ја поднесува адвокат, не се остава никаков рок, туку судијата може комотно да ја отфрли тужбата за која не е платена судска такса (или за која е платена пониска судска такса). Повеќето судии веднаш ја отфрлаат таквата тужба бидејќи на тој начин добиваат решен предмет (со што си ја пополнуваат месечната норма на решени предмети).
А чисто информативно - која е разликата дали тужбата ќе се смета за повлечена или пак отфрлена?

2. Бракот не се разведува според Законот за сопственост и други стварни права, туку според Законот за семејството, a според овој закон изричито е забрането решавање на имотни односи помеѓу брачните другари (освен спорови за издржување - на пример алиментација, висина на алиментацијата и сл.) во постаката за развод на брак. Поделбата на имотот на брачните другари (сега веќе бивши) ќе се решава во друга посебна постапка!

Член 250
Имотните спорови меѓу брачните другари освен споровите за издржување не може да се решаваат заедно со бракоразводниот спор.
1. Член 146 од ЗПП (7/2011 - Пречистен текст):
„(2) Судот нема да постапува по тужба ниту да преземе друго дејствие за кое не е платена судската такса.
(3) Ако тужителот не ја плати судската такса во рок од15 дена од денот на поднесувањето на тужбата, се смета дека тужбата е повлечена.“
Мислам дека Законот не прави разлика дали тужбата е поднесена лично од тужителот или преку негов полномошник - адвокат! Никаде во Законот (барем јас не видов) не постои одредба дека тужбата поднесена преку полномошник - адвокат заради неплатена судска такса ќе биде (како што велиш ти) веднаш отфрлена како неуредна, а ако биде поднесена од тужителот лично се остава рок од 15 односно 8 дена за плаќање на таксата! Иако, можеби од причините погоре наведени, судиите постапуваат така.
И чисто информативно, последиците од отфрлање на тужбата како неуредна и повлекување на тужбата се исти, меѓутоа терминологијата е различна, а за тоа се паѓа на правосуден испит!:D Иако, и ти како адвокат не смееш да користиш различни термини од оние наведени во Законот!;)

2. Знам дека бракот се разведува според Законот за семејството, а не според Законот за сопственост и други стварни права! Меѓутоа, Седми дел - Имотни односи (I. Имотни односи на брачните другари и II. Имотни односи на вонбрачни другари), односно чл. 203 - чл. 218 од Законот за семејството престанале да важат согласно чл. 257 од Законот за сопственост и други стварни права!
Во чл. 250 од Законот за семејството е наведено дека: „Имотните спорови....“. Мислам дека овде не се работи за СПОР, туку за СПОГОДБА за поделба на заеднички имот. Не знам, можеби грешам! Можеби постои колизија меѓу двата Закони.
 
1.Отвори ЗПП во делот на поднесоци и ќе видиш кај се прави разлика меѓу поднесоци поднесено од адвокат или не.

2.Очигледно дека не можеш или не сакаш да сфатиш дека СЕПАК се работи за спор (иако разводот ќе биде спогодбен). И како правник треба да знаеш дека не постои колизија меѓу двата закони (како што велиш ти) туку Законот за семејството се јавува како lex specialis и постапката за равод било да е со тужба или пак со тужба со спогодбен предлог се раководи исклучиво по овој закон. И уште еднаш, во постапка за развод на брак, судот НЕ ОДЛУЧУВА (НИТУ ПАК РАСОРАВА) ЗА ДЕЛБА НА ИМОТОТ! Тоа би требело да му биде познато и на студент по право!
 
1. Ај те молам помогни ми, ништо не најдов!:unsure:
2. Точно, конечно се разбравме, ако има спогодба за делба на заеднички имот, правец кај нотар да се состави нотарски акт и готово!:cuc: Моја грешка!
 
Член од
4 март 2011
Мислења
708
Поени од реакции
727
Согласно ЗПП, ако таксата не биде платена во рок од 15 односно 8 дена од денот на поднесувањето на тужбата, тужбата ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ПОВЛЕЧЕНА, што не е исто тужбата да биде ОТФРЛЕНА КАКО НЕУРЕДНА!:D
--- надополнето: 30 септември 2013 во 23:20 ---

Член 74 од Законот за сопственост и други стварни права гласи:
„За време на траењето и по престанокот на бракот брачните другари можат спогодбено да го поделат заедничкиот имот.
Со делба на заедничкиот имот на брачните другари настанува режим на посебен имот.“
Значи, со/во спогодбата за развод на брак, брачните другари МОЖАТ да се спогодат како да биде поделен заедничкиот имот стекнат во брак (на кого што ќе му припадне) и после тоа така стекнатиот/поделениот имот станува посебен (личен) имот на секој брачен другар! Нема потреба од друга изјава дека брачниот другар се откажува да бара од другиот брачен другар некаков имот по разводот на бракот!
Еве и судот во Струга отфрла тужби поради неплатена судска такса:

„Основниот суд во Струга ја отфрли тужбата со која градоначалникот Села побара времено стопирање на градежните работи на црквата Свети Димитрија во село Октиси. Велат,причината е ненавременото плаќање на таксата за тужба и времена мерка.“

Извор:
http://www.ohridnews.com/vesti/60591
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=64065#

Вечерва сосема случајно ја прочитав веста и се потсетив на нашата конверзација од пред некој ден :)
 
Во ред, колега, еве неколку РЕШЕНИЈА кои го докажуваат спротивното:
http://www.oskrusevo.mk/Odluki.aspx?odluka=193
http://www.ostetovo.mk/Odluki.aspx?odluka=252
http://www.oskumanovo.mk/Odluki.aspx?odluka=2532
http://www.oskumanovo.mk/Odluki.aspx?odluka=2932
;)
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Еве што му се случи на комшијата.
Имаше француски булдог, кој е неопасен за околината.
Нормално врзано си го шеташе низ улиците или низ градот.И што се случи ? Некој што поседува ротвајлеер или некое слично касапско куче(не ме држете за расава пошто тапа сум од кучина/мачина) си го пуштил кучето да шета низ улица, и кога другаров со булдогов поминувал на улицава, ротов го скичмил т.е го удал.Има некаква основа да се тужи?
Ротов е опасен а се шета по улицата, можело и дете некое да опакости..
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Ме интересира за редовните систематски прегледи на вработените во приватните фирми,на колку време се прават,неможев да најдам,на 12 или 18 месеци,ако некој може да ми каже би му бил благодарен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom