Правна помош и совети

Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Прашање до поискусните адвокати: Дали доколку во кривична пресуда стои дека согласно чл.93 ст.1 од ЗКП , трошоците на кривичната постапка паѓаат на товар на буџетските средства, истите тие трошоци со Фактура треба да се бараат од судот?!
 
L

Löwe

Гостин
Доколку во статутот на факултетот стои ова

Доколку распоред на полагање добиваме на точно 7 дена пред првото полагање, дали може да се покрене тужба против декан/продекан за настава и каков исход може да се добие од тоа?
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Ве молам за правно прецизирање:
Кога се исплаќа одвоен живот, над колку километри и ВО КОЈ ЗАКОН Е ТОА НАПИШАНО?
За теренски додаток е над 50 км, ама никаде не можев да сретнам кога и како се исплаќа одвоен живот и КАДЕ Е НАПИШАНА ДЕФИНИЦИЈА ЗА ОДВОЕН ЖИВОТ И ВО КОЈ ЗАКОН? Не за именувани функционери,пратеници , судии, полицајци,армија. Погоренаведените се водат од Закон за буџет според член 8 и 9 и се ограничени над 100 км.
Ова е стара уредба ми треба новата ВАЖЕЧКА
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/E6137D0C283B46BE8909BEDC3C1287F9.pdf
Благодарам однапред.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.741
Поени од реакции
7.253

Тоа е навистина стара Уредба. Во Законот за работни односи:

Надоместување на трошоците поврзани
со работата
Член 113
(1) Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за:
1) службено патување;
2) теренски додаток;
3) користење на приватен автомобил за службени патувања;
4) одвоен живот од семејството и
5) смрт на работникот или член на неговото семејство.
(2) Работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни
награди.
(3) Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие
трошоци се утврдува со закон и колективен договор.
(4) Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од
работното место, како и исхрана за време на работа.
(5) Трошоците за исхрана од ставот 4 на овој член можат да изнесуваат најмногу до
20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците
за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.

Погледни и во твојот Колективен договор
 
Сето тоа веќе го знам.. ми треба ДЕФИНИЦИЈА НА ТЕРМИНОТ, како и дали има ограничување во километри или нема. Како и во кои околности се доделува и во кои не се доделува.. И во кој Закон и кој член тоа го содржи. Во мојот колективен тоа го нема.
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
20
Поени од реакции
5
Правен совет по давање отказ од страна на работникот? Како да ме одјават. Спогодбено решение? Решение по барање на работникот? Кое е подобро за работникот?
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39
Поени од реакции
14
Правен совет по давање отказ од страна на работникот? Како да ме одјават. Спогодбено решение? Решение по барање на работникот? Кое е подобро за работникот?
Ако спогодбено си заминувате спогодбата ќе се приложи во АВРМ заедно со шпропратната документација и тоа е тоа..доколку отказ сте дале отказно решение заедно со пропратната документација...едноставно нема да ви влијае начинот на кој што сте заминале во смисол на тоа дали едно е подобро или полошо за вас
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Ме интересира дали постои некој закон за домување или некако правно да се поткрепи целава ситуација, бидејќи со вакви комшии човек ќе полуди.
Живеам во зграда и ние и под нас два стана се грееме на дрва. Проблемот е шо не можиме да се убедиме да го исчистат оџакот и кај нас дома избива цел чад од подот каде што поминува оџакот. Бидејќи сме најгоре ние го имаме исчистено, ама тие за жива глава не сакаат од кај нив да се исчисти трета година веќе со ред.
Не се диши буквално дома, седиме со отворени врати и прозорци,а тие упорно се прават надурени дека кај нив се било во ред, ние сме имале проблем.
Ваљда мора да постои некој закон за вакви работи, да имам барем и основа во полиција да ги пријавам, бидејќи ем дома не се седи,ем реално и правото на факинг дишење воздух ми го нарушуваат.
 
Законот за домување е недоречен и не очекувај директна помош од него во смисла, да дојде некаков инспектор кој ќе им наложи, ќе ги казни. Можеш во Полиција да го пријавиш ова, тоа би било поплака. Полиција исто така не може да им наложи да го исчистат оџакот. Единствено што ти останува, ако не можете да се разберете е Суд, вештаци, адвокати, трошоци. Тогаш ќе ги користиш поплаките што си ги пријавил во полиција. Сепак, ако не те држи инаетот, мислам дека е поевтино и помалку стресно да им се исчисти оџакот на твој трошок
 
Проблемот е шо лани кога ги чистеа оџаците од другите вертикали станарите, тие не сакаа пошо нели 1200 денари да се поделат на 3 стана им беше многу, им предложивме и ние да платиме за чистење пошо како што кажав кај нас избива чадот и повеќе не чини шо не можеме на раат ниту да се стоплиме и шо ѕидовите ни потемнуваат. И оџачарот им рече дека мора да се чистат еднаш пред да почни сезоната и ко ќе заврши, тие викаат дека тие немале никаков проблем, туку ние.

Во секој случај фала, исчитав милион работи и најдов нешто слично шо можи да се поткрепи. Од законот за заштита и спасување постои член каде шо вика дека треба да се чистат оџаците во домаќинствата минимум два пати годишно, а ние јадни 3 години се чисти оџакот само од горниот спрат. Плус гледам има нешто инспекција од заштита и спасување каде што можи да се пријави овој проблем и казните читам се прилично високи, работата е што не сакам до толку далеку да одам и да испадне казни тужби, току едноставно да прифатат да се исчисти оџакот од први спрат нагоре.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.116
Поени од реакции
1.262
Абе затни им го на ден два со нешто што нема да пропушта чад нагоре а по твоја потреба ќе можеш лесно да го отстраниш и прави се на тошо, кај мене денес нечури за чудо, нека им враќа дим и нив и нека неможат да горат па кога ќе видат дека се морало ќе чистат ако сакаат топло и оро ќе играат.
Не е фер и добро соседски советов но со стока само така мора оти они друг јазик не разбираат.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Не знам дали е соодветна темава, но ќе ја постирам алаткава овде, можеби на некој ќе му биде од корист.

Се работи за нова алатка, односно правен калкулатор за пресметка на трошоци за правни постапки.

http://pravenkalkulator.mk/
 
Член од
10 септември 2014
Мислења
144
Поени од реакции
91
Во фаза сум и јас да го решам прашањето со кровот над глава (ако 40-42м2 може да се рече дека е решавање на тоа прашање) па едно прашање..во игра се два стана, двата се новоградба и не се вселувани. Разликата е во тоа што за едниот разговарам директно со извршителот а другиот е веќе купен од друго физичко лице, префрлен на негово име и иако не е вселуван јас би го купил од него така да речам втора рака. Се ми се чини дека данок од 5% или нешто слично не се плаќаше само за прва продажба т.е. при купување директно од инвеститор, додека при секоја следна купо-продазба се плаќа тој данок. Дали е тоа така, дали некој поминал или имал слична ситуација или можеби има луѓе кои тоа едноставно го знаат па би молел за појаснување...тенкс ин адванс
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Дали при повреда на работно место (скршена рака и згмечена цела дланка) треба истиот случај и потребна документација за исплата на штета од осигурување да се покренат веднаш истиот ден (или во следните денови) или тоа се прави откако ќе заврши боледувањето (по месец, два, три...)?

Дали покрај платата од боледување која ќе се зема следуваат и некои други финансиски средства од осигурителната компанија?

Која потреба документација се подига и од каде? Од осигурителна компанија или прво од фирмата каде е вработениот?

Се работи за работник во приватна фирма.

Ви благодарам!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom