Постои ли воопшто еден успешен проект за образование од 2000?

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Ја прочитав темана дека ќе имало казни ако не почнеле компјутери да се употребуваат во наставата и ми дојде на памет прашањево:

Дали некогаш EVER имало успешен проект за образование?

Google...образование проект site:a1.com.mk

И некои резултати што ги добив:

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126646

Наместо да ги видат амфитеатрите и да ја осетат академската средина, студентите од дисперзираните студии учат по кафеани, градинки, фабрики, работнички домови, детски одморалишта.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=77703

За реновирање на стотина училишта, предавања како да се работи со компјутерите, да се пронајде начин како природните науки да станат попримамливи за учениците, но и како треба да ги добиваат оценките, се четирите компоненти на проектот за кои УСАИД на Македонија и додели 15 милиони долари
15 милиони долари не биле доволни за да се земат луѓе да ги обучат наставнициве како да користат компјутер? Wow.

Од 2005та:

Македонските студенти и професори ќе студираат и предаваат рамо до рамо со своите европски колеги. Со новата програма на министерството за образование, македонските академци ќе можат да предаваат во странство, положените испити и посетени предавања на странските универзитети ќе бидат признати во земјава.
Ништо од ова. Мислам дека само ФОН (приватен) нешто оствари соработна со луѓе за дизајн, да предаваат европски професори ама од УКИМ јок...

Од 2004та...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=40878

Буџетот за образование и наука за 2005-та 9 милијарди денари
Од 2003та...

Многумина се согласуваат, па велат дека во учебникарството постои хаос и шаренило од учебници. Секое училиште има свои правила за свои книги. Дали во Македонија воопшто постои некоја стратегија за образованието? На оваа тема во интервјуто со Мирјана Гацева, директорка на Педагошката служба при Министерството за образование и наука.
Значи пред 7 години беше хаос во учебникарството а сега хаов во содржината на учебникарстовто.

Дали постои еден успешен од 2000 па наваму во образованието? Неможам да најдам поради некоја причина :uvo:
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
Државната матура според мене е успешен проект во образованието.

Укинувањето на партиципациите за средношколците. Намалување на партиципациите во факултетите. Бесплатни учебници во школите.

Иако не сум голем фан на владата, објективно гледано, голем дел од нивните проекти во образованието се успешни.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
^^^^^
Реновирање на училишта..не сите ама добар дел.. Нов инвентар,опрема итн..
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Секако све тоа ако читаш на А1 е неуспешен проект.За нив успешен проект е ако БЦ го вратат на власт.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Прво и основно, далеку од тоа дека сум симпатизер на портокаловите. Кога видов сите информации од кој извор водат потекло, работата е јасна како бел ден. Ништо позитивно, само темнина над Македонково образование. Да беше Сител во прашање ќе цветаа рози... Нашиве медиуми моментално се она на што најмалку треба да верувме.

Еве некои од промните кои сметам дека беа успешни:
  • Државна матура (иако уште со огромни недостатоци, сепак добар почеток за некоја промена)
  • Бесплатен превоз за средношколците
  • Укинување на партиципација
  • Реновирање на дел од училиштата (замена н прозорци, промена на санитарни јазли, маси, столчиња,...)
  • Намалувње на партиципацијта за студентите со кофинансирање
* Но, не е преродбата од 2000 па наваму... Знам дека јас кога бев прво одделение земав комплет книги со прибор за работа кои ги даде Владата на Банко Црвенковски :toe:

Но, ова нема никаква врска со подобрување на квалитетот на обрзованието. Уште се предава по застарени методи на рецитирање на лекциите како што се во учебниците. Нема практична настава, нема експеримнтирање и опити кај дел од природните науки, нема виуелни презентции на матријалот кој се обработува (Power Point), нема никаква мотивација кај учниците да итражуваат на некои нучни полиња, да собираат дополнителни информации кои ќе ги презентираат и сеуште во програмите влегуват некои предмети кои се апсолутно непотребни според избраната струка или идното обраование. Секој чест на оние ретки исклучоци од профеори кои ј примнуват технологијта во своите предавња и преку интересни одржини го будат интересот кај учениите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Единствено Матурата е добро осмислен проект и солидно организиран и имплементиран.
Другото, видете во пракса како функционира.
Баталете А1 и Сител.
@Printf: Од кај заклучи дека бесплатните учебници се успешен проект а исто и намалувањето на партиципацијата на факултетите.
Да се повторам, во пракса немаш ништо од тоа..
За тоа на Printf што му одговорив да образложам да не биде рекла-кажала:
1. Бесплатни учебници кои се катастрофа од учебници и кои учениците сеуште ги немаат. Брат ми секој час пишува она што ќе му диктираат. Тоа е успешност?
2. Партиципацијата е намалена, да, точно. Али, ако минатата година пример на Економски имаше 50% со 200 евра, 50% со 600 евра, оваа година е 35% со 200 евра, 75% со 400 евра. Убаво е кога ќе ви сервираат готови информации и само голтнете, а ако е од опозициската телевизија тогаш е само плукање и нереално известување :)
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
299
Поени од реакции
86
beneamata напиша:
Од кај заклучи дека бесплатните учебници се успешен проект а исто и намалувањето на партиципацијата на факултетите.
Да се повторам, во пракса немаш ништо од тоа..
Од лично искуство, лани бев 4-та, проектот за бесплатни учебници ми заштеди околу 150 евра, укинувањето на партиципациите во средно ми имаат заштедено околу 50 евра.

И најважното, да не ги намалеа партиципациите на факултетите, сега на медицински факултет ќе плаќав 1300 евра, место сегашните 400 евра.

beneamata напиша:
Брат ми секој час пишува она што ќе му диктираат.
За тоа се криви наставниците.

beneamata напиша:
Економски имаше 50% со 200 евра, 50% со 600 евра, оваа година е 35% со 200 евра, 75% со 400 евра.
Само што оваа година за да надокнадат со пари, примија 1000 души, знам луѓе што со 45 бода влегоа на економски факултет. Ова е исто добро, треба на секого да му се даде шанса да студира.


beneamata напиша:
Другото, видете во пракса како функционира.
А извини, од кај па ти знаеш како функционира во пракса? Него вака испаѓа, само колку да контрираш. Или да погодам, тебе не те фати ниту еден од проективе на владата, па сега криво ти е.

Истото се случи и во една тема за предлогот за безпари автобуски превоз, се појави еден фрустриран охриѓанец мислам беше и одма почна да контрира и да се жали, зошто? Само затоа што него му завршиле студентските години и чим он неможе да искористи, никој не смее. Себични, лејмерски изговори.

Компјутерите во школите се утнат проект, тие пари можеа на реновирање да ги искористат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
- Матурата е непотребно наречен проект. Истото постоеше и порано така да не би го нарекол проект туку враќање на нешто што функционирало -овде не постои проект ниту успех

- Бесплатните учебници се одлична работа кои го ослободуваат буџетот на семејството, посебно ако во него се двајца ученици. Друга работа е што помалиот ми се погоди 3 години по ред немаа бесплатни учебници (немаа никакви до февруари)...што е огромна утка за министерството -да учиш од тетратка - би рекол неуспех

- бесплатен јавен превоз -добра работа (не знам дали беше за сите ученици или делумно) -би рекол успешно делумно-не е за сите

- новите учебници се со измешана и непроверена содржина -неуспех на министерството
- партиципации, факултети, ектс...тоа нека си кажат студентите
- проект 45 тотален неуспех (во каква држава сме со невработени и сиромашни...тие исландски проект 45 :) )
- ако се рачуна задолжително средно како проект -одлична работа
- реновирање на училиштата...каде??? кои??? тоа не е ни проект, тоа е тековно одржување...но и тековно одржување слабо оди во некои школи. Што се научи народов-еден прозор ќе стават и одма го нарекуваат проект.

- требаше да се постави нов стандард на оценување на наставниците од страна на учениците-од тоа изгледа не бидна ништо
Инаку неуспешни проекти и обиди се влечкаат од почетоците на независна Македонија, а за сето ова покрај нашите влади, беа виновни и меѓународните организации (као УСАИД на пример) кои предлагаа несоодветни проекти во Македонија.
На пример не сум знаел дека подобрувањето на оценувањето е веќе "имплементирано"
http://www.pep.org.mk/mk/ocenuvanje/ocenuvanje_index.html
Оваа компонента има за цел да “го унапреди постоечкиот систем на училишно оценување за да се подобри предавањето и учењето и да се допринесе за отимален прогрес на секој ученик”
(Извадок од изјавата на мисијата на компонентата)
Компонентата е имплементирана во соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Реализирани се следните активности:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Постои ли успешен проект во образование од 1990?
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Компјутер за секое дете најголемата грешка на Владата на РМ, како смееа да дадат толку милиони евра за нешто што по 2,3 години не вреди воопшто или има многу мала вредност, за нешто што нема никаква намена, за нешто што професорите не знаат да го употребуваат и слично. Сите останати проекти за мене се успешни, меѓутоа не се успешно спроведени, добра смисла на самите проекти катастрофална реализација, инфраструктурата се подобри што е одлично.
Следен проект мислам дека треба да биде промена на таблите, срамота е со табли со креди да пишуваме, во светот веќе има промена и на белите табли со smartboard, а ние уште со креди и со сунѓери се расправаме.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
У ствари се измешаа проекти со мерки и тековни активности...сето тоа модерно се нарекува проект -менување, казанче, бесплатна слободна за прва година, нова чешма во Злокуќани и така натаму...не се проекти
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Па за народот проекти се менување чешма,менуваше прозор или казанче поради тоа што ретко кога гледаат такво нешто.Не ме интересира која влада е на власт или што направили оваа или предходната,народот сака да гледа дека нешто се прави.Нека не биде проект наречи го како сакаш ама за разлика од времето на комунизмот нешто се мрда.Јас кога учев основно за да стигнеш во веце требаше да рипнеш пола метар дупка за да не пропаднеш на долниот спрат.Сега се прави муабет колку пари се потрошени за ова или за она и дали е многу скап или евтин проект.Порано во времето на БЦ немаше ни проект ни скап ни евтин ни па парите ги имаше.Уствари ги имаше на нивните сметки.Никој не правеше муабет колку пари се потрошиле за изградба на ова,она или колку коштал некој проект и дали на крајот бил успешен или не.Одвреме навреме ќе слушневме ја продале оваа фирма за толку пари онаа за онолку ама тие пари - АШ.....Неможам да кажам кој од овие проекти на оваа влада бил успешен или неуспешен ама глупо е сега да кажуваме парите место за ком. требале да се употребат за друго.Верувам дека сите ние имаме добри идеи и за тие исти пари секој од нас може да им најде крај.Ако не ги дале тие пари за ком. ќе ги дале за реновирање,а во тој случај пак ќе можевме да кажеме требаше за друго да ги потрошат.Се додека ги трошат тие пари во нешто што ќе стигне до народот за мене е успешен проект - за разлика од порано барем има проекти.
 
М

Мартин`

Гостин
У ствари се измешаа проекти со мерки и тековни активности...сето тоа модерно се нарекува проект -менување, казанче, бесплатна слободна за прва година, нова чешма во Злокуќани и така натаму...не се проекти
А зошто ги немаше тие тековни активности во времето на предходната Влада ?

1. Бесплатни учебници, само има мали проблеми кај стручните поради помалиот број ученици.
2. Бесплатен превоз за учениците
3. Реновирање на голем број училишта
4. Намалена партиципација на факултетите
5. Отварање нови факултети
6. Компјутери во училиштата, тоа што училиштата не знаат да ги заштитат е нивни проблем.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Од лично искуство, лани бев 4-та, проектот за бесплатни учебници ми заштеди околу 150 евра, укинувањето на партиципациите во средно ми имаат заштедено околу 50 евра.
Аман бе, јас од Марс сум паднат. Кои се тие 150 евра, кај мене во средно немавме учебник, учевме од скрипти, т.е. 40 страни фотокопирани по предмет ќе ти дојде некои 30 денари. До 150 евра да ти кажувам колку години треба да учам за да стигнеме?
За тоа се криви наставниците.
Не се криви, бидејќи нема учебници. Да ти го цитирам Lurtz: Друга работа е што помалиот ми се погоди 3 години по ред немаа бесплатни учебници (немаа никакви до февруари)
Да не речеш дека јас идам контра, еве ти и од друг тоа што го зборам.
Само што оваа година за да надокнадат со пари, примија 1000 души, знам луѓе што со 45 бода влегоа на економски факултет. Ова е исто добро, треба на секого да му се даде шанса да студира.
На 1 смер(Е-Бизнис) само ја проширија квотата, не знам од кои причини. Иначе јас ти кажав што и како се направи со намалувањето на партиципацијата, а ти ако не сакаш да ја согледаш реалноста тоа е друго.
Да, треба на секого да му се даде шанса да студира, јас сум ЗА тоа. Али владата ја намали партиципацијата(со закон) додека загубата што ја трпат факултетите поради тоа намалување владата не им надокнади туку ги остави сами да се снаоѓаат. Конкретно на твојот(медицински) факултет наместо парите да се искористат за лабаратории и опрема, не знам како ќе се справуваат понатака, останува да видиме
Реално, ние студентите имаме поголеми проблеми од намалувањето на партиципацијата. Знаеш дека плаќаме 750 денари за спротски активности а немаме никакви спортски активности. Плаќаме 500 денари за штети кои никогаш не сме ги направиле и доколку ги направиме пак ќе ги платиш од сопствен џеб? Плаќаме плус 2100 денари за некои си Студентски програми кои што оваа година не ги видовме и ред други работи...
Имаме други проблеми, а "намалувањето" на партиципацијата на мојот конкретно факултет беше уствари само прераспределба а не и намалување.

А извини, од кај па ти знаеш како функционира во пракса? Него вака испаѓа, само колку да контрираш. Или да погодам, тебе не те фати ниту еден од проективе на владата, па сега криво ти е.
Ме фатија, како не. Ме фатија компјутерите, ете, убаво си кажа што требаше да се направи со тие пари, да не зборам каква штета им се нанесе на учениците кои наместо да учат сега седат на компјутерите.
Не ме фати "намалувањето" на партиципацијата, и поубаво да ти кажам, сега ќе плаќав 400 евра наместо 200. Апсурдно, со оглед на тоа што беше НАМАЛУВАЊЕ?
Ме фати матурата, единствен проект кој го поддржав и кој што уствари ми помогна и да се запишам на факултето на кој што сум сега.

@Martin
1. Бесплатни учебници, само има мали проблеми кај стручните поради помалиот број ученици.
Ако не се лажам имав јас бесплатни учебници од една претходна влада во основно, само проблемот е кај нас учениците/студентите што не ги чуваме доволно, истото се случи и со компјутерите.
3. Реновирање на голем број училишта
Кои се тие реновирања, како што кажа и некој претходно, тоа е нормален процес. Се има рок на дотраеност. Пример едно столче ако се скрши во училница одма учениците го плаќаат а тоа столче претходно е амортизирано и треба да се замени, само што кај нас парите одат за други намени.
4. Намалена партиципација на факултетите
Ако не се лажам, партиципациите се намалуваат низ годиниве, еве некој кој дипломирал пред 10 години нека каже со колку евра бил запишан.
5. Отварање нови факултети
Кои факултети? Дисперзираните студии? :pos:
6. Компјутери во училиштата, тоа што училиштата не знаат да ги заштитат е нивни проблем.
Се шалиш за ова.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
На електро ни стигнаа преведени книги по програмските јазици :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom