Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога збориме за приоритети оваа делница е најпотребна. Транспортот овде е најобемен и целиот транзит низ МКД се одвива по овој пат. Една сообраќајка и се кочи делницата 5 саати. Според мене треба да се гради прва. Потоа е изградба на автопат до Софија, исто влегува во приоритети. И третиот е кон Албанија.
Потоа се друго следи, како овој пат за Прилеп и пуштање две ленти плус до Охрид преку Тетово.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.875
Поени од реакции
10.400
Знае некој што се случува со Струмица - Радовиш? Срамно е по калдрма да возиме, не е човечки. Најздрав на свет да си ќе ти се преврти стомакот на калдрмата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
По логикава на Лион, секоја земја се задолжува за градење автопати, за пензии и плати на административци... Па кај одат нашите пари од даноците? Каде?
За чистење на патот во зима :icon_lol:

Вест од 2007 година за делот Демир Капија - Смоквица

22.06.2007, 18:13
Aвтопатот Демир Капија - Смоквица ќе се гради на десната страна на Вардар
Автопатот, кој е дел од Коридорот 10, ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра
ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА
Од десната страна на реката Вардар, на потегот од Демир Капија до Смоквица, ќе се гради нов автопат. Оваа нова делница на автопат, што претставува дел од Коридорот 10, Владата ја дефинираше како приоритетна на последната седница, чија изградба ќе стартува кон средината на 2008 година. Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра.
Директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека имало две алтернативи за изградба на нов автопат од Демир Капија до Смоквица. Едната варијанта била да се гради автопат од левата, а втората од десната страна на Вардар. Но, Владата се одлучила за автопат од десната страна на Вардар, затоа што била поевтина за 50 милиони евра и затоа што рокот за изградба на делницата бил за три години пократок. Од друга страна, должината на делницата е пократка за 6 километри, а дополнително олеснување е тоа што автопатот ќе се гради без да предизвика пречки во одвивањето на сообраќајот, бидејќи станува збор за нов пат. Сегашниот регионален пат од Демир Капија до Смоквица ќе стане алтернатива по изградбата на автопатот.
На автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе има неколку тунели со вкупна должина од 2,2 километра и мост преку реката Вардар во должина од 1,6 километри.
Овој проект се реализира со заедничко партнерство на грчката влада, Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија и меѓународни финансиски институции.
Средствата за изградба на автопатот ќе ги обезбедат владата на Грција, Европската унија (ИП-фонд), кредитни извори и нашата Влада. Македонија ќе треба да учествува со 15 отсто од вкупно потребните средства за реализација на делницата од Демир Капија до Смоквица, но дополнително прашање е дали овие пари ќе се одвојат од Буџетот или Владата ќе земе кредит.:tapp:
Трасата на автопатот поминува низ државно и приватно земјиште, а директорката на Фондот за магистрални и регионални патишта, Наташа Валкановска, вели дека приватните сопственици на земја ќе бидат обесштетени. Парите за обесштетување, според Валкановска, ќе се одвојат од Буџетот на РМ. Вкупните трошоци за оваа намена ќе се знаат дури откако ќе се направи елаборат за површината и цената на земјиштето.
Во почетокот на идната година ќе се распише тендер за изведувач, а се очекува изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица да стартува во текот на летото во 2008 година.
Како дел од Коридорот 10, ќе се проширува и патот од граничниот премин Табановце до Куманово за да стане автопат во должина од 7,3 километри. Овој проект ќе чини околу 11 милиони евра, изведбата ќе почне кон крајот на оваа година или во почетокот на идната.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=AC5E8880C1B1FC48A2ADC314EE54620F

Не читам манифести и слични партиски библии, ама дали има негде нешто, барем збор, за доработка на патот Прилеп - Велес преку Прилепското езеро, кој е дел од делницата М5 која од Прилеп продолжува за Битола и Охрид?
Ако не е, ги замолувам неколкуте возвишени економски експерти од форумов да пресметаат колку мито треба да се плати и каде за оваа работа да заживее. Пишете го ко услуга, ко за вадење возачка дозвола побрзо, мито е тежок збор. Консултантска услуга.
Еве го патот бе :icon_lol: Ама ова е само останато, нецел километар траса:

Во 1994 е почнат пред и одма после изборите прекинат, поради наводно немање финансии.Отвори некоја мапа и ќе видиш западно од селото Отовица и до автопатот Велес - Скопје трасиран подвозник и неколку столба за мост останати така во правец кон патот накај езерото Младост лево од пругата Велес - Штип.Имаме едно кило Велешани на форумов, сигурно некој е запознат...
Ова колку за уште една потврда дека сите влади досега ни се која од која подобри.Во популизам и дување балони.


Знае некој што се случува со Струмица - Радовиш? Срамно е по калдрма да возиме, не е човечки. Најздрав на свет да си ќе ти се преврти стомакот на калдрмата.
Требаше во Март да е готов...

Новиот пат Радовиш – Струмица ќе биде готов до март

Пуштањето во употреба на регионалниот пат помеѓу Радовиш и Струмица доцни 5 месеци поради незавршените градежните работи на 10 километри долгата делница помеѓу селата Сурдулци и Радичево. Од Агенцијата за државни патишта за „Билд“ објаснуваат дека првичниот рок од септември 2011 година е пробиен поради недоволниот интензитет на работа од страна на хрватската компанија „Ингра“, која како изведувач плаќа пенали поради незавршените работи. „Досега е поставен прв слој на асфалт на 7 километри од делницата, додека на останатите 3 километри на делови е поставен тампон и се изведуваат земјени работи. Инаку според договорот предвидено е проектот да биде завршен во месец март 2012 година“, истакнуваат од агенцијата.


* коцката од патот Радовиш – Струмица треба да биде минато од март 2012 година


Изградбата на регионалниот пат помеѓу Штип и Струмица започна уште во далечната 1992 година. Во изминативе 20 години се изградија неколку делници, но целосно истиот не се доврши и беше проследен со низа прекини на работите. Со завршувањето на сегментот од Сурдулци до Радичево, коцката од сегашниот дотраен пат помеѓу Радовиш и Струмица треба конечно да замине во историјата. Владата од државниот буџет за овој проект издвои 424 милиони денари, односно околу 7 милиони евра, а изградбата на делницата започна во 2009 година. На оваа делницае предвидено да се изградатдве клучки кај Калуѓерица и Радичево, 6 мостови, 2 потпатници, натпатник, како и канали и објекти за наводнување.



Бојан Блажевски

За нецели 80 км. пат 20 години заебанции.20 години градат 28 километри делница, од кои 10 километри ги градат 3,5 години.За споредба, обиколницата околу Скопје (26,5 км) ја изградија за пократко време (2,5 години) иако е далеку помалку фрекфентна.А патем е изградена исто со пари од кредити од ЕУ фондови и слично (72% од ЕБОР и 28% ЕИБ, ниту денар од наша страна!) и ја градеше фирма од јужниот ни сосед.

А лани во Јули рокот наводно беше Септември 2011.
http://www.kurir.mk/republika/opstini/37143-Izgradbata-na-regionalniot-pat-Strumica–Radovis-ke-bide-zavrsena-do-septemvri

Според манифестот во 100 чекори (страница 74), Октомври 2011.

Плус бонус заебавање...
Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Манифест за реформи и развој“ е предвидено не само довршување на патот Струмица-Радовиш, туку и изградба на нов експресен пат меѓу Струмица и Штип кој ќе има четири ленти, од кои две побрзи со по 3,75 метри и две побавни со широчина од по 2,5 метри. За овој проект ќе бидат инвестирани околу 250 милиони евра, а со оглед на тоа што се предвидува и изградба на автопат меѓу Штип и Скопје, значително ќе биде скратено растојанието и времето на пристигнување од Струмица и другите градови во југоисточна Македонија до метрополата и обратно, изјави Ставрески.

http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/29584-Ke-se-gradi-ekspresen-pat-megu-Strumica-i-Stip


И сега ова нешто ме збуни.Прилеп - Градско и Струмица - Радовиш - Штип експресен пат по 3,75 метри лента, а автопатот Демир Капија - Смоквица по 3,5 м. лента ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 257 милиони евра
Автопатот од Демир Капија до Смоквица ќе биде во должина од 26,8 километри и ќе чини 155 милиони евра.
јбт, овој кошта 100 милиони евра повеќе од 2007. Да не поскапел асфалтот на светски берзи?
 
F

fantomX

Гостин
Ако мислеше на ова :

Подобрување на патна врска од Градско до Прилеп и Битола преку изградба на експресен пат до Градско преку Росоман и Дреново


Проектот предвидува изградба на пат со коловоз кој опфаќа две ленти со ширина од 3,75 м и две бавни ленти со
ширина од 2,5 м.

Вредноста на проектот се проценува на 80 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.

Со изградбата на новиот експресен пат во должина од 25,8 км, ќе се добие пат со минимум три ленти од Градско до Прилеп. Делницата ќе минува во близина на населените места Раец, Дреново, Камен Дол, Сирково,
Крушевица и Градско.

Рок за изградба : 2012-2016 година
Ова е веќе постоечката делница, преку Плетвар до Кавадарци и Градско каде е вклучувањето на автопатот. Другата делница е преку Чашка до Велес.

Нека бидни ова автопат, ајде не мора и другиот до Велес да биди. Ама читајќи го задебеленото и подвлечено, сомнителна работа. Едно, Градско-Прилеп не е само 25,8 км. Дупло е. Друго, прво вика две со две, па после спомнува три ленти.
Единствена логика, од Прилеп до после Плетвар останува исто до кај што е со три ленти, па понатаму автопат. И тоа е нешто, ќе видиме ајде.
--- надополнето: 10 септември 2012 во 12:22 ---
Еве го патот бе :icon_lol: Ама ова е само останато, нецел километар траса:
Познато е се. Споменици на културата се ова, само барокни шо не се.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
јбт, овој кошта 100 милиони евра повеќе од 2007. Да не поскапел асфалтот на светски берзи?
Јак извор нема што од утрински кажале дека 155 мил ќе чини и крај на муабетов, тие се порелевтни институција од сите останати што го финансираат проектот. На ебор, Еиб и останати финансиери мутави се ќе дадат 100 мил евра плус само затоа што на некој така му се дигнало, глупости божем они не прават проверки за финансиската конструкција, на форумот кој глупости ќе се изначиташ тоа е чудо. До пред некој недела беше ништо не се градело некој ќе каже за брзо ке стартува изградбава на форумот и познатата багра на форумот се изјаснија дека станува збор за глаголот ЌЕ во идно време лажам, па сега кога почнаа градбава на баграва им пропадна тезата за глаголот ЌЕ, па почнаа да се секираат како можела грчка фирма на победи на меѓународен тендер божем ние го правевме тендерот а не институции на Еу како ЕИБ;ЕБОР итн, е сега па зошто да се градело 4 години кога според дарди во Албанија прават автопат за 18 месеци(абе јапонци станаа они после влезот во нато), па зашто прценка биле 155 мил евра во 2007 епа сега зашто на крај искочило 257 мил евра, одма сега баграва ќе отвори истрага случајно владава да не ни краде 100 мил евра преку нос, овие така од Еу со шлепери носат пари кај нас па не знаат кај се трошат парите , особено за вакви проекти они што ги финансираат. Заклучок Македонија ќе освоеше златен медал на олимписки игри ако постоеше категорија мрчење и јадење бурек. Ваљда следна поплака ќе биде зашто на делницата нема Бургер Кинг И Стар Бакс и еден спа центар.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јак извор нема што од утрински кажале дека 155 мил ќе чини и крај на муабетов, тие се порелевтни институција од сите останати што го финансираат проектот. На ебор, Еиб и останати финансиери мутави се ќе дадат 100 мил евра плус само затоа што на некој така му се дигнало, глупости божем они не прават проверки за финансиската конструкција, на форумот кој глупости ќе се изначиташ тоа е чудо. До пред некој недела беше ништо не се градело некој ќе каже за брзо ке стартува изградбава на форумот и познатата багра на форумот се изјаснија дека станува збор за глаголот ЌЕ во идно време лажам, па сега кога почнаа градбава на баграва им пропадна тезата за глаголот ЌЕ, па почнаа да се секираат како можела грчка фирма на победи на меѓународен тендер божем ние го правевме тендерот а не институции на Еу како ЕИБ;ЕБОР итн, е сега па зошто да се градело 4 години кога според дарди во Албанија прават автопат за 18 месеци(абе јапонци станаа они после влезот во нато), па зашто прценка биле 155 мил евра во 2007 епа сега зашто на крај искочило 257 мил евра, одма сега баграва ќе отвори истрага случајно владава да не ни краде 100 мил евра преку нос, овие така од Еу со шлепери носат пари кај нас па не знаат кај се трошат парите , особено за вакви проекти они што ги финансираат. Заклучок Македонија ќе освоеше златен медал на олимписки игри ако постоеше категорија мрчење и јадење бурек. Ваљда следна поплака ќе биде зашто на делницата нема Бургер Кинг И Стар Бакс и еден спа центар.
Лионче не се летај како мува на кривина, па после како во темава да се чудиш што се десило:

http://forum.kajgana.com/threads/Фабрика-за-железна-руда-услов-за-да-проработи-Тајмиште.60791/
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Лионче не се летај како мува на кривина, па после како во темава да се чудиш што се десило:

http://forum.kajgana.com/threads/Фабрика-за-железна-руда-услов-за-да-проработи-Тајмиште.60791/
Големо чудо се случило на организиран тендер тепала турска компанија и не го исочитувала рокот да исплати 2 мил евра и државата го раскинала законски договорот за концесија и ќе има нов тендер каде што тој што ќе го добие ќе плати и ќе почне да работи капацитетов. Ова е доказ дека функционира правна држава во време на една друга влада компании добивија концесии а ги немаа уплатено парите за концесија изгледа тогаш повеќе правна држава бевме:icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Големо чудо се случило на организиран тендер тепала турска компанија и не го исочитувала рокот да исплати 2 мил евра и државата го раскинала законски договорот за концесија и ќе има нов тендер каде што тој што ќе го добие ќе плати и ќе почне да работи капацитетов. Ова е доказ дека функционира правна држава во време на една друга влада компании добивија концесии а ги немаа уплатено парите за концесија изгледа тогаш повеќе правна држава бевме:icon_lol:
Не се летај, полека смирено, сталожено, гази на земја ќе ја урочиш и оваа лопата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага
одТоме Христов, НОВА | објавено на: 02-04-2014 14:59:04


Работата на автопатот Демир – Капија Смоквица е речиси блокирана. Единствено се работи на тунелите пред Демир Капија, а сета останата работа е прекината. Извори на НОВА во подружницата на „Актор“ тврдат дека сметките им биле замрзнати и голем дел од работниците морале да бидат пуштени дома.

НОВА праша за потврда во Министерството за финансии дали и зошто се блокирани сметките, но одговор се уште нема. Градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев кого го побаравме за да ни одговори на шпекулациите дека наводно голем број од отпуштените работници утрово бил и кај него, одговори дека такво нешто не се случило, но потврди дека и до него стигнале информациите за блокираната сметка на „Актор“ директно од раководството на компанијата.

„Застој има, така ми кажа еден од одговорните Грци во подружницата на „Актор“, чекале разврска од инспекцијата зошто им била блокирана сметката
. Тој вели дека нема потреба од узбуна, ако не ја одблокирале за недела дена ќе направеле напори директно од Атина да ги исплаќаат луѓето. Колку што знам од нивните кажувања, ратите од ЕУ редовно се исплаќале, а отприлика 250 Грци и Албанци биле отпуштени неделава поради сметките“, вели градоначалникот Димитриев кој ги следи состојбите со оглед на тоа дека голем број жители на Демир Капија од тука го вадат лебот.


Загриженост за менаџирањето на средствата од ЕУ со кои се гради дел од автопатот доаѓа и од Европската комисија која за оваа делница даде неповратен грант од 45 милиони евра.

„Во овој случај одговорноста за правилно спроведување на договорите, како и финансирањето од ЕУ лежи во Министерството за финансии. Во однос на ИПА фондовите, Комисијата го задржува правото да преземе соодветни мерки за да го заштити буџетот на ЕУ. Комисијат е целосно свесна за извештаите во печатот. Сите наводи за погрешно работење трба да бидат истражени од страна на властите“, вели за НОВА Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

НОВА разговараше и со дел од работниците кои беа ангажирани на работата на овој пат. Тие тврдат дека отпуштањат почнале уште пред една недела, кога речиси половината од грчките работници биле вратени дома, назад во Грција, а се пуштиле дома и добар дел од македонските работници. Во моментов, според нивните кажувања, околу 80 работници се отпуштени, иако им нагласиле дека отпуштањето „може да е привремено“.

„Претходно имавме договори на 3 месеци. Откако се појави аферата во медиумите, договорите ни ги направија на еден месец. Не сме пријавени, не исплаќаат преку авторска агенција, месец за месец. Последниот месец дури и ни ги намалија платите за половина, претходно зимавме од 300 до 500 евра, зависи кој што работи, сега земавме двојно помалку и еве, не пратија дома, не се знае до кога“, раскажува за НОВА работник кој сакаше да остане анонимен поради страв да не не биде повторно ангажиран.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Ете како се реализира една од најголемите инвестиции кај нас ! Преку авторска агенција , за Актор може ,а ? Епа убаво .
Никој не ни е таков душман , колку ние самите на себе . Само се плашам дека веке се е отидено малку далеку за да се надеваме на оправање на работата !
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Специјален поздрав до Миланка :)

 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
До кај е работава со автопатов?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom