- Член од
- 22 септември 2009
- Мислења
- 199
- Поени од реакции
- 26
А кажи ми телесниот пост значи духовно прочистување?Ако си преслаб, нема ни да постиш? Тука сам се контрираш. На слабите луѓе не им треба „духовно прочистување“?
Ако барем малку се разбираш во овие работи, ќе знаеш дека доклоку физички не си способен да го издржиш телесниот пост нема да постиш без месо и млеко. Во тој случај духовниот отец ти дава благослов да постиш на млеко( и секакви млечни производи), јајца итн... се освен месо. Доколку не смееш ни месото да го изоставиш од оправдан и причини, тогаш не го држиш телесниот, него само духовниот пост и на крај можеш да идеш да си се причестиш (со благослов како што реков). Не можеш ти од болен човек да бараш да не пие млеко со апчињата или да бараш дете да не јаде се. Тие смеат да се причестат иако јаделе месо.
Не можеш вака да го поделиш. Ако не е од религиска гледна точка, тогаш не е пост. Тогаш е само режим на исхрана:smir:p.s Овде се работи за постот од здравствена гледна точка а не од религиска.
Значи никој не ти рече(никој на никого не рече) дека си слеп. Јас, напротив, сум многу open-minded личност која никогаш не суди на некого дали и зошто верува или не верува во нешто. Реков дека треба да имаш верба, зошто само тогаш можеш да кажеш дека постиш. Ако фатиш да постиш со очекување да видиш некој резултат како поубаво лице и коса тогаш не постиш. Не викам дека не е ок, фино е ти што бараш логика во режимот на исхрана ама не ми е јасно каков резултат во лицето, косата, телото сакаш да видиш од постот? Ти ако си религиозна личност (сосема е во ред ако не си) нема да пробуваш да бараш пресеци и логики во постењето, него на друг начин ќе го сфатиш постот. Ако не си религиозен, нема ни да постиш, него ќе земеш едно месец два нема да јадеш месо, ти ќе си го избереш периодот и начинот на кој се храниш. Е тука барај логикаПрво, околу болдот, иако одиме оф-топик. Верба? Да не почнуваме и овде да бараме доказ, ние кои се сметаме за освестени, и да не ве нервираме вас, кои не гледате како да сме слепи, бидејќи не веруваме во невидливото. Џорџ Карлин во една негова претстава, убаво кажа: „Не сме против религијата, сите сме пробале да веруваме. Ние сме против нејзиното наметнување“. Е така, и јас сум пробал, па кога сум го направил пресекот, сум продолжил да верувам само во една работа, која што на религиите им задава големи главоболки - логиката!