Оки, горе долу, ваков е проблемот (не се работи за мене):
Имате стан шо го издавате под кирија, без договор за закуп (студенти). Периодот на школска година веќе изминува, договорот (усен) истекува. Испаѓа дека дечките генерираат долг за сметки од околу 20.000 денари, + немаат платено една кирија. ЕВН ја исклучува струјата, дечките не се тука во моментот, газдата неможи да ги добие на телефон (прво мотаат, денес, утре ќе дојдиме, потоа и не креваат), и на крај епилогот е: смената брава на станот, внатре во станот има куп работи останати од кираџиите.
Е сега, прашањето е, шо можи да се издејствува по законски пат? Кој кого можи да го тужи? Шо можи да се направи (освен продажба на работите) ако дечките не сакаат да платат?