- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Не верувам дека многумина не знаат за кого се работи. Речиси сите го знаат како ловецот од Бушава азбука.
За мене беше еден од поталентираните македонски актери. Нека почива во мир.
На 62 години по кратко боледување денеска почина Кирил Ристоски, актер, професор и декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Тој е роден на 14 ноември 1948 година во Прилеп. Дипломирал на одделот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1977). По дипломирањето, работел во Народниот театар „Војдан Чернодрински” во Прилеп, а од 1978 година е член во Драмата на Македонскиот народен театар. Во 1982 година ја започнува својата педагошка дејност на Факултетот за драмски уметности, во 1988 година е избран за доцент и преминува на ФДУ во редовен работен однос. Во 1993 година е избран за вонреден професор, а од 1998 година до денес е редовен професор.
Во својата 27-годишна педагошка дејност, под негово менторство се школувале голем број денес еминентни актери, кои со успех го водат репертоарот скоро во сите театри во Македонија. Во два мандата е член на Сенатот на УКИМ, како претставник од Факултетот за драмски уметности.
Во својата 35-годишна актерска дејност Кирил Ристоски остварил над 80 ролји од светската и домашната драматургија, скоро во сите театри во Македонија. Позначајни ролји: Актерот (во „Мангите пијат чај“), Марк Антониј (во „Јулиј Цезар“), Киро и Евто (во „Лет во место“), Бота (во „Среќна нова 49“), Тартиф (во „Тартиф“), Дон Кихот (во „Дон Кихот“), Спиро Црне (во „Спиро Црне“), Колобан (во „Колобан“), Просперо (во „Бура“), Иванов (во „Иванов“), Арсениј (во „Арсениј“), Спиро Црне (во „Летни Силјане“), Пичем (во „Просјачка опера“), Полковникот (во „Полковникот Птица“), Клавдиј ( во „Хамлет“), Генералот (во „Четвртата сестра“), Рос (во „Која е Силвија“), Дон Кихот (во „Дон Кихот“), (С.Т.Верховенски во „Бесови“) и други.
Снимил над 20 ТВ драми, ТВ филмови и ТВ серии. Богат е и неговиот филмски опус. Позначајни му се улогите во филмовите: „Пред дождот”, „Црвениот коњ”, „Јазол”, „Тетовирање”, „Тајната книга” и други. Снимил над двесте радио драми.
Десет години беше прв човек на МТФ „Војдан Чернодрински” - Прилеп. Добитник е на повеќе награди и признанија за актерски остварувања на македонските фестивали и театарски игри, на наградата „Ристо Шишков“, на наградата на град Скопје „13 Ноември“, Награда на град Прилеп за животно дело.
Неговиот начин на игра се одликуваше со уверливост и фантазија, со автентична енергија, прекрасно чувство за хумор, леснотија и едноставност толку препознатлива за големите актери. Сериозен и високо професионално одреден, така се однесуваше кон својата работа и тоа го очекуваше од сите други учесници во процесот. Својата последна премиера ја одигра доаѓајќи од болница на сцена. Беше омилен меѓу своите колеги и други соработници, а неговите студенти го обожуваа.
Во малку повеќе од една година како декан на ФДУ, во исклучително тешки економски услови, успеа да го динамизира факултетот и со отварање на Мастер студиите во седум области од изведувачката и филмската сфера, на кои се запишаа рекорден број студенти.
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=9192