Почина Киро Глигоров

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Прочитав десетина коментари и да ви кажам се исплашив да читам повеќе. Некои луѓе немаат ниту страм, ниту грев а богаими ниту интелект да прокоментираат дури за најобичните работи како животот и смртта.
Драги мои пријатели, Мекедонија денеска го загуби ПРВИОТ претседател на Суверена Самостојна и Независна Република Македонија.

Слвава му,
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Почивај во мир прецедниче.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Неможам да кажам дека Киро беше добар,а неможам да кажам дека беше и лош претседател.Едноставно беше лидер на земја која имаше милион предизвици пред себе,млада земја на ова буре барут со орлови канџи од сите 4 страни.Има направено некои катастрофални грешки,а тука не ја вбројувам онаа изјава пошто се гледа од небо дека е изнудена.Со промената на името а особено знамето тука мислам дека имало јаки играчи и огромни тајни,ама сепак тој е на чело на државата и ја презема одговорноста што е нормално.Атентатот врз него не беше наменет да биде убиен,пошто бомба од таква близина сигурно усмртува човек ако е наменета за тоа.

Ама 200 000 пасоши што мислам дека значеа и гласови за негов втор мандат се грешка што никогаш нема да му ја прости секој нормален Македонец.Промената на знамето е на негов грб,исто како и комнарите што попуваат со Македонија(Фрле,Бране). Катастрофалната транзиција се случува во негово време.
 

starfish

Зрно грашок
Член од
16 октомври 2011
Мислења
15
Поени од реакции
23
Дали сме ние Старо-словени или Александрови потомци е прашање на сопствено уверување. Луѓето читаат историја, литература, следат политика па веруваат во тоа што највеќе им одговара или во тоа што според нив е логично.

Господинот Глигоров беше на чело на нашата држава во време кога Македонија беше во голема опасност, и не само Македонија, цела Југославија! Додека во 1991 година татко беше мобилизиран, а јас едвај 3-4 месечно бебе, и уште илјадници други мајки(можеби и многу ваши) седеле и плачеле дома надевајќи се дека сопругот ќе им се врати, Киро Глигоров ги прекина сите стравови, носејќи одлука Македонија да се откине од овој крвав сојуз и потпиша договор за повлекување на ЈНА, за да се врати мирот во Македонија. Што мислите, зошто имаше толку голем процент на едногласност на референдумот во септември 1991 година? И зошто Киро 8 години беше претседател на независна Република Македонија? Гледајте ги фактите, размислете логично пред да напаѓате сега веќе починат човек кој треба да остане великан во нашите очи, баш затоа што благодарение на него сега живееме мирен живот. Да, нашата земја е сиромашна, но сепак- мирнa.

Нека почива во мир
 
А

Антоние

Гостин
Ќе созреете и вие некогаш... не се секирајте.

Почивај во мир, К.Г.
 
F

fantomX

Гостин
Секогаш ќе има различни мислења за ваква личност како Глигоров, од крајно позитивни до крајно негативни и секакви можни помеѓу нив.

Јас лично можам само да кажам, голем респект за човек кој преживеал работи како Глигоров.

Нека почива во мир.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе не дозволувајте овде 2-ца моржој да кажуваат кој каде бил во 40тите и кој како загинал.Ликот и делото на Глигоров се познати надалеку и кај и да појдеш надалеку е почитуван како најголем и најмудар ДРЖАВНИК во независна Македонија.Со 94 човекот преживеал се и сешто во оваа земја и се борел за нашата незавосност и тоа и го направи на најдобар начин.Друго нешто воопшто и не треба да не интересира...барем не на тие кои имаат 2 грама мозок и не бараат црна дамка во животот на една таква успешна личност да го оцрнат после неговата смрт.Дека има такви луѓе доказ се и многуте обиди за атентати, а вистинските личности као што кажа Штипјанецот ќе одат да му оддадат почит, настрана тоа дали имале исти или различни идеологии.
R.I.P!
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Почивај во мир, прециденте!
Денес касно дознав за книгата на жалост, но утре обавезно идам да пишам кој збор.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Дечки шо одлучивте сега добар бил или лош.

Нека му је вечна слава и лесна земја,сите не чека тоа. Темата крај.
 

Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
За крај да изразам сочувство и многу ми е жал што никогаш не го сретнав, пред 2 месеци бев во шехерезада и после ми кажаа дека истиот ден малку подоцна дошол на лимонада таму посакувам барем да му идев на гости дома со едно кафе ке ми беше чест, дај боже да имамвме повеке луѓе како него полни со елан и енергија...

Лесна ти земја Претседателе и почивај во мир горди сме на тебе и никогаш нема да те заборавиме:place::place::place:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom