По што ќе ја паметите 2014 година?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.619
Поени од реакции
9.143
Ден по ден полека изминува и уште една година. Што е тоа по што ќе ја паметите оваа уште малку па измината 2014 година? Што ве направи среќни? Успеавте ли да реализирате дел од вашите идеи и планови? Ви се исполнија ли повеќето очекувања и желби? Имавте повеќе убави или неубави мигови?:backa:
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
По тоа што научив многу работи, по тоа што научив дека повеќе не ми се живее во Македонија, по тоа што научив колку се прости луѓето околу мене што се чукаат во гради одејќи по штабови, по тоа што сменив 2 работни места заради тоа што никаде никој не дава плати за преживување, а не за живеење, по тоа што си направив многу акаунти на овој форум и по тоа што сите кењаа* кој каков е без воопшто да знаат ниту малку за него, од 10ина прочитани постови го бележат човек каков е и што прави во неговиот живот, по тоа што луѓето се алчни, гнасни, јадат свој леб и берат туѓа мака...
Е по овие работи ќе ја паметам 2014та година..
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
23.206
Поени од реакции
66.843
Повеќе по лошо, нажалост... :toe:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.335
Поени од реакции
3.945
Многу лоши работи, малку добри ама сепак ќе си ја памтам по добри, а лошите иако се тазе ќе гледам да ги заборавам што побрзо.
Брат ми и девојката си го изреновираа станот и си се вселија таму. Најубавото нешто во 2014. А иако знам одвај чекам за две недели да им соопштат на сите дека планираат и свадбааа! Посреќна ќе бидам дури јас кога ќе си планирам свадба. 2017 :P
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
792
Поени од реакции
495
2014 ќе ја памтам по излегувањето на GTX 750 и GTX 750 Ti, односно премиерата на новата Максвел архитектура од Nvidia со ултра лоу потрошувачка и многу ниски работни температури, потоа по излегувањето на Guardians of the Galaxy и чекањето на The Hobbit: The Battle of the Five Armies и уште некој филм, потоа по претставувањето на хај енд картите со Максвел архитектурата, GTX 970 и GTX 980, излегувањето на Advanced Warfare која донесе некое освежување на Call of Duty серијалот. Исто така ќе ја памтам како годината во која имав најслаб успех на училиште до сега, ниедна идеја не успеав да ја направам да стане реалност. Се на се, не беше многу лоша годината. Ќе заборавев, и по тоа што станав поголем патриот. ;)
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.607
Поени од реакции
5.016
По малерството,по тоа што за многу работи немав капка среќа...се надевам 2015 ќе биде подруго.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Одлична година, прошетав доста места и држави, дипломирав, љубовно солидно, германија освои свецко и не живеам више во вукојебинава. Се надевам од јануари трајни документи за престој и солидна работа као за почеток.:misticen::pijani:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
34.941
Поени од реакции
93.394
Јас по добро ќе ја паметам. Имав убав почеток на годината, положено одредени битни предмети (ок де паднав еден најбитен али луѓе сме :D ), потоа апсолвентската екскурзија која никогаш нема да ја заборавам. Буквално пола Европа ја прошетав, видов многу народи, многу различни култури, начини на живеење, скулптури, градби, паѓаа дружења со останатите смерови и факултети. Со еден збор кажано - НЕЗАБОРАВНО.

Па од септември почнав и да работам, и тоа работа која најмногу ја сакам и која потполно ме исполнува. Се надевам дека нема тука да застанам и дека ќе напредувам што повеќе и повеќе. Така да не можам да се жалам од оваа година, може само да кажам дека сакам уште поубава и поуспешна 2015 година.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
По лоши жени скапи коли и уште поскапи телефони кој на крајот се нормални работи во животот на еден чоек и трговските центри а да тоа е фактор број еден!

Најдобрата ствар беше како и увек исплата на К-15!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom