Здраво, прашање до сите што се разбираат од право и закони. Дали можам да барам оштета, ако по грешка на УЈП или банката, ми ги имаат блокирано трансакционите сметки, не само во таа банка туку во сите, за мал долг што е на друга личност со исто презиме? Да е потрагично, одредено време сум надвор од Македонија и не можам ни да ги одблокирам иако ми требаат, дека бараат лично да се оди на шалтер, па моите не можат ни пари да му уплатат, бидејќи сите сметки ми се блокирани. Па затоа, планирам да ги тужам кога ќе се вратам, дека очигледно или УЈП или банката не работи како што треба! Има основа или џабе е?