Почетокот на крајот...

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
...за МК беше на 07.11.2004 г.На тој ден се одржа референдум на кои се очекуваше да се гласа против новата територијална поделба.Меѓутоа 2 дена пред референдумот САД не признаа под уставното име и резултатите беа драстично поразлични од очекуваните.Ние Македонците ја имавме судбината на нашата држава,а сепак решивме да ги послушаме СДСМ и да си седиме дома.Цел свет виде колку е лесно да се манипулира со Македонецот,па затоа како директна последица на то денес имаме барање за албанско знаме пред владата и на граница,пензии за УЧК,нови симболи,раселување на Македонците од средините со мнозинско албанско население и др.

Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.
  • ЗА гласале: 427.112 или 94.01%
  • ПРОТИВ гласале: 22.212 или 4.89%
Да биде уште потрагична работава Македонците од Струга,Кичево,Дебар,Гостивар,Тетово релативно слабо излегоа на референдумот.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.648
Поени од реакции
22.380
Ја сум од Кичево и гласав ЗА! Не мислам дека имаше признавајнето некоја голема улога. СДСМ вршеше голем притисок врз луѓето. Им се закануваа со откази и слично. Знам дека им одеа дома и ги “советуваа“ луѓето поарно да си седат дома. И кога беше гласајнето имаше луѓе кој гледаа кој излегол да гласат и кој не. Работата беше да не излезат 50% и да биде неуспешен референдумот, без оглед на резултатот.

Парадоксот е сега, дека тие од СДСМ (во Кичевско) за време на референдумот беа против а сега се молат за да не се сменат границите на општините. Боже....

Знам исто, дека барем за Кичево има планови да се спречи албанизацијата, ако можам така да е наречам. Една идеја е, Кичево да си остане само ко сега, а Другово и Вранештица да бидат една општина и Зајас и Осломеј да бидат една. Нема логика рурални општини да се приклучат кон Кичево оти уште помалку пари ке има за сите.
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Nie makedoncite sami sme krivi za sudbinata sto ja pishime, ne nie nekoj drug nitu politicarite.
Po bitno mu beshe na lugjeto da slavat amerikansko priznavanje otkolku da ja spasat makedonija so glas, od togash na vaka e samo eden ogromen uzash bez kraj.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Се сеќавам како вчера на анкетите пред референдумот и пред признавањето од САД.преку 55 % од граѓаните беа против новата тер. поделба.По признавањето ги видовме резултатите.Ама сепак 427.112 и не е толку мала бројка.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Излегов на референдум иако знаев дека комуњарите не продадоа.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Епа луѓе...тоа е тоа...жал ми е. Кога на многумина партиите им се над националното чувство, така и ќе биде. И би!
 
K

KomitaMKD

Гостин
...за МК беше на 07.11.2007 г.На тој ден се одржа референдум на кои се очекуваше да се гласа против новата територијална поделба.Меѓутоа 2 дена пред референдумот САД не признаа под уставното име и резултатите беа драстично поразлични од очекуваните.Ние Македонците ја имавме судбината на нашата држава,а сепак решивме да ги послушаме СДСМ и да си седиме дома.Цел свет виде колку е лесно да се манипулира со Македонецот,па затоа како директна последица на то денес имаме барање за албанско знаме пред владата и на граница,пензии за УЧК,нови симболи,раселување на Македонците од средините со мнозинско албанско население и др.

Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.
  • ЗА гласале: 427.112 или 94.01%
  • ПРОТИВ гласале: 22.212 или 4.89%
Да биде уште потрагична работава Македонците од Струга,Кичево,Дебар,Гостивар,Тетово релативно слабо излегоа на референдумот.
Во најголем дел се согласувам со напишаново . И јас го подржував референдумот иако знаев дека нема да успее и татко ми и мајка ми излегоа на референдум (тогаш не бев полнолетен) . Јас сум од Струга и многу добро ја познавам ситуацијата . Раселувањето на Македонците барем во Струга не е поради албанците . Мене никој не ми дошол дома и да ми рече ајде да си одиш од Струга . Проблемот е во тоа што Македонците се лакоми за пари . Знаете ли само колку куќи на атрактивни локации се продаваат за големи суми на пари . И никој не ги тера со сила да продаваат . Никој не е крив што си ги продаваме куќите . Албанците само купуваат а на македонците е дали да продадат или не . И да беше референдумот успешен повторно ќе не снајдеше истата судбина но само за неколку години , и тоа поради наша вина .
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Mentalitet.:tv: Samite naprajtesi paralela izmegju eden albanec od Makedonija i Makedonec.:nenene:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Груевски: Од успехот на референдумот зависи опстанокот на државата
20/09/2004


Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ е посветена на подготовки за кампањата за успех на референдумот закажан за 7-ми ноември, на кој граѓаните треба да го кажат своето мислење за новата територијална организација на државата.
„Ние активно ќе учествуваме во кампањата затоа што сметаме дека успехот на референдумот е од големо значење за иднината и опстанокот на државата како унитарна“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик, одговарајќи на прашањето зошто неговата партија ќе води кампања за успех на референдумот кој би ја оспорил новата територијална органзиација.
“Овој модел што сега е понуден со овој закон што помина во парламентот за територијална организација, нуди многу ризици и остава голем простор за радикалните структури, кои немаат иста агенда како и ние - за ЕУ, НАТО, економски развој, итн. Ако останат работите како што се, просторот што се остава на радикалните структури е најпрво да почнат со институционално иселување на Македонците од западниот дел на Македонија, а подоцна и преземање на чекори кои ќе бидат во согласност со нивната агенда, за која јавно зборуваат. Значи, тоа не е нешто што јас го претпоставувам или си мислам дека е така, или пак имам фантазии по тоа прашање. Едноставно, луѓе од парламентот, луѓе од структурите на власта, кои влегуваат во радикални структури во албанската етничка заедница, зборуваат дека нивната цел е правење на Голема Албанија,“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој во ова интервју исто така го коментира и ставот на владејачката коалиција, која пак тврди дека успехот на референдумот значи ризик за стабилноста на државата и за нејзините евроатлантски перспективи.
“Мислам дека ништо страшно нема да и́ се случи на Македонија. Таа порака постојано им ја упатуваме - дека кога ќе успее референдумот, Република Македонија ќе има нов предизвик - може да се продолжи со 123 општини, може Владата да креира нов закон, кој ќе биде прифатлив за сите партии и уште повеќе, за мнозинството од граѓаните во РМ“.
Што се однесува до ставот на меѓународните фактори, кој е спротивен на оној на опозиционерите, Груевски вели:
“Меѓународната заедница овој пат одлучи да ги остави сами СДСМ и ДУИ, сами да договараат, и очигледно направи грешка. Ние треба да посакуваме да не ни се меша меѓународниот фактор, но во ваква ситуација остави една прилично неспособна гарнитура да донесе клучна одлука. По долг и нетранспарентен процес, СДСМ прифати нешто за што претходно велеше дека во никој случај не треба да се прифати. Народот дополнително се изиритира, затоа што гледа дека го лажат, така што ЕУ, САД и сите меѓународни инстанци кои се занимаваат со овој проблем се најдоа во една ситуација која не е ни горе, ни долу. Не знаат што да направат, и гледајќи опасност да не се случи нешто во иднина, на крајот го прифатија тоа решение“.
Еден од аргументите на оние кои се против референдумот е дека со неговиот успех би се довел во прашање Рамковниот договор. “Ние не сме против Охридскиот договор“, вели Груевски.
“Апсолутно не се доведува во прашање Рамковниот договор. Целосно, опозицијата ги поддржа сите закони од Рамковниот договор. Ќе ги поддржи и тие што останаа. Се работи за несогласување исклучиво околу еден закон и тоа за дел од тој закон. Сметаме дека тој закон може да се промени, ако е тоа веќе нужно. Свесни сме дека 123 општини можеби не се најидеалното решение, особено од фискална гледна точка. Сепак, треба да се почитува волјата на локалните општини и да се внимава да не се остави простор на радикалните структури и преземање на ризични чекори“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
...за МК беше на 07.11.2007 г.На тој ден се одржа референдум на кои се очекуваше да се гласа против новата територијална поделба.Меѓутоа 2 дена пред референдумот САД не признаа под уставното име и резултатите беа драстично поразлични од очекуваните.Ние Македонците ја имавме судбината на нашата држава,а сепак решивме да ги послушаме СДСМ и да си седиме дома.Цел свет виде колку е лесно да се манипулира со Македонецот,па затоа како директна последица на то денес имаме барање за албанско знаме пред владата и на граница,пензии за УЧК,нови симболи,раселување на Македонците од средините со мнозинско албанско население и др.

Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.
  • ЗА гласале: 427.112 или 94.01%
  • ПРОТИВ гласале: 22.212 или 4.89%
Да биде уште потрагична работава Македонците од Струга,Кичево,Дебар,Гостивар,Тетово релативно слабо излегоа на референдумот.
Датата не беше 07.11.2006?

Да, ова е еден од настаните од поблиската историја која можеби многу македонци ќе го запаметат.
Референдум за кој се водеше голема кампања, големи сили вложија оние во тој момент беа против територијалната децентрализација на Македонија.

Тогашната партија на власт (СДСМ) направи се за референдумот да не биде успешен. Заедно со ДУИ во коалиција со моќната Америка го направија тој потег.

Да не случеше тоа што се случи тој 11ти ноевмри 2006та многу општини во Македонија сеуште ќе имаа градоначалници-македонци. Во Чаир немаше да се вее албанското знаме.

Но граѓаните на Македонија можеби после тоа се опаметија.
Според аналитичарите поразот на парламентарните избори кои значеше смена на СДСМ од власта највеќе се случи поради таа катастрофална територијална децентрализација, луѓето од тогашната власт беа убедени дека евентуалниот статус “кандидат за членка во Европска Унија„ ќе може да го аморитизира падот на рејтингот кои се случи по референдумот, но за среќа се покажа дека не е така.

Се шпекулира дека СДСМ сеуште се каат за тој екстра-албански потег и за вољата и енергија со која го работеа тој проект заедно со меѓународната заедница, но се тешат дека тоа било дел од рамковниот договор кој за воља на вистината морал да се спроведе.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Референдумот беше на 7.11.2004.Направив ненамерна грешка во годината.:wink:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Етно-демографските импликации на новата територијална организација

Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициони партии, како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански "територии". Некои од фактите и мислењата кои тие ги наведуваа се следните:
  1. Општина Гостивар која според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново се намали бројот на Македонците на 19,77%,. Со ова одредбите од рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство.
  2. Општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци, со припојување на општините Џепчиште и Шипковица нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на Албанци од Косово, а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во Гостивар.
  3. Општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта,Делогожди,Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%,а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.
  4. На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.
  5. На Општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското поле) и се придодаде општината Житоше па бројот на Македонци се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени станs предоминантно муслиманска општина.
  6. Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на Република Македонија стана двојазичен. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се одалечени и повеќе од 20 км од него.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Референдумот беше на 7.11.2004.Направив ненамерна грешка во годината.:wink:
Ако е намерна тогаш извини...јас знам дека беше поодамна не беше сега брзо.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Иако прашањето на референдумот не беше баш добро формулирано,сепак на тој референдум се запечатуваше нашата судбина на подолг период што не значи дека е целосно запечатена.
Трагично беше што голем број глаучи од тогашната власт на СДСМ излегоа јавно со контрадикторни изјави во стилот дека за овој референдум најубаво било да се седи дома,како што изјави Радмила Шеќеринска и некои други "Македонци" кој требаше да бидат казнети и до ден денес да си седат дома па воопшто да не се појавуваат на јавната политичка сцена,каде ја "закопаа" Македонија за подолг период,барем до следниот референдум кој очекувам дека ќе биде инициран доколку за брзо време не не примат во НАТО и ЕУ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom