Почетнички водич

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
За дечките и девојките кои чуле ама не дочуле, имаат желба ама немаат како и каде. Еве ви идеална можност да поставите основи во програмирањето.
Ги молам поискусните програмери на форумот да помагаат овде и да не бидат стиснати :wink:. Ќе замолам само секој пост да биде издржан со некој од претходните т.е. да не се залетува право на посложени работи без поставени основи. Исто така пред главниот текст наведете програмски јазик и работна околина и користете скриншотови за конкретност. Постирајте туториали, проблеми и решенија, трикови и разноразни ствари.

Еве јас за почеток во мојата омилена околина Eclipse.

Програмски јазик: Java
Работна околина: Eclipse SDK
(download и опис тука)

Снаоѓање низ Eclipse и градење на едноставна Hello World апликација.

1. Создавање на нова Java конзолна апликација.









Бидејќи во Java се е класа, ја создаваме класата на апликацијата:



За да биде извршен овој код, се поставуваат создавање на public static void Main и самата класа се става public. За значењето на сиве овие појмови, понатака.



Стегате финиш, и визардот ви го генерира костурот на класата:



Внес на кодот:



Извршување со десен клик -> Run as -> Java application.



Резултатите се појавуваат во вградената конзола доле:



На крај, иако програмата е завршена стегнете ги двата икса за да се ослободи зафатената меморија. Ако ви пријави грешка, стоп копчето па потоа пак двата икса.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Е баш ме заинтересира водичов. Учевме лани Еклипс на факс, но некако како матно ми е. Памтам некои основни рутински работи. Сепак тука ке бидам редовно и ако се сетам на нешто ке ви кажам.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Браво водичот од Eclipse тоа ти го дава со прво стартување
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Dr_ViRuS, на мојата верзија од Eclipse ја нема оваа работа :toe:. Ако не си сигурен во издржливоства и автентичноста на моите слики горе, ајмо на суд :)
Он топик: hello world е почеток во се, па нема смисла да почнам со Java овде без него, без разлика дали го има или нема вграден туторијалот во Eclipse. Ми простувате нели?
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
Шо верзија имаш овој туториал го има и во Netbeans i Eclispe
Ама нема врска продожи
Само неми и јасно како може да пишеш туториал ,а уште незнаеш што се има во Eclipse
....
....
..
Абе од каде вие побрницте на мајкрософт технологиите се изгубивте во водите на Отворениот код?
 

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Продолжете со туторијали, не со муабети.. Сакам да научам колку - толку Java. Пробав со туторијалите на Ентер, ама не ми одеше толку. Ако може некој, нека постира во текот на неделава уште некој туторијал.

П.С. HsIlOmEdUs, би те замолил да го измениш името на темава во “Почетнички водич за Java“, затоа што за Java станува збор во водичов, не за некој друг јазик.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Исто така пред главниот текст наведете програмски јазик и работна околина и користете скриншотови за конкретност. Постирајте туториали, проблеми и решенија, трикови разноразни ствари.
П.С. HsIlOmEdUs, би те замолил да го измениш името на темава во “Почетнички водич за Java“, затоа што за Java станува збор во водичов, не за некој друг јазик.
Тоа што јас почнав со Java, не значи дека само тоа ќе биде овде. Ги охрабрувам сите членови да пишуваат туторијали во кој јазик сакаат.


Само неми и јасно како може да пишеш туториал ,а уште незнаеш што се има во Eclipse
....
....
..
Абе од каде вие побрницте на мајкрософт технологиите се изгубивте во водите на Отворениот код?
Постирајте туториали, проблеми и решенија, трикови разноразни ствари.
Твоите креативни и продуктивни постови се добредојдени. :smir:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Ај нешто на кратко, пред легнување.

Програмски јазик: C++
Работна околина: Bloodshed Dev-C++

Снаоѓање низ интерфејсот креирање на едноставна hello world апликација.


Иако има вградено создавање на hello world ќе ви покажам како сами да го сместите тоа во конзолна апликација и да се снаоѓате со понатамошните туторијали тука.

1. Создавате нов проект




2. Од понуденото избирате Console Application


3. Задавате име на апликацијата


Стегате Ок

4. Го зачувувате проектот каде сакате


5. Dev-C++ го создава проектот со еден изворен (.cpp) фајл и со почетен код во него.


6. Променете го предложениот код во следново:


7. Ја компајлирате и извршувате програмата


Дополнително се појавува уште еден прозорец кој бара да го зачувате изворниот фајл. Потврдувате.

И воала:



Нареден пат: Променливи во Java и C++.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Инсталирав Eclipse за да користам за C++. Ми дава грешка "Launch failed: no binaries" ???
Малку помош овде како да средам за да проработи ?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Инсталирав Eclipse за да користам за C++. Ми дава грешка "Launch failed: no binaries" ???
Малку помош овде како да средам за да проработи ?
Ајде де никој ли немал ваков проблем или никој не нашол решение. Тоа што има по нет на гугл пробав не сака..... Не можам само C++ да работам, Java работи.....
:toe:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Ајде де никој ли немал ваков проблем или никој не нашол решение. Тоа што има по нет на гугл пробав не сака..... Не можам само C++ да работам, Java работи.....
:toe:
Последен пат кога ја посетив страната на Eclipse, видов дека има некој плагин со кој можеше да се девелопира и во C++. Тогаш сеуште беше бета. Сега не знам како конкретно се работите. Иди на официјалната страна и барај.

Чирс.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Па кажи што грешка ти дава. Не сум видовит :smir:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Типови на податоци.

Програмски јазици: Java и C++.

Заради огромната сличност (скоро идентични се) на примитивните типови на податоци во овие два програмски јазици, овде со еден пост ќе ги наведам истите и со некои забелешки каде се разликите.

За да може да се користи било каков податок (промелива) и врз истиот да може да се прават некои операции, тој мора првин да се декларира со неговото име и неговиот тип. Оваа декларација заради практичност е добро да се прави на почетокот на програмата (процедурата, функцијата) или пред блокот на код каде што треба да се користи променливата.

Декларирањето иде во следниов терк:
Код:
<тип_на_податок> <име_на_податок> [= <почетнa_вредност>];
Пример:
int celBroj = 5;
Дадениов пример декларира променлива од типот цел број со име celBroj и за истата алоцира соодветен простор во меморијата.

Java и C++ немаат механизам за првично поставување на вредноста на променливата на некоја default вредност. Имено ако вие претпоставувате дека кога декларирате цел број, тој на старт е нула, тогаш сте грешка. Кај C++, вредноста која ќе биде поставена како првична е сосема случајна и зависи од претходниот податок кој што се наоѓал на таа позиција во меморијата. Јава пак генерира грешка ако се користи податок кој што не е иницијализиран во некоја пресметка.
Мој совет, за да избегнете било какви грешки, секаде каде што е можно иницијализирајте ги променливите на онаа вредност што за вас ви е природна.

Е сега, различните типови на податоци кои што можат да се сретнат ги има повеќе. Најосновните кои ви се потребни (без да ја тупам со точности и димензии и слични работи) се:

int - цел број
long - цел број во поголем опсег
float - децимален број
double - децимален број со поголема точност
char - еден карактер
string - низа од карактери, односно текст
boolean - логички податок, може да прима вредност точно или неточно (true or false)

Подолу се дадени различни примери за декларирање на податоци:

Едит: имам внесувано коментари а заборавив да ги објаснам. Имено се што се наоѓа во некој ред после // претставува коментар и компајлерот го игнорира.

Код:
int a = 5; // декларирање на целоброен податок 'a' со првична вредност 5
long b = 45738475; //декларирање на целоброен податок со поголем опсег со првична вредност 45738475
double pi = 3.14;
char bukva = 'r';
string tekst = "nekoj si tekst"; //приметете дека за обележување на еден карактер се користи единечен наводник, а за цел стринг - двојни наводници
int br; //декларација на променлива без почетна вредност
Кај C++, за да може да работите со стрингови со ваков терк, потребно е да ја импортирате библиотеката string од STL (Standard Template Library), односно на стартот на програмата да напишете:
Код:
#include <string>
Наредно: операции со податоци во Java и C++
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Операции со податоци.

Програмски јазици: Java и C++.

Значи вака. Секоја промена на податок и градење на израз во себе вклучува: операција и операнди.
Во зависност од бројот на операндите постојат: бинарни и унарни операции.
Во зависност од типот на операцијата постојат: аритметички, логични и bit-wise операции
Постојат и операции тесно поврзани со операндот за доделување на вредност и се нарекуваат mixed-mode(претпоставувам ;) ).

Е сега да почнеме од наједностатвно према најкомплицирано.
Во сите подолни примери ќе го спомнувам поимот израз. Имено израз претставува секоја семантички и синтаксички точен математички израз (односно точен во логичка структура и користени операции) создаден од операнди, операции и (или) други изрази.

Првин, како на некоја променлива да и доделиме вредност. За да се работи со било која променлива таа првин мора да се декларира!
Код:
int a,b;
a=5; //на а и доделуваме вредност 5
b=1; //на b и доделуваме вредност 1
a=b; //на а и ја доделуваме вредноста на b (во овој случај 1)
Понатака, прости математички операции:
операнди: собирање +, одземање -, множење *, делење /, остаток од делење %.
Код:
int a, b, c;
a = 5;
b= 4;
c = a+b; //c добива вредност 9
c = a - b; // c добива вредност 1
c = a * b; //c добива вредност 20
c = a / b; // c добива вредност 1 ( 5/4 e 1.25, но бидејќи c е целобројна вредност, децималните броеви се игнорираат
double d;
d = a / b; //d добива вредност 1 (бидејќи а и b се целобројни вредности, тогаш делењето пак се врши целобројно
double ad=5, bd=4;
d = a / b; //d добива вредност 1.25 (конечно)
Работата со стрингови е можна само при собирање, со природно очекувани резултати:
Код:
string a = "Hello";
string b = "World";
string c;
c = a + " "+ b; //c станува "Hello World"
Постојат и операторите +=, -=, *=, /=. Нивната работа е опишана вака:
Код:
int a, b;
a = 5;
b = 4;
a += b; // ова е идентично како: a = a + b;
a -= b; // ова е идентично како: a = a - b;
a *= b; //исто
а /=б; //исто
Инкрементирачките и декрементирачките оператори се следниве ++ и --. Нивната работа ваква:
Код:
int a = 5;
a++; //ова е идентично како a = a + 1;
a--; //ова е идентично како a = a - 1;
Едноставните логичките оператори се следниве:
&& - логичко И
|| - логично ИЛИ
! - НЕ оператор
Со истите можат да се градат секакви логички изрази:
Код:
boolean a, b, c;
a = true;
b = false;
c = a && b; //а И b = true И false = false
c = a || b; //a ИЛИ b = true ИЛИ false = true
c = !a; // НЕ а = НЕ true = false
Операторите со битови се на по advanced ниво, и верувам дека нема потреба да ги спомнувам овде.

Наредно: влез и излез на податоци во Јава и C++. После тоа, и може да шибате едноставни програмки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom