Пост

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Пошто се наближува Големиот, Великденскиот пост, важи следниот ред во постот:
-од понеделник до петок, се пости со храна подготвена само со вода.
-во сабота и недела се пости со храна подгвотвена со масло.
- на празниците Преображение и Благовестие, се допушта и риба. Но зависи во кој ден ќе падне празникот Благовестие, па тој ден може и рибата да не е допуштена.
Aјде сега кажи овие три да ги наречам правила или препораки каде се запишани и кој ги составил...вакво нешто колку што се сеќавам во Библијата не постои...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Пааааа...И мене ме нема во Библијата, ама пак пишувам постови на форумов.

А постот е одреден соборно, од Црквата, а начинот на кој се пости, менуван е низ црковната историја. Денешните пости се одредени во византиско време.
А постеше и Мојсеј, постеа и старозаветните патријарси и пророци, постеше и Христос..И тн.
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
што ќе се случи со оној кој нема да се придржува до овие правила???

Да, и тебе те нема во Библијата а еве пишуваш постови но дискутабилна е вредноста или исправноста на твоите постови...што би се рекло самото твое постоење и творење (постирање) само по себе не докажува движење по вистинската патека...

Пааааа...И мене ме нема во Библијата, ама пак пишувам постови на форумов.

А постот е одреден соборно, од Црквата, а начинот на кој се пости, менуван е низ црковната историја. Денешните пости се одредени во византиско време.
А постеше и Мојсеј, постеа и старозаветните патријарси и пророци, постеше и Христос..И тн.
Кога сме кај него еве што рекол: "Ако постите си нанесувате зло на самите себе, зашто не она што влегува во вашата уста ќе ве погнаси ами она што излегува од устата"
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
што ќе се случи со оној кој нема да се придржува до овие правила???

Да, и тебе те нема во Библијата а еве пишуваш постови но дискутабилна е вредноста или исправноста на твоите постови...што би се рекло самото твое постоење и творење (постирање) само по себе не докажува движење по вистинската патека...

Кога сме кај него еве што рекол: "Ако постите си нанесувате зло на самите себе, зашто не она што влегува во вашата уста ќе ве погнаси ами она што излегува од устата"

Биди мангуп и истолкувај го стихот (кој, патем кажано, не е така запишан). Јас ти гарантирам дека стихот не се однесува на постот ни случајно.

Оној кој не се придржува до постот, запаѓа во похотно живеење и не стекнува право на причестување со Светитие тајни Христови.
Оние кои во текот од целиот свој живот не постеле, обично на поодминати години, заболуваат од разни бељи, на кои староста не им е главната причина.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Никогаш не сум постел, и за ова ќе го цитирам комшијата мој тој вели јас мрсам ама во Господ верувам :icon_lol:.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
58
Поени од реакции
3
Пошто се наближува Големиот, Великденскиот пост, важи следниот ред во постот:
-од понеделник до петок, се пости со храна подготвена само со вода.
-во сабота и недела се пости со храна подгвотвена со масло.
- на празниците Преображение и Благовештение, се допушта и риба. Но зависи во кој ден ќе падне празникот Благовестие, па тој ден може и рибата да не е допуштена.

Појаснување за постите во ЦРКВАТА ХРИСТОВА.

Има четири (4) пости и се пресметуваат по Јулијанскиот календар.

1. Божикен пост (од 28 ноември до 6 јануари (нов стил). Трае 40 денови.

2. Велигденски (Велик) пост се пресметува по засебен календар, наречен ПАСХАЛИЈА.
Кога ќе се падне Велигден (Пасха) зависи од два услови:

Првиот – не смее да биде пред и заедно со Јудејска (Еврејска) Пасха.

Вториот – не смее да биде пред пролетна рамноденица.

Овие услови не ги почитуваат Римокатолиците, и затоа во последните 100 години – 25 пати неисправно (погрешно) го прославуваат Велигден.

Оние делови (народи) од ЦРКВАТА ХРИСТОВА што се користат со Грегоријанскиот календар – неподвижните (фиксните) празници ги прославуваат според тој (Грегоријански) календар, а подвижните – според календарот ПРАВОСЛАВНА ПАСХАЛИЈА. Затоа Велигден го прославуваат заедно со оние што се користат со Јулијанскиот календар.

3. Петровденови пости.

Нивниот почеток зависи од тоа дали Велигден се прославува порано или подоцна. Може да траат од 2 до 6 седмици, а завршуваат на 11 јули (нов стил).

Празниците: Цветници, Преполовение, Вознесение Христово и Духови (Педесетница - Духов Ден) се поврзани со Велигден и од него зависи дали се поместуваат понапред или поназад.

Ако Велигден (и сите празници поврзани со него) се прославува порано, Петровденските пости ќе бидат подолги. И обратно, ако се прославува Велигден подоцна, времетраењето на Петровденските пости е помало.

Овој пост започнува во првиот понеделник по Духовденската седмица, т.е., веднаш по празникот посветен на СИТЕ СВЕТИИ.

4. Богородични пости. Тие се од 14 до 27 август (нов стил).

Зошто Христијаните не треба заедно да прославуваат Пасха со Јудеите (Евреите)?

Зборот Пасха значи Премин.

Станува збор за сосема различни поводи и причини за прославување.

Имено, Пасха за Јудеите е најголем празник, а неговото прославување е поврзано со ослободувањето (физичко) на Јудеите од долгодецениското ропство, т.е., преминале од ропство во слобода.

И во Христовата Црква празникот ПАСХА е најголем – тој е „Празник над празниците“. И за Христијаните зборот ПАСХА значи ПРЕМИН, но со сосема поинакво значење. Овде се прославува Христовото Воскресение. Со воскресението на Христа Господа на сите ни се дава можност да преминеме од смрт (духовна) во живот (духовен).

Значи, во среда постиме во знак на жалост за Јудиното предавство на Христа, а во петок - зашто во тој ден Христос е осуден и распнат со неправедна смрт, смрт на крст, и секој што не пости во тие денови повторно го предава и го распнува Христа.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
90

interesno...

ama
и секој што не пости во тие денови повторно го предава и го распнува Христа.
toa e veke preterano...
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
А постеше и Мојсеј, постеа и старозаветните патријарси и пророци, постеше и Христос..И тн.

Само што кога постеа овие горенаведените ништо нејадеа.

Додека вие си измисливте вонбиблиски пост и си направивте едно педантно мени.Па се преставувате како некои опасни постаџии, па 40 дена пред овој празник , па 3 дена пред оној а тоа што го правите нема ништо заедничко со постењето.

Тоа што го нарекувате пост, практично ви е промена на секојдневното мени.

Постење = нејадење !:toe:
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
58
Поени од реакции
3
[FONT=&quot]„ Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост“ - вели Господ Исус Христос (Матеј, 17, 21).
[/FONT]
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Така рекол Христос, само ова ти што го нарекуваш пост нема врска со библискиот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Само што кога постеа овие горенаведените ништо нејадеа.

Додека вие си измисливте вонбиблиски пост и си направивте едно педантно мени.Па се преставувате како некои опасни постаџии, па 40 дена пред овој празник , па 3 дена пред оној а тоа што го правите нема ништо заедничко со постењето.

Тоа што го нарекувате пост, практично ви е промена на секојдневното мени.

Постење = нејадење !:toe:
- Постењето НЕ Е нејадење никаква храна.
- Постењет е ВНИМАНИЕ на своето вкупно однесување: на помисла, збор и дело.
- Постењето без јадење е својствено само за врвните подвижници, кои и во овој отпаднат Свет , се во непоредна близина Божја. Кој е близок со Бога, не му треба ни храна ни пиење. Бог му е повеќе од доволна храна и пиење.
- Ако си шизик, ајде да те видам, не јади и не пиј 40 дена!!!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.719
Поени од реакции
19.874
Дали знае некој кога се држи Тримир?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За држење Тримир, треба и да се биде подготвен за истото. Прашај во најблискиот православен храм, свештенството ќе те упати. Обично, Тримирот се практикува на почетокот од Великиот пост, ама не сум сигурен дали е така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom