Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Основните одредби за траењето на годишниот одмор се содржани во ченот 137 ставови 1 и 2 од ЗРО (Законот за работни односи). Според нив, работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена.

Во членот 138 од ЗРО, се нагласува дека траењето на годишниот одмор во секој одделен случај се определува според времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. ОКД за приватниот сектор во членот 40 став 2 и ОКД за јавниот сектор во член 27 утврдуваат некои од основните критериуми според кои се определува траењето на годишниот одмор на работникот. Тоа се:
а) Вкупен работен стаж:
- до 5 години - 1 работен ден;
- од 5 до 10 години - 2 работни дена;
- од 10 до 15 години - 3 работни дена;
- од 15 до 20 години - 4 работни дена;
- од 20 до 25 години - 5 работни дена;
- над 25 години - 6 работни дена

б) Сложеност на работата според степенот на стручната подготовка:
- за високо стручна подготовка - 3 работни дена;
- за виша стручна подготовка или ВКВ - 2 работни дена;
- за средна стручна подготовка - 1 работен ден

Има и други критериуми како Условите за работа и одговорност, Тешка (хронична) здравствена состојба, Три или повеќе деца и така натаму. Но, по сите можни критериуми, збирно, работникот има право на годишен одмор само до 26 работни дена. Доколку работникот го надминува максимумот по основ на критериумите во овој член има право на годишен одмор само до 26 работни дена.

ЗРО во членот 137 став 2 определил неколку групи на вработени на кои поради одредени причини им го зголемува трањето на годишниот одмор за уште 3 работни дена. Тоа се:
- повозрасен работник (жени над 57 и мажи над 59 години - член 179 од ЗРО),
- инвалид,
- работник со најмалку 60% телесно оштетување и
- работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток.

Овие вработени имаат право на уште 3 работни дена годишен одмор, што значи дека минималната граница на годишниот одмор за нив изнесува 23, односно максималната 29 работни дена.

Се надевам дека ти бев од помош. :)
Дали мора да се почитува колективниот договор пр. за приватен сектор? Има приватни фирми што даваат само 20 денови одмор. Дали смеат така?
 
Сакам да купам куќа во градба (карабина) ама дворот се води на РМ.
Куќата е легализирана (1спрат) а вториот не е вселив па не го легализира. (мислам дека нема да биде проблем да го легализира кога ке излезе новиот закон)
Е сега дворот е на РМ, а сопственикот поднесе барање за приватизација во локална самоуправа (му кажале ке биде 1м2 за 1 евро). Документите се комплетни, ама помина скоро месец, а тешко дека и ке биде за брзо (од искуства од други)... Потоа оди кај правобранител па тешко се гледа крајот.

Дали можам јас да ја купам куќата и да го преземам барањето кое е веќе поднесено?
Има доста работа во неа, а не ми се чека толку време.
Денес малку пребарував и го најдов ова:

На пример, ако едно лице купи објект кое се наоѓа на земјиште кое е во постапка на приватизација, со измените на законот наместо 30 ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување на барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, па измените со измените се излегува во пресрет на граѓаните, соопшти Министерството за финансии.
 
Дали личност која не може да оствари пензија (нема 15 години стаж, туку 7-8 години да речеме) има право на некаква социјална пензија или некаков надоместок од државата? И дали има услови што треба да се исполнат за да се стекне тоа? Сигурно има повеќе вакви случаи во државата, знае ли некој што им прават?
Има, Закон за социјална сигурност за старите лица.
 
Не знам каде да го поставам прашањето па ќе прашам во темава.
Имам куќа од 100 квадрата и поради икс причини планирам да ја продадам. Меѓутоа се уште трае процесот на легализација на истата. Отприлика колку би можел да барам за неа? Ако е во прашање и локацијата, се наоѓа во Бутел.
 
Дали е дозволено во зграда да се работи, на пример козметичко студио?
 
Влага една госпожа во зграда ама го грешава влезот.
Оди ѕвони на врата и излага едно разбацано бате со бела маица на прерамки.
-Добар Ден, "Силуете"?
-Да силуеме, повелете.
 
Дали дури и ако е само за живеење?
Ако се работи за згради кои се водат под А2 и имаат (барем новите згради) план за градба, елаборати и слични документи, исклучиво за домување и гаражен простор. Дали може да посочиш според кој закон може зграда А2, дел од гаражите (не знам дали @Kanye.brt за сличен простор гаражи или подруми мисли) да се пренаменат во деловен простор?

Извинете што се надоврзав, имаме и ние сличен проблем со деловен простор.
 
мислам дека е само за живеење наменета зградата, зборам за работење во стан.
 
Еден куп канцеларии и козметички студија има по станови. Ако не е сменето нешто со законите, тоа беше доволено.
п.с. Вицот за Силуете е многу стар, ама пак ме изнасмеа :D
 
Еден куп канцеларии и козметички студија има по станови. Ако не е сменето нешто со законите, тоа беше доволено.
п.с. Вицот за Силуете е многу стар, ама пак ме изнасмеа :D
А и Силуете студиото е во зграда.
Автоматски споено мислење:

мислам дека е само за живеење наменета зградата, зборам за работење во стан.
Фризери, масери, козметичари, доктори...па дури и часови по јога, аеробик идр.
Автоматски споено мислење:

Дали дури и ако е само за живеење?
Ако се работи за згради кои се водат под А2 и имаат (барем новите згради) план за градба, елаборати и слични документи, исклучиво за домување и гаражен простор. Дали може да посочиш според кој закон може зграда А2, дел од гаражите (не знам дали @Kanye.brt за сличен простор гаражи или подруми мисли) да се пренаменат во деловен простор?

Извинете што се надоврзав, имаме и ние сличен проблем со деловен простор.
Незнам за закон, само знам еден куп такви станови во кои се работи се и сешто...но а ко можат и нотари, зошто да не може и козметичари.
 
мислам дека е само за живеење наменета зградата, зборам за работење во стан.
Може, само што не се води просторот како стан туку како деловен простор.
Точно околу законот не можам да ти кажам но познаник држеше така.
Низ Центар имаш мал милион станови што се претворени во деловни објекни како разно разни канцеларии или „салони“.
 
Може, само што не се води просторот како стан туку како деловен простор.
Точно околу законот не можам да ти кажам но познаник држеше така.
Низ Центар имаш мал милион станови што се претворени во деловни објекни како разно разни канцеларии или „салони“.
ми треба закон, знам дека има ама мислам дека сите се на приземје или први, нема логика како ке мунтекне на некојнделовен простор да направи, ако е така може кросфит да отворам на 3ти на пример или столарија да сечам по цел ден?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom