C
CoolIris
Гостин
Хенриета Лакс (1920-1951), Афроамериканка од сиромашно семејство со потекло од Вирџинија завзема посебно место во медицинските учебници, затоа што нејзините “бесмртни ХеЛа клетки” со децении се користат за различни медицински цели.
Се започнува на 29 април 1951 година кога Хенриета поради болки во стомакот и вагинално крварење се упатила во “Џонс Хопкинс”, најблиската болница која примала Афроамериканци во тоа време. При прегледот и бил земан примерок (парче ткиво) од грлото на матката и истото било испратено за патохистолошка анализа, при што на Хенриета и бил дијагностициран епидермоиден карцином на грлото на матката (иако, во 1970 година е докажано дека била погрешно дијагностицирана и всушност станува збор за аденокарцином). Се лекувала со радиум, најдобриот третман во тоа време за таа болест.
Примероци од ова туморско ткиво му биле дадени и на американскиот научник Џорџ Ото Геј, кој со години собирал клетки од сите пациентки со рак на глрото на матката кои доаѓале во “Џонс Хопкинс”, ги одгледувал, но истите примероци за релативно кратко време умирале. За разлика од нив, клетките на Хенриета продолжиле да живеат и да се удвојуваат на секои 20 до 24 часа.
Набргу потоа, на 4 октомври 1951 година, Хенриета починала како последица на тоа што ракот метастазирал и се проширил низ целото тело, но нејзините клетки и понатаму продолжиле да живеат. Ланецот од овие клетки станал бесмртен и се одржува со децении, а е познат како ХеЛа клетки (токму поради нејзиното име, ХЕнриета ЛАкс).
Причината зошто јас решив да ја отварам оваа тема е фактот што не постои ниту еден жив човек на планетава кој немал бенефит од овие клетки. Помогнале во развојот на полио вакцината (1953 година), проучување на ефектите на Х зраците врз човековите клетки (1956 година), испитувања поврзани со синдромот на стекнат имун дефицит (СИДА), туберкулоза, ХПВ, Паркинсон, се користат во проучување на ефектите на најразлични лекови итн.
И сега, прашањата ми се:

- Каде се вие мислите дека овие клетки би можеле и би требало да се искористат во иднина?
- Како би реагирале на нешто што е потенцијал да ве направи неуништливи, но исто така и целосно уништливи за само еден миг?
- Мислите ли дека некој би можел да биде бесмртен и неуништлив? Која е целта?
- Дали вие би сакале и зошто?
- Дали човештвото би имало корист од тоа?
The Immortal Life of Henrietta Lacks - Trailer - Official HBO UK
DISCOVER the world of HBO online... Browse, shop and search all shows on our Official Website: https://hbo.co.uk Engage with us on Facebook: https://facebook...
www.youtube.com