Почна истрагата против Фуере од ЕУ-омбудсманот

Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Европскиот омбудсман дал наредба до својот правен оддел да започне со истрагата по поплаката на кумановецот Јордан Петровски дека евроамбасадорот селективно се залага за почитување на човековите права

Ерван Фуере, амбасадор на ЕУ, и самиот ќе се најде пред истрага, и тоа токму од институцијата што тој самиот ја претставува. Елизабет Кливер, правен советник на омбудсманот на Европската Унија, е таа што ќе ги проверува сите изјави, писма и однесувања на Фуере во случајот Петровски против Фрчкоски. Кливер од Џулија Пасквинели, заменик-омбудсман на ЕУ, ќе испитува дали Фуере селективно се залага за почитување на човековите права во Македонија.
Јоја Сантана, шеф на правниот оддел на ЕУ-омбудсманот, на 27 мај му испрати писмо на кумановецот Петровски, авторот на поплаката против Фуере.

„Ве информираме дека вашата поплака е заведена под број 1329/2009/ЕК и за неа е задолжена г-ѓата Елизабет Кливер...“, пишува меѓу другото во писмото до Петровски. Во разговорот со Кливер таа ни потврди дека ја примиле жалбата од Петровски.ѓ

- Дописот го регистриравме како поплака и тој е заведен во документацијата.
Она што сега ќе следува е анализа на оваа поплака по што ќе излеземе со официјален став. Само тоа можам да ви го кажам во моментов - ни изјави Кливер.
Петровски како доказен материјал во Брисел испратил обемна документација и серија докази во форма на изјави во медиуми. Тој пред претседателските избори поднесе претставка до Комисијата за верификација на факти, против претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски. Поднесувајќи го како доказ своето полициски досие, кое го добил од МВР, а во кое се наведува дека од политички причини бил следен од Управата за безбедност и контраразузнавање во периодот кога министер на полицијата беше токму Фрчкоски, Петровски бараше претседателскиот кандидат да биде отстранет од трката за шеф на државата. Претседателските кандидати потпишаа изјави пред изборите дека не учествувале и не давале наредби за следење на граѓани од политички или идеолошки причини.

Петровски бил следен од УБК поради наводни врски со бугарските тајни служби. Според него УБК го следела бидејќи бил финансиер на ВМРО - ДПМНЕ.

Бидејќи Комисијата за верификација на факти сé уште не функционираше, односно не и беа подготвени просториите за работа, Петровски се обрати до Фуере и до Пасквинели. Тој, од евроамбасадорот добил неколку одговори, кои ги оценува како штури. Поради ова барал заштита од омбудсманот. Фуере тврдеше дека неговиот мандат не му дозволува јавно да се занимава со индивидуални случаи.
Автор: Александар Божиновски


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=659124255722&id=9&prilog=0&setIzdanie=21705
 
Член од
28 март 2008
Мислења
133
Поени од реакции
3
Се надевам дека ќе добие шлаканица од комисијата, за сите негови дебилни постапки. Инаку нити има познавање од политика, нити од дипломатија, се ми се чини дека ни тој самиот не знае зошто воопшто е поставен за евроамбасадор?
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Со убо со арно.
Кај нас освен Кристофер Хил и некои други Американци, саглам некој од западов не сме виделе.
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Се надевам дека ќе добие шлаканица од комисијата, за сите негови дебилни постапки. Инаку нити има познавање од политика, нити од дипломатија, се ми се чини дека ни тој самиот не знае зошто воопшто е поставен за евроамбасадор?

Да но нашиве новинари и експерти и некои политичари прво трчаат кај него да го прашаат.
Понекогаш се прашувам дали и кога ќе им се приоди во ВЦ дали прво одат кај амбасадориве да ги прашаат што мислат околу ова одење во ВЦ.
Се разбира секое одење е различно:vozbud:.

Е исто така ако некој не ја изврши постапката како што треба, овие истите новинари, експерти и некои политичари трчаат кон амбасадориве да ги кодошат за неисправната физиолошка потреба.

Со убо со арно.
Кај нас освен Кристофер Хил и некои други Американци, саглам некој од западов не сме виделе.
Абе знаеш народно како се вика.

Таму на газот не го ределе, ама тука прв на чело го стааваат.

Е сега тој последниот прв кога ќе го стават се знае што се добива.
 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Bravo Petrovski,so Gospod napred.Se nadevam deka nesto ke se promeni vo slucajov,kon pozitivno sekako.
 
H

HITCH

Гостин
Баш ми е кеиф нека иде сега нека се правда
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Се надевам дека ќе добие шлаканица од комисијата, за сите негови дебилни постапки. Инаку нити има познавање од политика, нити од дипломатија, се ми се чини дека ни тој самиот не знае зошто воопшто е поставен за евроамбасадор?
Treba nekoj koj ima vreme i zelba da gi prevede tekstovite od Nova Makedonija na Angliski i da gi prati do nekoj Irski vesnik.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Е редно беше да се најде некој ваков маж македонски... негоо овој го пратија нешто дипломат да биде или да изиграва DJ низ Скопјето?
Уф едвај чекам исход...


( како се викаше тој дипломатот или што к*р беше што Љупчо Ѓорѓиевски го избрка??? )
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
( како се викаше тој дипломатот или што к*р беше што Љупчо Ѓорѓиевски го избрка??? )
Џејмс Пердју, Американецот? После беше амбасадор во Софија, а сега се зборува дека може да биде американски пратеник за Балканот...
 
Б

Бат Елохим

Гостин
А бе... се плашам дека ќе го заштитат некако.
Јес да Фуере и останатите што ги праќаат тука имаат ај кју = амеба. Ама некако не ми иде у глава да дозволат таков резил да пукне.

А дали овој, Јордан Петровски е истиот тој што после следењата и малтретирањето се иселил во Канада? Оти имаше и таков случај ко што памтам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom