Интересна дискусија околу Законот за јавна чистота
Јас би рекол вака, да ги видиме прво дефинициите на одредени поими од самиот Закон:
Член 5 во точка 7 ја опишува дворната површина:
“Дворна површина“ е просторот околу колективните и индивидулните објекти
за домување.
а во истиот член, точка 4 јавните површини:
“Јавни површини и отворени простори на јавни објекти“ се улици, тротоари,
велосипедски патеки, плоштади, кејови, подвозници, надвозници, мостови,
паркиралишта, скалила кои ги поврзуваат површините на јавен сообраќај,
градски паркови, парк-шуми, улични тревници, видиковци, гранични премини,
железнички, автобуски, бензински и такси станици и други објекти на
комуналната инфраструктура, јавни телефонски говорници, зоолошки градини,
градски гробишта, сајмишта, пазари, магацини и складишта, спортско
рекреативни објекти (стадиони, хиподроми, стрелишта), јавни капалишта и
отворени простори околу други јавни објекти;
Оттука произлегува следното:
Ако просторот околу стамбената зграда го сметаме за дворно место, независно дали е оградено со ограда, или не, тогаш може да се истоварат или сечат дрва и веднаш да се внесат во подрумот, согласно со дефинициите од Законот.
Секако, постојат згради кои со челната фасада излегуваат на улица,т.е. на тротоар и тука не би имало можност да ја примениме одредбата за дворно место, но таквите згради имаат дворно место позади, и таму треба да се изврши доставата на огревен материјал, а тоа никако неможе да се подведе под јавна површина согласно одредбите на Законот.
Од друга страна, законот не спречува достава на огревен материјал од јавна површина до подрумот.
Дрвата би се донеле веќе сечени и спремни, и од камионот веднаш во подрумот
По мене, глупо е да донесам дома дрва, па да стојат на улица, па после некое време да ги сечам, цепам и сл.
Како и колегата POWER-MKD сметам дека не би поминала евентуална иницијатива пред Уставен суд.
За самата постапка, незнам како оди пред Уставен, никогаш не сум имал такво искуство, ама мислам дека Судот работи по претставки од граѓаните адресирани до него, образложени, се разбира, па ако сакате, пробајте си ја среќата.