Правна помош и совети

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За да поднесам тужба против државата и нејзини институции , кај која институција или правно лице се започнува таа постапка ?
Барам совет и/или препораки .
За што ќе ја тужиш Република Македонија?
 
0nline

ЕУ и Нато Антифашист
Член од
8 јануари 2012
Мислења
103
Поени од реакции
58
За да си ги остварам своите права , за да си ја заштитам сопственоста , да си добијам оштета и над се да им докажам на оние со луѓе кои се стекнале со " академски знаења "(судии, нотари, катастар и сите кој ги опфаќа едно дело ) дека не се семоќни .
А за самиот крај , да им ја објавам нивната чесност и совест од нивната 40 годишна работа (на интернет ).
 
Член од
19 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Не чини ништо, бидејќи таква тужба неможеш да поднесеш.
Такво нешто може само да пријавиш во општината каде се наоѓа дивоградбата, па градежните инспекции да постапат по Вашата претставка.
Теоретски е така...но во пракса е поинаку. Градежната инспекција не презема ништо и покрај мојата преставка.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Теоретски е така...но во пракса е поинаку. Градежната инспекција не презема ништо и покрај мојата преставка.
Иди пак жали се, па пак, па уште еднаш, мора упорно да им досаѓаш да се мрднат работите од место или најди некој што знаеш таму, со врски се разбира кај нас може побрзо да се заврши работа :D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За да си ги остварам своите права , за да си ја заштитам сопственоста , да си добијам оштета и над се да им докажам на оние со луѓе кои се стекнале со " академски знаења "(судии, нотари, катастар и сите кој ги опфаќа едно дело ) дека не се семоќни .
А за самиот крај , да им ја објавам нивната чесност и совест од нивната 40 годишна работа (на интернет ).
Да објавиш на интернет можеш веднаш, тоа барем е лесно
Ако некој од Државата ти ги ускратува твоите права, мислам дека е најдобро да се обратиш до Народниот правобранител.
Народниот правобранител постои токму за заштита на правата на граѓаните, ако ги повреди некој од администрацијата. Потребно е само да напишеш претставка, може и рачно или усно да раскажеш какви проблеми имаш. Наполно е бесплатно и биди сигурен дека Народниот правобранител ќе направи се да ти помогне. Моментално Народен правобранител е Господин Иџет Мемети кој е исклучително добар Правник и Човек
Еве како гласи член 77 од Уставот
Член 77
Собранието избира народен правобранител.
Народниот правобранител ги штити уставните и законските права на граѓаните кога им
се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што
имаат јавни овластувања.
Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден
избор.
Условите на избор и разрешување, надлежноста и начинот на работата на народниот
правобранител се уредуваат со закон.

Можеш да да видиш и на интернет
http://www.ombudsman.mk
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Ајде и јас да си ја кажам мојата мака.

Значи се работи за акции во компанија кои биле купени во 1999 година. Акциите се платени во германски марки, стои и цена во денари.

Акциите се во македонска фирма, е сега работата е што во 2000 година таа фирма се приватизирала (ова го видов на нивниот сајт денес), а фирмата моја која е сопственик на тие акции е згасната или трансформирана во 2001 година т.е. 1 година после приватизацијава.

Е сега, кратко и јасно, ме интересира дали можам да се надевам на нешто освен прст у .... :))

Фала
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
За да си ги остварам своите права , за да си ја заштитам сопственоста , да си добијам оштета и над се да им докажам на оние со луѓе кои се стекнале со " академски знаења "(судии, нотари, катастар и сите кој ги опфаќа едно дело ) дека не се семоќни .
А за самиот крај , да им ја објавам нивната чесност и совест од нивната 40 годишна работа (на интернет ).

Смрт за зони и пајак воз. убаво те насочува за Народниот правобранител, али не сум сигурен дека тој ќе ти ја заврши работата.. Народниот Правобранител, зависно од тоа шо правна материја ти е твојов проблем, може само да те насочи и да ти пружи правна помош, од една страна, и од друга страна да утврди дали имаш материјална или формална повреда на правото, па да те заштити со тоа што ќе „збричи“ - интервенира де, малку пред институциите каде што се води постапката..

Тебе ти треба судски орган, т.е. правосилна пресуда. а Народниот правобранител не може ништо да напраи тука..

По ова што велиш - „да си ја заштитам сопственоста“, зашо бе не покренеш тужба пред Основен 2, за заштита на сопственост? Имаш и таков тип на тужби, а у осталом имаш и тужби за докажување на сопственост.. мислам.. изјасни се за што конкретно ти е проблемот.... оти вака, никој нема да знае да ти помогне, а најмалку па НАродниот правобранител... „ да си добијам оштета и над се да им докажам на оние со луѓе кои се стекнале со " академски знаења "(судии, нотари, катастар и сите кој ги опфаќа едно дело ) дека не се семоќни“ - кај него секој ден доаѓаат луѓе со вакви изјави и фрустрации.. јес да ни е сјебана државава брат, али ако сакаш да бидеш факман, онда спушти се на ниво на државата и заеби ја на начин на кој шо и таа не заебува нас ;)
 
0nline

ЕУ и Нато Антифашист
Член од
8 јануари 2012
Мислења
103
Поени од реакции
58
Судски сум ги докажал и поминал тие работи за 40 години. Јас имам намера тие судии , нотар и др. да им поднесам посебна тужба со барање на оштета од следната недела. Но исто така и посебна тужба кон државата. Најинтересни се пристрасните решенија и писма кои ги имам добиено, веројатно составени од личен интерес. Во нов нема никакво правно образложение , на мои извршни и правосилни пресуди без право на жалба и должничка парична постапка.
И за крај , барам совет преку кого можам да започнам судски процес против државата. 40 години од држава трпам штета и сакам за се да си наплатам .И не прифаќам да се договорам со државата . КРАЈ.
 
Член од
19 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Иди пак жали се, па пак, па уште еднаш, мора упорно да им досаѓаш да се мрднат работите од место или најди некој што знаеш таму, со врски се разбира кај нас може побрзо да се заврши работа :D
До сега три пати имам поднесувано жалба и немам никаков одговор. За тоа време дивата градба е комплетно изградена, а врски немам за жал. Државата не функционира. Знае ли некој како можам да го остварам своето право?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
До сега три пати имам поднесувано жалба и немам никаков одговор. За тоа време дивата градба е комплетно изградена, а врски немам за жал. Државата не функционира. Знае ли некој како можам да го остварам своето право?
Постои Државен инспекторат за градежништво и урбанизам . Се наоѓа во зградата ма Македонската радио телевизија, обиди се таму да поднесеш жалба, дека не ти одговараат
Во Министерството за правда ( во Центар до Мекдоналдс )
Постои Државен управен инспекторат и таму можеш да поднесеш приговор дека не ти одговараат
И уште можеш да поднесеш поднесок до Народниот правобранител
Инаку кај нас општинските шерифи се крајно безобразни и од нив може да се очекуваат секакви работи.
 
Член од
19 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Постои Државен инспекторат за градежништво и урбанизам . Се наоѓа во зградата ма Македонската радио телевизија, обиди се таму да поднесеш жалба, дека не ти одговараат
Во Министерството за правда ( во Центар до Мекдоналдс )
Постои Државен управен инспекторат и таму можеш да поднесеш приговор дека не ти одговараат
И уште можеш да поднесеш поднесок до Народниот правобранител
Инаку кај нас општинските шерифи се крајно безобразни и од нив може да се очекуваат секакви работи.[/quote
Жалба да поднесам прво до Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, има некој редослед, или.... до сите неведени инстанци одеднаш?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Постои Државен инспекторат за градежништво и урбанизам . Се наоѓа во зградата ма Македонската радио телевизија, обиди се таму да поднесеш жалба, дека не ти одговараат
Во Министерството за правда ( во Центар до Мекдоналдс )
Постои Државен управен инспекторат и таму можеш да поднесеш приговор дека не ти одговараат
И уште можеш да поднесеш поднесок до Народниот правобранител
Инаку кај нас општинските шерифи се крајно безобразни и од нив може да се очекуваат секакви работи.
Во превод бараат мито.Мојот случај е скоро ист и ако отидам во управна инспекција да го пријавам ќе си имам проблеми со неговата инспекција.Целовреме ќе ми праќа.Ги познавам сите игри на општинските шерифи и многу се дрски.Некогаш ме демотивираат и не ми се иде веќе секој пат да се расправам зашто мојот предмет не е на седница на советот.До мене плацот има веќе изградено отпад и работи диво,а јас бидејќи сакам регурално чекам веќе од октомври месец...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Одеднаш до сите, тие не се поврзани меѓусебно.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам е во Министерството за транспорт и врски
Државниот управен инспекторат е во Министерството за правда
Народниот правобранител е независен.
Можеш и да тактизираш - најнапред до двата инспекторати, па потоа до Народниот правобраните, можеш и на нив да се пожалиш.
Обиди се и ако кај нас тие се ,,,, што да ти кажам
Ако општината не ти одговори инспекторите треба да ги казнат. Тие казни се неколку илјади евра ама кај нас ... чавка на чавка очи не вади...
 
Поврзани се мислиш не се знаат.Имам пријатели во министерствот за екологија потпишано дека има дадено таква употребна дозвола на друга фирма.Не е битно треба да се реши еднаш засекогаш,оваа недела ќе го земам предметот и ќе отидам на адвокат што се занимава со тоа.Но знам што е излезот но ајде си велам надежта последна умира.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во превод бараат мито.Мојот случај е скоро ист и ако отидам во управна инспекција да го пријавам ќе си имам проблеми со неговата инспекција.Целовреме ќе ми праќа.Ги познавам сите игри на општинските шерифи и многу се дрски.Некогаш ме демотивираат и не ми се иде веќе секој пат да се расправам зашто мојот предмет не е на седница на советот.До мене плацот има веќе изградено отпад и работи диво,а јас бидејќи сакам регурално чекам веќе од октомври месец...
Не...Овие државниве се сериозни луѓе... а општинариве има секакви ...
не бадијала ги нарекуваат општински лешинари тие се подготвени за едно пиво и десет кебапчиња се да сторат
А за инспекции... Општинариве не се толку моќни да ти пратат сериозна инспекција како што е УЈП или Пазарна инспекција... Можат да ти пратат инспекции што се во нивна надлежност - на пример комунална инспекција и такви работи и градежна инспекција - таа е во надлежност на општината.
Да сум не твое место би се обидел да побарам прием кај градоначалникот и потоа би му досадувал дури не свршат работа
--- надополнето: 1 септември 2012 во 23:37 ---
Поврзани се мислиш не се знаат.Имам пријатели во министерствот за екологија потпишано дека има дадено таква употребна дозвола на друга фирма.Не е битно треба да се реши еднаш засекогаш,оваа недела ќе го земам предметот и ќе отидам на адвокат што се занимава со тоа.Но знам што е излезот но ајде си велам надежта последна умира.
Негледај се црно... Има луѓе кои имаат познанства и се ќе свршат за еден ден, ама сите не сме такви. А адвокат не знам што би ти помогнал?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom