Ееее де де..си „се препознал„ чинам..веднаш..според гестовите и прашањата ..Кои сте (биле)
вие..прашуваш?
Па у последно време сте ептен препознатливи..стално (нешто) „
закерате„..а ништо не превземате..за да се видоизмени билошто..или
бачилата ти се помили..неодамна казнети..или повеќе преферираш некој во тренерки да дојде овде?
Во вакво наследено буниште од пост-
комунистичко општество каде ..ОД БИЛО КАДЕ И ДА ПОЧНЕШ..сталн си има некаква работа за да поправаш..и не прашувај од каде..од билокаде и да се започне со „тргањето„на
жабокречината во која е оставено општеството наше и секако и твое...
пс
А зашто не се користат ПЦ-та?..е добро е...и секако и наместо прашање..а одговор би требало да (ни/ти) даде некој министер (само не во тренерки)..ами некој кој сака дечињата..барем привидно да стапнат во векот во кој се и родени...
У кои води си со муабетов не ми е јасно. Прајме муабет за проектот со компјутерите или проектите на претходните влади. Нема проблем, отвори тема за ресенчанецот, грешките на сдс, приватизацијата, истото ќе ти го кажам, дека се е лоповлук. А во моментов збориме за компјутерите. Нешто на друга адреса да не си по грешка? Или тераш муабет на страна. Ако сакаш еве. Ради брутото и неспособните сметководители сега плаќаме пенали кон евн, водовод, банки за кредит... не стига плата испод 20-ти. Плукањето е казниво со недела работа со метла, а фрлање ѓубре поред пат и проституција/масажа не е... Знаеш сега банките дека не даваат на фирми пари да работат со нив (зборам за солвентни фирми)? Дека е стегнато до немајкаде? Сега и Србија паѓа надолу, а ние сме најголеми извозници кон нив, па ќе видиме што е криза наскоро и кај нас. Ич не праам повеќе муабет за друго. А ти мислиш арно сум видел од овие или од другите, не, грешка си. И тренерките ме зае*аа и Тат и продадените капацитети и телеком и евн... сите од ред.
Батка, сега и во моментов се овие проекти и грешки. Ко ќе бидат други ќе ги муабетиме и тие. Ти плаќаш даноци на државава? Плаќаш и за вакви авантури. Ќе платиш и за обуките (а верувај ставките на обуките и обучувачите се исто доста крупни). Ќе видиш (ако имаш деца) колку пари ќе ти бараат за расипаните компјутери.
А за да се преземе нешто, да, треба, го пишав во еден пост-ги критикуваме и пак истите ги заокружуваме (делумно ради таквата политичка конфигурација, делумно ради нас самите). Зошто за промена не заокружиме некој друг, без разлика на раса и боја на очи (има тема и анкета за Селмани)? Епа народот друго не може да преземе освен казни на избори. Се друго му е забрането, рацете му се врзани. У ствари не е дека не правиме ништо, скоро 20 години како сите не е*, а ние само мрткаме со газињата и ги поддржуваме во тоа. А за демонстрации и митинзи требаат тенкови. Видов како помина 1995 мислам беше со митингот на вмро пред собрание. Војска горе врз кровот на Арм, пушкомитралези, внатре миљон полицајци, недај боже да се запукаше, отидоа јабана сите.
Па врти го муабетот и понатаму на тренерките, нема проблем, твое право ако сметаш дека е ова место за промоција на партија или ако мислиш дека е забрането надпартиски муабет. Но пробај тргни некогаш од себеси, неповрзано со партии и влади, од тој аспект не ми се чини дека проектов е успешен. Или ти мислиш дека е успешен?
Го изумив проектот за садењето дрвја, но тоа е за друга тема
, а и постов ми е предолг.